Божикна софра која зближува

Божикните празници честитани на три јазици, влашки македонски и албански.

 |  Билјана Николоска  | 

Мултиетничкиот проект на НВО „Езерка“, „Пунте“ и „Толеранца“ од Струга „Разликите се наша предност“, се поактуелен . Годинава за прв пат на Божиќна софра сите заедно уште еднаш докажаа дека верата луѓето ги зближува.


Политиката настрана од верата. Ова е пораката на свештеникот и оџата, на денешниот Божиќен ручек, кој се одржа по повод празниците во угостителскиот објект „Св. Ѓорѓија“ во Струга. Овој настан стружани ќе го запаметат и ќе го споменуваат долго, бидејќи ова се случува за прв пат во овој специфичен мултиетнички град. Проблемот на комуникација кој што се наметна во изминатиов период меѓу различната вероисповед, денес не може да се третира како проблем, туку како проект за напредок на меѓурелигиска соработка, рече свештеникот Зоран Попоски. Тој додаде дека треба да ги сочуваме заедничките добра стекнати од пред стотици векови, а во ваквите средби го гледа точно тоа.

Поделбата меѓу младите многу ни пречи и затоа се зафативме континуирано да работиме на здружување на младите како и враќање на довербата меѓу нив, рече Драгица Павлеска Попеска од „Езерка“, од Струга.

„Треба да се почитува првиот елемент на животот, човечката градба“, рече Оџата Мичаиљ Осман, Имам во с. Радолишта, струшко. Тој кажа дека вистинските веници без разлика на која вера припаѓаат се карактеризираат по почитувањето на верата и правење на добри дела.

Покрај организаторите, на овој настан присуствуваа и видни луѓе од Струга, пратеници, доктори и останати претставници од политичкиот и јавниот живот на оваа општина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top