Ефектен завршеток на проектот „Единство во Различноста“

Организирана и изложба со дел од фотографиите кои учествуваа на истоимениот конкурс.

 |  Крсте Голабовски  | 
proekt
проект

proektОфицијално заврши проектот „Единство во Различноста“. Во склоп на овој културен настан кој денес се одржа на струшкото пливалиште, беше организирана изложба со дел од фотографиите кои учествуваа на конкурсот на тема „ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИЧНОСТА“. Воедно, беа доделени наградите на авторите на наградените фотографии, кои како самите кажаа, инспирацијата ја нашле во Струга, соживотот на нејзините граѓани како и нивните секојдневни навики.

Проектот „ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИЧНОСТА“ започна со реализација во октомври 2010 година и траеше шест месеци. Беа одржани 4 меѓуетнички дебати, кои според Катерина Василевска, координатор на проектот предизвикале интерес многу поголем од очекуваниот. Василевска додава дека доколку му оставиме на народот сам да донесува одлуки во врска со соживотот во една етнички разнобојна заедница каква што и е Струга, можеме да очекуваме најдобри резултати.

На денешниот културен настан покрај изложбата, во живо настапија две музички групи, а во текот на следните месеци, истата ќе биде организирана и низ други градови во Македонија. Проектот „Единство во Различноста“ кој е имплементиран од страна на Локалната Агенција за Развој во општина Струга,  финансиски е поддржан од програмата на Обединетите Нации „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници“.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top