Ознака: млади

лого

Продолжува реализацијата на проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“

Post Views: 3 Здружението „Јадрански Слив“ и предавачите продолжуваат со спроведување на Проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“ кој опфаќа едукација на учениците  за рибниот фонд во Охридското Езеро но и едукација за еколошката свест  и заштита. Предавањата продолжуваат во ОУ Братство во Охрид  во среда 26.02.2014 год.  во 12:30 часот. Целта е подигање на свеста на  најмладата популација како идна одбрана од сите можни еколошки предизвици во иднина. {loadposition content9}

Continue reading

opstina ohrid

Инфо средби со млади невработени лица во Општина Охрид

Post Views: 0 Центарот за вработување во четврток, во општинската зграда ќе одржи средби со млади невработени лица. Во насока на зголемување на информираноста на младите лица со можноста за вработување преку Оперативниот план за активни програми и мерки, Центарот за вработување од Охрид  во четврток  (20 февруари) во големата сала при Општина Охрид со почеток во 11 часот, ќе одржи информативни средби со млади невработени лица до 29 години.На средбата ќе бидат промовирани три главни теми: Активни програми и мерки за вработување, мобилна апликација и отворање на инфо клубови. Се апелира...

Continue reading

predavanja

Стартуваше проектот „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро“

Post Views: 11 Мал е бројот на учениците од Охрид и Струга кои знаат какви риби живеат во Охридското Езеро. Се надеваат дека преку проектот „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро“ и предавањата за живиот свет во него, во голема мерка ќе ги зголемат не само нивните знаења за рибниот фонд, туку и знаењата за вредностите на езерото и заштитата на животната средина. „Јас пред да се одржи овој час не бев доволно запознаена со животинскиот свет во Охридското Езеро.Мислам дека со ваквите часови, преадавања лично јас а и останатите ќе се запознаат со убавините на Охрид и животинскиот...

Continue reading

boenje

Креативноста во функција на хуманизмот

Post Views: 3     Волонтерите од Клубот на млади, Клубот на уметници „Арс Вивенди“  како и волонтерите од проектот за хумани вредности, кои функционираат во рамките на О.О на Црвениот крст од Охрид, своите вештини повторно ги ставија во функција на хуманоста. Имено повеќе од триесеттина волонтери деновиве напорно работат во изработка и боење на гипсени фигури, кои овој петок ќе ги продаваат на градскиот плоштад во 14:30, по повод денот на вљубените „Св Валентин“. Средставата кои ќе бидат собрани од продажбата на овие прекрасни и уникатни примероци ќе бидат наменети за купување на...

Continue reading

Nina Balaban

Охридскиот стрелец Нина Балабан избрана за амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година

Post Views: 5 Охриѓанката Нина Балабан која е избрана за млад амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година, од страна на Интернационалниот Олимписки комитет. ИОК синоќа ја објави импресивната листа за 100-те инспиративни млади луѓе кои ќе служат како млади амбасадори на Младинските Олимписки игри во Нанџинг-2014 година, на која сосема заслужено се најде и стрелачката Нина Балабан, од С.К. „Охрид“. Инаку Нина на само еден месец пред почетокот на Европското првенство што треба да се одржи во Москва, се закити со златен медал на меѓународниот Турнир во Врање што...

Continue reading

izlozba

Охрид е расадник на млади уметници

Post Views: 27 Одржана традиционалната изложба  на родокрајните сликари со три деценски континуитет на уметници  кои потекнуваат, работат или сликаат во Охрид. На изложбата се претставени 30 дела на 20  сликари, вели организаторот на изложбата при Центарот за култура академскиот сликар Славко Упевче. „ Можам да кажам дека од година в година има се повеќе учесници на изложбата. Ги покануваме сите кои завршиле соодветно образование, средно уметничко, виша педагошка или Академија на ликовни умтености со цел да се задржи квалитетот на изложбата со оформено образование.“ На изложбата се...

Continue reading

pandelka

Еден нов регистриран случај на ХИВ СИДА во Охрид во пресрет на неделата за борба против сидата

Post Views: 11 194 регистрирани лица заболени од ХИВ СИДА во Република Македонија од почетокот на епидемијата од 1987та година па се до денес.  Од оваа бројка, 143 лица се болни од СИДА, а 51 лице инфицирани од вирусот. Страшните бројки говорат и за 71 починато лице од оваа болест. За жал, само во оваа 2013та година биле регистрирани 25 нови случаи на ХИВ СИДА во државава. „Во Охрид од 1987 година до денес се регистрирани седум лица како СИДА, од кои шест се заболени од СИДА и починати, а во 2013 година, во последниов период имаме регистрирано едно ХИВ позитивно лице, машка личност,...

Continue reading

konferencija

Која сака има можност доживотно да учи

Post Views: 6   Охриѓани заинтересирани за доживотно учење. Денес преставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација на програмите Доживотно учење (Еразмус, Комениус, Грундвиг, Леонардо да Винчи и Студиски посети) и Млади во акција. Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање и размена на успешни приказни. Постојано интересот кај граѓаните за овие програми расте.  Оваа година имаше 240 стипендисти, а од...

Continue reading

crven krst paketi

Доделени дел од хуманитарните пакети собрани за време неделата на гладта

Post Views: 10 150 пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена денес и утре ќе добијат социјално најзагрозените семејства од Охрид. Доделувањето на хуманитарните пакети е завршна активност од акцијата по повод неделата во борба против гладта од 16ти до 22 Октомври. Дел од пакетите денес беа доделени на социјално загрозени граѓани кои се наоѓаат на списокот на Црвениот крст од Охрид. Остатокот од пакетите ќе се додели до крајот на оваа недела. „Овие хуманитарни пакети, дел од хуманитарните пакети ќе бидат донирани во Здружението на лица со пречки во развојот-„Зраци“,...

Continue reading

lideri

Отворена четвртата школа за млади лидери во Охрид

Post Views: 11 Школата за млади лидери, по четврти пат отворена во Охрид. И оваа година, нови 40 студенти ќе ги развиваат своите лидерски вештини во најразлични области. Денес, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на чија иницијатива е создадена оваа школа ја пречека четвртата генерација на студенти која започнува со работа, но и учесници од претходните генерации на Школата за млади лидери. Ова се нивните очекувања и импресии. „Очекувам најпрво да ги проширам своите познавања, теоретски, со искуства од некои експерти во практичен дел. Очекувам да ги прошириме нашите...

Continue reading

Lokalen sovet na Mladi

Општина Охрид формираше „Локален совет на млади“

Post Views: 7 Денеска кога светот го одбележува “Денот на Младите“, во Охрид се формираше локалниот совет на млади при општина Охрид.  Преку ова тело градоначалникот конечно ќе ги слушне проблемите на младите, но и ќе има можност заедно да изнајдат начин за решение за истите. „На овој начин, активно ќе ги вклучиме младите во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа и секако  во процесот со управување со локалната самоуправа“, истакна градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. „Ова тело по теркот на советот на градски татковци ќе има консултативна и советодавна...

Continue reading

крводарителна акција

Охриѓани и гостите даруваа крв, на Плаошник собрани рекордни 154 крвни единици

Post Views: 2 На традиционалната крводарителска акција што се одржа на Плаошник се собрани рекордни 154 крвни единици. Во текот на дводневната акција крв даруваа веќе потврдени крводарители од градот,  но и гости кои летуваат во Охрид. Еден од нив е охриѓанецот Ацо Атанасов  кој 30 години е крводарител. Овој хуман човек досега подарил над  40 пати крв. Атанасов и овој пат не заборави да дојде на Плаошник и да се приклучи на хуманата  крводарителска акција заедно со својата ќерка Славјанка, која чекори по хуманите постапки на татко и. „ На овој ден дарувам и ги поттикнувам  и другите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top