Охриѓани и гостите даруваа крв, на Плаошник собрани рекордни 154 крвни единици

Охриѓани и гостите даруваа крв, на Плаошник собрани  рекордни 154  крвни единици.

 |  Валентина Неловска  | 
крводарителна акција
ктводарителна акција

На традиционалната крводарителска акција што се одржа на Плаошник се собрани рекордни 154 крвни единици. Во текот на дводневната акција крв даруваа веќе потврдени крводарители од градот,  но и гости кои летуваат во Охрид. Еден од нив е охриѓанецот Ацо Атанасов  кој 30 години е крводарител. Овој хуман човек досега подарил над  40 пати крв. Атанасов и овој пат не заборави да дојде на Плаошник и да се приклучи на хуманата  крводарителска акција заедно со својата ќерка Славјанка, која чекори по хуманите постапки на татко и.

крвни едници„ На овој ден дарувам и ги поттикнувам  и другите да даруваат крв. Чувството е прекрасно, а хуманоста нема крај. Јас не само што дарувам крв,  тука сум да им помогнам на моите пријатели од Црвен крст. Години наназад учествувам во подготовката на целата акција.“  

Од општинската организација на Црвен крст се огромно задоволство го истакнуваат фактот што веќе , покрај потврдените крводарители, во акцијата се приклучиле и многу млади луѓе.

 Анета Јованоска ОО Црвен крст нагласува дека „ за среќа има и нови крводарители. Во синоќешната акција крв  даруваа млади луѓе кои веќе еднаш претходно се вклучиле во семејството на крводарители и се одзваа и на ова акација.“

ОО на Црвен крст постојано на локално ниво ги следи потребите од крвни единици, па следната акција  е планирана за  идниот месец. Сите хумани луѓе ќе може да даруваат крв  на крводарителната акција што ќе се реализира на 14 септември по повод светскиот ден на Прва помош во соработка со Локалната самоуправа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top