Post Views: 3
Националната установа градската библиотека „ Григор Прличев“ конечно ќе се прошири во нови простории. Со одлука на владатата, деновиве библитеката ги доби просториите во кои сега е сместен Фестивалот Охридско лето. Со новите 310 метри квадратни и постечките 320 метри квадратни или вкупна површина од 630 м квадратни ќе се задоволат стандардите кои треба да ги има една современа библиотека, информира директорката на оваа институција Александра Белеска. Со ваквото решение библиотеката ќе добие една просторна целина во кој ќе биде сместен библиотечниот фонд од 160.000 единици...
Post Views: 0
Конкретизирани деталите околу изработката и поставувањето на спомен обележјето за Богојавление-Водици. Кумот на оваа манифестација од 2012та година, проф.д-р Ванчо Чифлиганец кој е донатор на споменикот, остварил работна средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на која се разговарало токму за спомен обележјето. Чифлиганец вели дека она што го ветил, за скоро ќе биде и реализирано.
„Беше конкретизирано да го отпочнеме споменичното обележје. Еве утре ќе го добиеме одобрението за градба и фундаментот ќе биде готов за десетина дена. А скулптурата треба да се...
Post Views: 81
Долгогодишната желба на жителите Петрино да добијат улица по сите стандарди, конечно се оствари. Тие навистина се соочуваа со голем проблем бидејќи нивната улица беше речиси неупотреблива за моторните возила, а пешаците со тешкотии се движеа по неа. Денес конечно Петрино беше доасфалтирана. Градоначалникот Никола Бакрачески признава дека рокот за асфалтирање на оваа улица е пробиен поради веќе познатите проблеми кои ги затекнале при раконструкцијата на оваа улица. Но потенцира дека цврсто ќе се држи до принципот, се што ќе се гради, доградува, реконструира и обновува,...
Post Views: 0
Откриени значајни пронајдоци на локалитетот „Рајца-Манастирите“ во Љубанишко поле. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата од Охрид во досегашните истражувања на двете локации од овој локалитет утврдиле повеќе значајни наоди, и тоа делови од градежни структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии од 12 метри должина и 7 метри ширина. Во официјалното соопштение од Завод и музеј стои дека:
„Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска...
Post Views: 0
Дупката која проголта дел од музејот на Корвета во Кентаки стана поголема туристичка атракција од самиот музеј.
До музејот, кој не работи од февруари кога се отвори дупка во внатрешноста, оваа година дошле 59% повеќе туристи во однос на минатата, што ја натерало управата да отори дел од музејот.
“Никогаш не ни паднало на ум дека оваа несреќа ќе донесе пораст на бројот на посетители”, вели Вендел Строд, извршниот директор на музејот.
Геолозите веруваат дека дупката која има 12 метри радиус и е длабока 18 метри, е настаната поради постоење на подземни пештери во тој регион.
Осум...
Post Views: 0
Eкипите на ЈП „ Нискоградба“ не запираат со изведување на градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј.
„Веќе една недела се изведуваат гредажните активности во населбата Радојца Новичиќ, односно на улицата која води до Долно Лакочереј. Се поставува канализациона мрежа во должина од 1300 метри. Со тоа се исполнува ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека конечно оваа приградска населба ќе добие канализациона мрежа за третман на отпадните води. Овој зафат ќе го изведува ЈП Ниско градба со што цениме дека ќе се подобри работата...
Post Views: 13
ЈП „ Галичица“ располага со доволни количини огревно дрво.
Во стовариштето на подружницата на Галичица, Македoнски шуми во моментов има за продажба околу 6000 метри просторно дрво, информираат од јавното претпријатие. Од нив 4500 се бука и 1500 просторни метри даб, напоменува в.директорот на ЈП Галичица, Зоран Неданоски. Тој додава дека од 1 септември интересот на граѓаните за купување на огревно дрво се зголемува.
„ Имаме доволни количини и нема опасност месното население да биде снабдено со огревно дрво. Покрај тоа што имаме доволни количини дрво во стовариштето...
Post Views: 1
“Solar impuls 2” летал два часа и 17 минути над Швајцарија, а се планираат уште неколку пробни летови во наредните месеци. Тој е подобар и поголем од првата верзија кој полета прв пат пред пет години.
Bertrand Piccard и Andre Borschberg, соосновачи на проектот, велат дека авионот на соларен погон теоретски може да остане во воздух неограничено време.
Леталото е наследник на “solar impuls” кој во текот на претходните четири години поставил неколку светски рекорди – прв ноќен лет на соларен авион кој траел 26 часа 10 минути и 19 секунди, потоа прв лет помеѓу континенти...
Post Views: 1
Почна градежната офанзива во Охрид. Ќе се асфалтираат и реконструираат 8 поголеми улици во градот. Асфалтирањето почна од ул Радојца Новичиќ односно оттука почна реализиција на првата фаза од програмата за асфалтирање на градските улици. Градежната машинерија и екипите на градежната компанија Гранит веќе се на терен.
„Прва улица која ќе се асфалтира е Радојца Новичиќ во должина од 1840 метри и вкупна површина од 9200 квадратни метри. Понатаму ќе се асфалтираат улиците Петрино, со вкупна должина од 450 метри и широчина од 4,5 метри оваа улица Радојца Новичиќ е со ширина...
Post Views: 2
Искршена скулптурата јагула поставена на плажата Куба Либре. Оваа скулптура долга 172 метри поставена на овој простор од мај 2011 година е туристичката атракција за градот. Сега глетката оддава тажна слика на еден вандалски чин со кој се покажува негрижата на поединци кон општественото добро. Ваквите вандалски однесувања се се повеќе зачестена општествена појава. На овој потег пред нешто повеќе од еден месец на шетачката патека кон Горица настрада и „Паркот на пријателството“. Тогаш беа искршени поставените мермерни плочи со имињата на збратимените градови со Охрид....
Post Views: 5
Ангел Коруноски од Велес е авторот на делото „Фаќач на крст“. Станува збор за уметникот кој треба да ја изработи скулптурата од бронза, маж кој високо над главата држи свет крст, која треба да биде поставен на просторот помеѓу охридското пристаниште и котвата, поточно на местото од каде капачите тргнуваат по светиот крст за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Оваа одлука ја донесе Одборот за подигање на спомен обележја при Локалната самоуправа Охрид. „Направивме вистински избор, пред нас е еден импозантен автор кој пред се е докажан во земјава“,...
Post Views: 6
Шест делегации од градови пријатели на Охрид засадија дрвца во паркот на пријателството кој денес беше свечено пуштен во употреба. Паркот се протега покрај пешачката патека која води од мостот кон Горица. Идејата за еден ваков симболичен простор е на охридскиот градоначалник Александар Петрески кој го следи примерот на збратимениот град Трогир. Денес, кога Охрид го одбележува Свети Климент големиот хуманист и заштитник на градот, од паркот на пријателството беше испратена една многу значајна порака.„ Oд Свети Климент преку нас до Европа порачуваме дека пријателството,...