Ознака: македонски

krivolak

„Македонски блесок – 10“

Post Views: 2 Од 5-12 април годинава на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ ќе се изведува теренската вежба „Македонски блесок – 10“. За вежбата денеска во Министерството за одбрана ќе информираат командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, директорот на вежбата, портпаролот на ГШ на АРМ, и дел од клучниот персонал од ГШ на АРМ и ЗОК, вклучен во процесот на планирање и подготовка. На „Македонски блесок – 10“ ќе се изврши завршното оценување на средната пешадиска баталјонска група и лесната маневарска...

Continue reading

krste badarovski

Крсте Бадаровски еден од кандидатите за титулата „Пијанист на годината“ во Прага

Post Views: 1 Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски влезе во финалето на натпреварот „Пијанист на годината“, што се одржа во хотелот Босколо во Прага на 30 март 2014 година. Во финалната рунда од натпреварот учествуваа уште 4 други пијанисти од Чешката Република. Крсте Бадаровски го освои четвртото место во финалето. Инаку, Крсте Бадаровски ги започнал своите музички студии во Македонија, а потоа дипломирал на Прашкиот конзерваториум. Живее и работи во Чешката Република, финалист е на повеќе музички натпревари, а воедно и учител по пијано. Секогаш кога имам прилика со многу љубов...

Continue reading

Ќе се реконструира улицата „Македонски Просветители“

Post Views: 1 Општина Охрид во соработка со Министерството за транспорт и врски наскоро започнува со реализација на уште еден важен инфраструктурен проект. Се работи за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек на плоштадот. За таа цел градоначалникот Константин Георгиески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска потпишаа Договор за имплементација на проектот за реконструкција на улицата. Оваа инвестиција ќе се реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” со финансиска...

Continue reading

kandidati

Заклучен избирачкиот список за претседателските избори

Post Views: 0 За изборите за шеф на државата право на глас имаат 1.779.552 избирачи. Од нив 1.707.828 се регистрирани во Македонија, а од дијаспората за гласање се пријавени 8332 лица. Останатите македонски иселеници со право на глас, околу 62 000 бидејќи не пополниле пријава за гласање во странство, се префрлаат во посебен дел од избирачкиот список во Македонија. Најголем дел од иселениците, 5892 ќе гласаат во 7 – та изборна единица во Европа, 1426 во осмата ИЕ Америка и 1014 во деветтата изборна единица во Австралија и Азија. 40 македонски државјани со престој или привремена...

Continue reading

aleksandar makedonski

Продолжува потрагата по гробот на Александар Македонски

Post Views: 41 Хрватскиот истражувач Домагој Николиќ наредните денови во земјава ќе биде дел од  интернационалниот  експертски тим со кој ќе се обиде да ја разреши мистеријата дали гробот на Александар Македонски се наоѓа во Овче Поле. Со ова, за прв пат во Македонија ќе се врши археоакустично и електромагнетно истражување, а се повикуваат и сите заинтересирани лица да дојдат на местото на настанот и да се запознаат со работата и научниците. Нема никакви рестрикции освен тоа дека мобилните на посетителите треба да бидат изгаснати бидејќи би можеле да предизвикаат пречки во работата....

Continue reading

logo

Денес е Летник!!!

Post Views: 20 Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во...

Continue reading

Во охридската поддружница на Македонски шуми има доволно огревно дрво

Post Views: 6 Во охридското стовариште има доволни количини огревно дрво, велат од поддружницата на ЈП „Македонски шуми“. Охриѓани кои зимава ќе се греат на дрва имаат на располагање доволно количини на дабово и буково огревно дрво, информира Нада Митреска директор на ЈП Македонски шуми , поддружница Охрид. „ До почетокот на грејнaта сезона целосно ќе одговориме на нашите обврски кон синдикатите и пензионерите. Има доволно дрва и за нови порачки. Перманентно се носат огревни дрва согласно склучените договори. Дел од населението кое сеуште не одлучило дали ќе користи греење со огрев...

Continue reading

МЛАДИТЕ ЗДРАВИ ДРВЈА ОД „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ” СЕ ПРЕСАДУВААТ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Post Views: 7 Поради градежните зафати поврзани со реконструкцијата на ул. „Македонски Просветители“, здравите млади дрвја од постоечкиот дрворед со јавори се пресадуваат во градскиот парк. Акцијата ја спроведуваат екипи на ЈП „Охридски Комуналец” кои јаворите ги засадуваат на локации каде претходно се отстранети стари и уништени дрвја. Активностите се одвиваат под стручен надзор со строга контрола и внимателност за да се избегне оштетување на виталните делови од јаворите.

Continue reading

promocija

Струга во знакот на „ГОДИНА НА ЕСЕЈОТ“

Post Views: 3 Од денес, па во наредниве три дена, Струга во знакот на „ГОДИНА НА ЕСЕЈОТ“. Оваа реномирана меѓународна литературна манифестација по шести пат се одржува во поетска Струга, а е во организација на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“. Денес потомците на браќата Миладинови, положија букет цвеќе пред бистата, која се наоѓа пред спомен домот на познатите македонски преродбеници, а со тоа и официјално започна Годината на Есејот. Ристе Миладин потомокот на браќата годинава се обрати со нови стихови пред присутните. „Јас како потомок по четвртото колено од родословието...

Continue reading

azilant

Германија, дестинација број еден за македонските азиланти

Post Views: 2 Минатата година безмалку 10 илјади барања за азил од македонски државјани биле поднесени до германските служби. Податоците на Сојузната служба за миграција и бегалци покажуваат дека ако пред две години бројот на македонски азиланти изнесувал 1700 денеска е 5 пати повисок. Вицепретседателот на службата Михаел Гризбек за Дојче Веле, истакнува дека околу 130 илјади барања за азил минатата година пристигнале во Германија. Според него Србија е лидер во регионот по бројот на азиланти, додека Македонија е на 4-та позиција. Од воведувањето на визната либерализација бројот на...

Continue reading

profesor

Средните училишта, подготвени

Post Views: 3 Време е да се размислува за упис во средните училишта. Ако се спореди со минатата година, уписите одат тешко и за некои струки се чуствува недостиг на ученици, отворено коментираат првите луѓе на струшките средношколски центри. Директорот на гимназијата Др „Ибраим Темо“, Урим Крека, вели дека оваа учебна година работат со една албанска паралелка помалку поради помал број пријавени ученици. Додава дека за престојната 2012-2013 година очекуваат поголем прилив на ученици како би се исполнала предвидената бројка. „Според паланот што ние го имаме подготвено и кој е поминат...

Continue reading

Скинат оптички кабел, причина за прекинот на услугите на Македонски телеком

Post Views: 8 Прекинот на услугите во регионот на Охрид и Ресен е решен, информираат од Македонски Телеком, откако поради прекин на оптички кабел, вчера не беа достапни услугите на Македонски Телеком во овој дел од државата. – Проблемот не беше предизвикан од Македонски Телеком, туку беше резултат на оштетување на оптичките кабли при изведување на градежни зафати од страна на приватна фирма. Им се извинуваме на корисниците и им благодариме за разбирањето, информираат од Македонски Телеком.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top