Средните училишта, подготвени

1000 училишни столчина треба да се потполнат во новата учебна година во струшките средношколски центри.

 |  Николоска Биљана  | 
profesor
професор

Време е да се размислува за упис во средните училишта. Ако се спореди со минатата година, уписите одат тешко и за некои струки се чуствува недостиг на ученици, отворено коментираат првите луѓе на струшките средношколски центри. Директорот на гимназијата Др „Ибраим Темо“, Урим Крека, вели дека оваа учебна година работат со една албанска паралелка помалку поради помал број пријавени ученици. Додава дека за престојната 2012-2013 година очекуваат поголем прилив на ученици како би се исполнала предвидената бројка.

gimnazija„Според паланот што ние го имаме подготвено и кој е поминат на наставнички и на училишен одбор се предвидени вкупно 13 паралелки од кои 4 на македонски наставен јазик, 8 на албански и една на турски. Тоа е предвидување и очекуваме дека ќе се исполнат тие предвидени бројки, вели Крека“.

Средното општинско стручно училиште Нико Нестор годинава има предвидено 18 паралелки од кои 10 на албански и 8 на македонски јазик или вкупно 612 ученици. Васил Максимоски директорот на училиштето вели дека во соработка со Локалната самоуправа од Струга протежираат специфичните струки да опстојат и понатаму.

„Кај нас традиционално позната е градежно –геодетската струка, текстилната, хемиската, економската, медицината и во последно време актуелна е електро техничката струка. Сметаме дека со еден ваков однос на паралелки ќе ги прибериме сите деца што завршуваат осмо одделение. Споредено со лани малку тешко одат уписите се чуствува недостаток на дел на ученици за одредени струли помал интерес, тука нормално и гимназијата е во прашање кај што повеќето одат во наводници подобрите ученици“.

ucenici Директорите на гимназиите велат дека се залагаат сите предвидени паралелки да се пополнат. Имале разбирање и толеранција од страна на Локалната самоуправа од Струга и во случај кога има паралелки со минимум 20 ученици. Сепак вратите на струшките средношколски центри се ширум отворени и има место за сите кои сакаат да се запишат. Од страна на МОН, конкурсот веќе е објавен уште на 3 ти април годинава и најдоцна до 27 април треба да биде изложен на видно место во училиштата.
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно во августовскиот рок. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 14 и 15 јуни 2012 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2012  година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top