Ознака: македонски

Јас сум од Титов Велес

Во Њујорк ќе се одржи првиот Македонски филмски фестивал

Post Views: 0 Од 20 до 23 ноември, во киното Вилиџ Ист во Њујорк ќе се одржи првиот Македонски филмски фестивал, во орагнизација на Македонскиот филмски фонд (МФФ) во соработка со Меѓународниот филмски круг. Целта на Македонскиот филмски фестивал, како што соопшти МФФ, е да презентира дел од најдобрите филмски остварувања од Македонија. Некои од режисерите на десетте филма кои ќе се прикажуваат на Македонскиот филмски фестивал ќе присуствуваат и на нивните јавни проекции. На отворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар Митевска. Во наредните...

Continue reading

obzaluvanje na Isus

Осум македонски икони на големата изложба во Лондон „1100 години Византија“

Post Views: 42 Осум македонски икони од Галеријата во Охрид, се изложени на големата изложба „1100 години Византија“, што синоќа свечено беше отворена во Лондон. Изложабата опфаќа околу 350 најразлични експонати, како икони, детали од ѕидно сликарство, мали мозаици, предмети од емајл, злато и сребро, уметнички предмети изработени од слонова коска, како и најразличен накит. Организаторите објаснуваат дека изложбата е своевидна сторија за една империја која се простирала од Константинопол (денешен Истанбул), преку Мала Азија, Светата земја и Блискиот Исток, Северна Африка и Египет,...

Continue reading

Директори од „Маџар Телеком“ поткупувале македонски политичари?

Post Views: 2 Елег  Штрауб  и Андрас Балог  ќе платат парични казни од 250,000 (Штрауб), односно 150,000 долари (Балог) и добија петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави денеска Американската комисија за хартии од вредност, а пренесува НОВА ТВ. Директорите од „Маџар Телеком“ беа обвинети за предводење на тајните договори со премиер и други лица од Македонија со цел да ја спречат конкуренцијата на пазарот, изјави Стефани Авакиан, извршен директор на Одделот за истраги во Комисијата за хартии од вредност. Таа кажа дека во...

Continue reading

Влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест не е постар од 48 часа

Post Views: 0 Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји. Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа. Владата и здравствените...

Continue reading

Две македонски семејства побарале помош во Амбасадата во Киев

Post Views: 3 Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се следи состојбата во Украина и дека нашата Амбасада е во контакт со македонските граѓани кои се наоѓаат во земјата, со цел да им се помогне да ја напуштат. Се разбира, ја следиме состојбата и во поглед на нашите граѓани коишто се таму. Досега имавме неколку апели за да се искористат сите можности преку комерцијални летови да се вратат овде во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата Амбасада. Таму од утринава и денеска имаме неколку граѓани коишто бараат документи за да може да...

Continue reading

ubistva

Медиумите со претпоставки за идентитетот на Ѕверот од Будимпешта

Post Views: 7 Унгарската полиција уапси маж, за кого се сомнева дека живи закопал најмалку шест лица. “Ѕверот од Будимпешта“, како што го нарекуваат медиумите, ги ограбувал своите жртви, а потоа живи ги закопувал на остров на Дунав, во јужно предградие на главниот град на Унгарија. Претпоставките се дека тој имал уште двајца помошници, бездомници, покрај шестмината приведени соучесници. Полицијата во Будимпешта дознала за злосторствата од романски државјанин, кој успеал да преживее, да се откопа самиот, да го совлада кучето оставено да ги чува лешовите, и да побегне. Неговите напаѓачи...

Continue reading

monstrumot

Б92: Монструмот што закопувал живи луѓе во Будимпешта е Македонец

Post Views: 3 Српското министерство за надворешни работи пак, тврди дека лицето кое закопувало живи луѓе во Унгарија е всушност македонски државјанин. Истрагата за монструозниот злочин ја презеде Националното истражно биро, унгарска варијанта на американскиот ФБИ. Весникот „Модјар немзет“ пишува дека полицијата била известена каде се наоѓаат труповите од човек кој успеал да избега. Човекот бил повреден во градите. На осторовот пронајдени се четири безживотни тела, а можно е бројот да биде поголем. {loadposition content9}

Continue reading

Тепачка на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид

Post Views: 0 На 16.02.2022 година во 18.45 часот на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, З.А.(69), Н.Д.(47), З.А.(45) и Е.Д.(47), сите од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

logo

„Македонски пошти“ со нови мопеди и опрема за поштарите

Post Views: 4 Со цел да се подобри квалитетот на услугите и условите за работа АД „Македонска пошта“ набави 120 мопеди со комплетна опрема за пошторазнесувачите. Мопедите се наменети за достава на поштенски пратки, пред с,е во рурални средини со ридско планинска конфигурација на терен и средини со рамничарска конфигурација на терен во кои пошторазнесувачите поминуваат подолги релации. Moпедите се со препознатливата жолта боја на Македонска пошта, со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, кој овозможува пренесување на пратки со максимална тежина до 30 кг....

Continue reading

Кандидатите за пратеници од „Македонски Независни Листи“ започнаа со собирање потписи за учество на претстојните предвремени парламентарни избори

Post Views: 0 Кандидатите за пратеници од „Македонски Независни Листи“ започнаа со собирање потписи за да добијат право за настап на престојните предвремени парламентарни избори.  Граѓаните со својот потпис може да ја поддржат листата во 5тата Изборна единица во која носител е Горан Тасковски, поранешен Aмбасадор на Република Македонија во Турција,  секој ден од 09 до 19 часот, најдоцна до петок 6ти март, во одделението на Државна изборна комисија во зградата на општина Охрид. „Ве покануваме, со вашиот потпис да изразите поддршка за носителот на листата во изборна единица број 5...

Continue reading

Во Куќата на Робевци изложена 3Д макета на античка гробница од македонски тип

Post Views: 1 Од НУ „Завод и музеј Охрид“ информираат дека во музејот Куќата на Робевци е изложена 3Д макета на античка гробница од Македонски тип која е откриена на локалитетот Караѓулевци, веднаш до античкиот театар во Охрид. Макетата е изработена на 3Д печатач од страна на Кирил Денковски, а за ликовното обликување е заслужен Диме Солаковски. На самата локација од гробницата е поставена информативна табла за посетителите, а во рамките на овој проект беше изработена и виртуелна реконструкција на гробницата која е достапна на следниот линк Кратко „time lapse“ видео од теренските...

Continue reading

Изгоре македонски автобус во Германија

Post Views: 7 Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгорел во подметнат пожар во германскиот град Билефелд, објави Експрес.мк. Сопственикот Станко Цонев во изјава за медиумот вели дека се сомнева дека пожарот е подметнат од нелојалната конкуренција од диви таксисти со комбиња од Македонија. Од 18 декември почнавме да сообраќаме два пати неделно од Струмица за Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија. Се сомневам дека ова е одмазда од дивата конкуренција од Македонија, поврзана со корумпирани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top