Ознака: македонски

logo

Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“

Post Views: 2 На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски. Во филмот, кој ќе се снима 40 работни денови, Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови. Филмот е современа траги комедија или црна комедија која во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргинална живеачка во Скопје. Во фокусот е една поранешна музичка панкерска група чии членови добиваат шанси повторно да се соберат. Филмот го следи тој процес на...

Continue reading

hotel

Македонски бизнисмени купуваат

Post Views: 0 Се повеќе македонски бизнисмени се решаваат да инвестираат во соседна Албанија. Најпогодни места за вложување на капиталот се примамливите Драч, Саранда и Валона каде македонски државјани, главно Албанци од Струга, Тетово, Гостивар и Дебар градат станбени згради, отвораат преработувачки капацитети, а особено купуваат деловен простор за отворање на ресторани, кафетерии, пицерии, слаткарници и слично. Стопанската комора на Албанија излезе со слободна проценка дека во последниве пет-шест години во Албанија е инвестиран 800 милиони евра македонски капитал. Оттаму тврдат...

Continue reading

Kongresen centar

42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Post Views: 0 Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска свечено ќе биде отворен 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. На семинарот, што ќе трае до 27-ми овој месец, ќе учествуваат 90 слушатели, странски слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји. На собирот во Охрид ќе присуствуваат и познатите македонисти академиците Ала Шешкен од Русија и Иван Доровски од Чешка,  професорите Кшиштоф...

Continue reading

Todor Petrov

Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес

Post Views: 3 Деветнаесетто Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ќе се одржи денеска во Скопје. Главна тема пред пратениците ќе биде Декларацијата за одбрана на државното име Македонија, формирањето на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија и именувањето на членовите на органите на Движењето. Според најавите на Генералното собрание се очекува присуството и на претставници на македонските организации од соседните земји и на иселениците од Македонија. Претседателите Тодор Петров и Рубин Земон ќе потпишат Договор за соработка меѓу Светскиот...

Continue reading

Gorge Ivanov

Честитка од македонскиот претседател Иванов до Расмусен

Post Views: 6 Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов упати честитка до Андерс Фог Расмусен по повод преземањето на функцијата генерален секретар на НАТО. – Г-дине генерален секретар Република Македонија и нејзините граѓани водејќи се од вредностите на слободата, демократијата и солидарноста, како столбови на кои почива Алијансата, од најраните денови на својата независност за врвен стратешки приоритет во реализацијата на националните интереси го одредија членството во НАТО. Како што веќе знаете во изминатиот период на тој план Република Македонија постигна исклучителен...

Continue reading

lekar

Работа за македонските лекари и сестри во Либија

Post Views: 3 Либија има намера да вработи во државните и приватните клиники 10,000 медицински работници од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Медицинските сестри треба да имаат месечна плата од 500 евра, а лекарите без стаж месечни примања во износ од 900 евра. Висината на платата ќе се утврдува индивидуално и во зависност од стручните квалификации. Кандидатите за работа во либиските болнички установи ќе се избираат на конкурс со посредство на две српски агенции, ангажирани за таа цел од либиските власти. Странските лекари имаат лошо искуство со работа...

Continue reading

46 загинати во македонски автобус кој се превртел и запалил во Бугарија

Post Views: 1 Најмалку 45 лица загинале во сообраќајна несреќа на македонски автобус кој се враќал од Истанбул за Скопје. Според првичните информации, загинале најмалку 46 патници во автобус од Македонија кој сообраќал кон Скопје. Автобусот се запалил и се превртел, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека ова е една од причините зошто луѓето не можат да се спасат. Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кај селото Боснек во делот на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија. Истрагата ја презеде екипа на Националната...

Continue reading

СДСМ Охрид : Проектот за реконструкција на „Македонски Просветители“ беше потпишан од Константин Георгиески

Post Views: 3 Откако Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков најави дека започнува реконструкцијата на булеварот „Македонски Просветители“, од СДСМ Охрид преку соопштение обвинуваат дека овој проект е на претходниот градоначалник, Константин Георгиески. Започна реконструкцијата на улицата “Македонски Просветители”, проект кој беше најавен уште во 2020 год, а договорот за негова реализација официјално беше потпишан на 3-ти септември од градоначалникот Константин Георгиески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Радува фактот што актуелниот градоначалник...

Continue reading

Gorge Ivanov

Македонскиот претседател во посета на Хрватска

Post Views: 1 Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна официјална посета на Хрватска, на покана на хрватскиот претседател Стипе Месиќ. Претседателот Иванов за време на посетата ќе оствари средба и со хрватската премиерка Јадранка Косор, како и со спикерот Лука Бебиќ, јави хрватската агенција Хина. Според агендата, претседателите Иванов и Месиќ денеска ќе учествуваат на хрватско-македонскиот економски форум. Претседателот Иванов, како што пренесува Макфакс, се очекува да оствари средба со претставниците на македонското малцинство во Хрватска. {loadposition...

Continue reading

logo

Помош од USAID за македонските компании

Post Views: 0 Конференција на тема „Пристап до финансирање во време на рецесија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Проектот за конкурентност на УСАИД. Оваа конференција претставува дел од финансиската платформа на Проектот за конкурентност на УСАИД, кој им помага на компаниите успешно да ги задоволат потребите од капитал за развој на бизнисот, и да развиваат инвестициски стратегии за пристап до голем број на финансиски продукти и услуги. Македонските компании треба да инвестираат во нови технологии и подобрени бизнис практики за да се стимулира развојот на компаниите...

Continue reading

Angola

Ангола, неоткриена дестинација за македонскиот бизнис

Post Views: 9 Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи презентација на Ангола како можна нова бизнис дестинација.На презентацијата насловена како „Ангола – неоткриена дестинација за македонскиот бизнис“, бизнисмените ќе имаат можност да се запознаат со анголското стопанство и со можностите за соработка. Промотивниот ден на Ангола, освен во функција на претставување на економските и инвестициските потенцијали, ќе има за цел и подетално да информира за законските, финансиските и административните регулативи за водење бизнис, сервиси и услуги за поддршка на бизнисот.Компаниите...

Continue reading

logo

Македонија со двајца автори на венецијанското биенале

Post Views: 9 Македонскиот павилјон на 53. Биенале во Венеција, на кој ќе се претстават македонските уметници Никола Узуновски и Гоце Наневски, ќе биде отворен денеска. Узуновски ќе се претстави со проектот „Моето сонце“, научно-уметнички проект во кој уметникот создава вештачко сонце. Вториот македонски претставник уметникот Наневски ќе се претстави со инсталацијата „50 или 50“, составена од бројченици од апарати за точење бензин и посветена на можностите за различна интерпретација на течењето на времето. Уметници од целиот свет ќе ги изложат своите дела до 7 јуни, во рамките на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top