Ознака: локална

Косаркоска: Ќе воведеме задолжителни средби на градоначалникот со граѓаните, локална подеднаква за сите

Post Views: 1 Воведениот нов модел на отворена и услужна Локална самоуправа која подеднакво е посветена на сите граѓани е потврда дека Константин Георгиески е човек од народот, кажа на денешната прес конференција проф.д-р Деса Косаркоска, кандидатка за советник од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ. Косаркоска најави дека во иднина планираат Градоначалникот, Советот и општинската администрација да бидат уште подостапни за граѓаните и нивните потреби. Воведуваме задолжителени редовни средби, секоја последна сабота во месецот, помеѓу градоначалникот и граѓаните....

Continue reading

Локална: Ќе ги направиме игралиштата и, за да има кој да игра на нив, ќе ги вратиме младите

Post Views: 4 Ја разбираме Вашата желба (или наредба) да го одвлекувате вниманието на јавноста од разурнувачките процеси кои се во тек во вашата партија, процеси кои се директна послeдица на крадењето, на неодговорното однесување и недомаќинското работење на Вашите првенци, челниците кои сега „храбро“ Ве оставија да ги браните нивните криминали, стои во реакцијата на општина Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. „Ви ветуваме дека тоа нема да Ви помине. Ова е само детски и неодговорен обид за маскирање на она што веќе не може да се крие....

Continue reading

Локална самоуправа: Охридското образование се подобрува без помпа и фалби

Post Views: 2 Во насока на правилно и соодветно информирање на јавноста, должни сме да посочиме на неколку невистини и недоследности искажани на  прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, реагираат од општина Охрид. – ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид веќе подолго време ја замајува јавноста преку банални пресови во кои изнесува многу невистини и изместени ставови. Што се однесува до грижата за образованието во Охрид, воопшто не се точни тврдењата дека локалната и централната власт не водат сметка. Баш напротив, во изминатиов период од кога на локална власт е СДСМ беа зголемени блок дотациите,...

Continue reading

Локална самоуправа: Охрид е повеќе од политика и повеќе од партија

Post Views: 10 Не толку одамна, Вие бевте на власт во Охрид, управувавте со градот и Вие добро знаете како се чисти и одржува истиот, особено во шпицот на сезоната, стои во реакцијата од охридската локална самоуправа на изнесеното на последната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. – Наместо да се препукуваме со голи фрази, за кои и самите добро знаете дека немаат скоро никакво значење, Ви нудиме Вам, но првенствено на граѓаните на Охрид, кои добро знаат како и колку е чист градот неколку фотографии од утрово, па нека проценат самите, а и Вие, дали и колку е чист градот. Состојбата...

Continue reading

Основачко собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт

Post Views: 1 Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа основачкото собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт,на коешто  присуствуваа градоначалниците на Општина Охрид и Општина Дебрца, Јован Стојаноски и  Зоран Ногачески , чинители на јавниот,граѓанскиот,невладиниот и бизнис секторот.На основачкото собрание беа избрани Управниот и Надзорниот Одбор на ЛАГ-от, а за Претдедател на оваа локална акциона група беше избрана Кристина Крлеска Деспотоска. Водејќи се од концептот на кој е заснован Лаг-от, а кој се однесува на развој на руралните заедници преку вклучување...

Continue reading

zname

Жителите на Мислешево спречени во намерата да постават јарбол со државното знаме

Post Views: 0 Се поставува јарбол висок 20 метри со знамето на Р. Македонија во Мислешево, Струшко. Иницијативата е граѓанска, поставуваме државен знаме на приватно земјиште, но струшката Локална самоуправа се обидува да не спречи во намерата, велат мештаните.  Сопственикот на земјиштето Ѓорѓи Трифуноски, кој што приложи имотен лист дека станува збор за приватана сопственост, вели дека знамето на влезот на Мислешево ќе се вее и никој тоа неможе да го оспори. „Дојдоа да ме прашаат соселаните дали може да се постави тука знамето, бидејќи знаат дека местото, нивата е моја. После тоа...

Continue reading

Institut za razvoj na zaednicata

Коалицијата за соживот со предлог-измени на Законот за локална самоуправа

Post Views: 0 Подобри услови за функционирање и работа на комисиите за односи помеѓу заедниците е само една од целите кон која тежнее Коалицијата за соживот. Денес тие беа во Струга во обид да го слушнат мислењето на граѓаните околу предложените измени на Законот за локална самоуправа. Се работи за предлог измени на членовите 41 и 55 од овој закон, а со кои сметаат дека ќе влијаат кон подобрување на самиот закон. „Целта на овој настан организиран од Коалицијата за соживот, коалиција во која има дваесет организации предводени од организацијата Институт за развој на заедницата од Тетово,...

Continue reading

Граѓаните треба да бидат креатори на животот во една локална заедница

Post Views: 2 Граѓаните треба активно да учествуваат во креирањето на политиките на градот. Многу пати од незнаење или недоволен интерес тие не ги бараат своите права и не се охрабруваат јавно да го кажат мислењето за работи кои ги засегаат како жители на една локална заедница. Затоа мисијата на ОБСЕ во Скопје, имплементира кампања за подигање на свеста на тема „Поттикнување на граѓанското учество преку серија регионални дебати и форуми“ која денес се одржа во Охрид. Односот локална власт-граѓани не почнува и завршува на денот на изборите туку треба континуирано да продолжи во текот...

Continue reading

ох

Новата локална власт не се откажува од изработката на Стратегија за развој на туризмот од Свис Контакт

Post Views: 5 За охридскиот туризам изминува уште една година без Стратегија за развој. Локалната самоуправа нема изготвено развојна програма за туризам и за 2018 година. Новата локална власт не се откажува од започнатиот проект и партнер кој доцни со изготвување на документ за развој на туризмот. Стратегијата за развој на туризмот беше најавена како проект пред 2 години, од октомври 2015 и требаше да се изработи до јануари 2016 по методологија на професори-експерти по туризам на универзитетот во Сент Гален  Швајцарија. Целокупниот проект се предвидуваше да заврши за пет години, со...

Continue reading

Стојаноски: Инфраструктурата во градов приоритет на новата Локална

Post Views: 2 Кандидатот за градоначалник од СДСМ Јован Стојаноски на денешната пресс конференција зборуваше за подобрувањето на инфраструктурата во градов.Токму затоа, го санираме и довршуваме колекторскиот систем, затоа што тоа е најголем механизам за заштита на нашето езеро. Поставуваме нова мрежа, но ја санираме и старата која често е причина за поплавени улици и загадување на езерото, рече Стојаноски.За овој значаен проект имаме сигурен и отворен пријател во Владата на Република Македонија која веќе ги направи првите чекори за пронаоѓање на партнери кои би се зафатиле со овој...

Continue reading

Поставена локална сеизмолошка станица во охридското епицентрално подрачје

Post Views: 6 Поставена локална сеизмолошка станица во охридското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ инсталираше опрема непосредно во подрачјето на епицентарот, дирекно од каде што потекнуваат земјотресите. Од опсерваторијата велат дека сеизмичката активност ќе продолжи, но смируваат дека земјотрес со магнитуда од 5 степени каков што беше регистриран вчера, не се очекува.Податоците од таа сеизмолошка станица во реално време се пренесуваат во Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Овие податоци не само што во моментот ќе дадат поточна локација за земјотресите,...

Continue reading

Министерството за локална самоуправа контра Државниот инспекторат за Локална самоуправа

Post Views: 0 Ресорното министерство одлучи контра Државниот инспекторат за локална самоуправа. Падна во вода одлуката со која инспекторатот ги поништи одлуките кои советите на општините ги донесоа по 24 март, а ги прогласија за незаконити поради истекот на мандатот на советитниците. Таквата одлука внесе уште поголем хаос во општините. Струшкиот вршител на должност градоначалник Мустафа Забзун информира дека утрово добиле писмен документ од Министерството за локална самоуправа со кој ги известуваат дека сепак се законски сите донесени одлуки на советот по 24 март. „Добивме официјална...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top