Коалицијата за соживот со предлог-измени на Законот за локална самоуправа

Овие измени кои тие ги предлагаат велат се во насока на подобрување на условите за работа на Комисиите за односи помеѓу заедниците.

 |  Мишел Наумоски  | 
Institut za razvoj na zaednicata
Институт за развој на заедницата

Подобри услови за функционирање и работа на комисиите за односи помеѓу заедниците е само една од целите кон која тежнее Коалицијата за соживот. Денес тие беа во Струга во обид да го слушнат мислењето на граѓаните околу предложените измени на Законот за локална самоуправа. Се работи за предлог измени на членовите 41 и 55 од овој закон, а со кои сметаат дека ќе влијаат кон подобрување на самиот закон.

komisii odnosi so zaednicite„Целта на овој настан организиран од Коалицијата за соживот, коалиција во која има дваесет организации предводени од организацијата Институт за развој на заедницата од Тетово, е да се соберат што е можно повеќе мислења, на што е можно повеќе граѓани односно засегнати групи за предлог измените на Законот за локална самоуправа кои што ние ги изготвивме со кои што целиме кон поактивно вклучување на граѓаните во процесите на носење на одлуки на локално ниво , остварување на институционален дијалог помеѓу различните етнички заедници, исто така на локално ниво како и подобрување на крај на меѓуетничкиот соживот и соработка на локално ниво помеѓу граѓаните.“-вели Дамир Незири, генерален секретар на Институтот за развој на заедницата.

Комисиите за односи помеѓу заедниците се всушност тие кои треба да имаат некаква придобивка од предложените измени, сметаат од Коалицијата за соживот. Тие велат дека токму комисиите се тие кои што треба да придонесат кон подобрување на условите за живот на немнозинските заедници на локално ниво. Во земјава функционираат вкупно 40 комисии за кои Незири смета дека генерално добро работат.

Koalicija za sozivot„Идејата позади Комисиите е одлична и претставува идеја која можеби Македонија би можела да ја извезува во други држави затоа што концептот е многу добар. Еве во моментов Косово многу слични комисии воспоставува, но начинот на кој тие во 2004 беа воспоставени во Законот, на некој начин ја ограничува нивната работа и не им дозволува да си ја вршат работата онака како што се замислени. Има комисии во Република Македонија кои подобро си ја вршат работата, има комисии кои послабо си ја вршат работата, но генерално можат многу повеќе да направат од она што го прават во моментот.“-рече Незири.

Незири ја пофали работата на струшката Комисија за односи помеѓу заедниците. Вели дека досега во неколку наврати оваа комисија успеала да помогне во подобрување на меѓуетничките односи во Струга. Инаку предлог-измените на Законот за локална самоуправа од Коалицијата ќе бидат доставени и до Собранието на Република Македонија каде ќе се одлучува дали ќе бидат прифатени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top