Граѓаните треба да бидат креатори на животот во една локална заедница

Граѓаните треба да бидат креатори на животот во една локална заедница. Кај нас свеста за ова е на многу ниско бидејќи граѓаните се плашат ако го кажат своето мислење дека ќе добијат некаква политичка етикета. Денес мисијата на ОБСЕ во Скопје под слоганот „Ако јас се прашувам“ организира дебата на која требаше да се слушне гласот на охриѓани.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Граѓаните треба активно да учествуваат во креирањето на политиките на градот. Многу пати од незнаење или недоволен интерес тие не ги бараат своите права и не се охрабруваат јавно да го кажат мислењето за работи кои ги засегаат како жители на една локална заедница. Затоа мисијата на ОБСЕ во Скопје, имплементира кампања за подигање на свеста на тема „Поттикнување на граѓанското учество преку серија регионални дебати и форуми“ која денес се одржа во Охрид.

Односот локална власт-граѓани не почнува и завршува на денот на изборите туку треба континуирано да продолжи во текот на сите четири години од управувањето на локалната власт. Ние сакаме да ја пренесеме таа порака и да ги мотивираме граѓаните активно да учествуваат во носењето на локално ниво според одредбите кој законот за локална самоуправа им ги нуди, вели Кристина Јованова-оддел за демократско управување, мисија ОБСЕ- Скопје.

Целта на оваа кампања е да ги поттикне граѓаните и зајакне капацитетите на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и локалните власти да иницираат проактивност и креираат соработка со цел подобрување на севкупните услови за живот во земјава. Истражувањата кои мисијата ОБСЕ ги направила уште во 2015та год покажале дека граѓанскиот сектор многу малку учествува во креирање и донесување одлуки важни за општината во која живее.

Забележавме дека граѓанинот на некој начин се плаши и смета дека кога би се инволвирал тоа би било сватено на некој политички начин со некоја политичка интенција. Свеста дека ние треба да ги поттикнуваме демократските процеси на локално ниво сеуште не е доволно развиена, вели Јованова.

Во рамките на кампањата под слоганот „Ако јас се прашувам“ изминативе денови се организираат локални дебати во шест градови низ државава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top