Post Views: 4
Одржана работна средба на НВО Опција со советниците од општините Охрид и Струга и претставниците од јавните и државните институции кои имаат допирни точки со превенцијата од ХИВ СИДА . Од Опција со видео запис ја презентираа нивната активност и програмите со кои делуваат. Денешната работна тема е „Одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на Програмата за превенција на ХИВ СИДА од Националниот буџет“. Од Опција ја доближија својата мисија до останатите институции.
„Денес ќе се обидеме да допреме и до Локалните самоуправи...
Post Views: 1
Банката ќе се отвори на почетокот на идната година, а ќе биде лоцирана во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. За таа намена Министерството за здравство одвои буџет од околу 5 милиони денари, пишува Вечер.
Како што велат од Министерството за здравство, мајчиното млеко е од непроценлива важност за новородените, а особено за болните и за предвреме родените бебиња, затоа со буџет од околу 5 милиони денари се планира да се реализира овој проект. Тие сметаат дека со отворањето на Банката за донирано мајчино млеко, ќе се спасат животите на многу новороденчиња.
И...
Post Views: 8
Охрискиот тартан им посака добредојде на пионерите и пионерките во атлетика на Државното атлетско првенство. Реновираната атлетска патека како и новонабавените реквизити го направија ова натпреварување достојно дури и за Европските и Светските купови. Од Атлетската федерација на Македонија велат недостасуваат уште само неколку сегменти за охридската атлетска патека да стане едно вистинско атлетско борилиште. Овој атлетски натпревар велат е само дел од она што следува во иднина.
„Согласно календарот на АФМ се одржа поединечно првенство, државно за пионери и пионерки...
Post Views: 7
Охриѓани кои сакаат лични промени имаат можност да научат како да го постигнат тоа. На дводневен настан на кој ќе се одржува работилница и семинар дел од проектот Отвори врата ќе се споделуваат техники како да го подобрат својот живот. Тренерите за животни промени Ристана Николоска, Надица Исаиловиќ и Елизабета Гошева ќе ги споделуваат долгогодишните стекнати знаења и искуствата за емоционално енергетско и духовно прочистување. Целта е да ги поттикнеме луѓето да створат позитивна енергија, а нивно хоби да биде работата на себе, вели Ристана Николоска тренер за животни...
Post Views: 1
Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата помеѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ на денешната седница на градскиот совет. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков рече дека постапките за јавни претпријатија се регулирани со Законот. Управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ е невозможно да интервенира и да врши своеволно измени во статутот, додава тој. Координаторот на советниците од СДСМ, Константин Георгиевски, пак појасни дека се менуваат...
Post Views: 4
Струшките земјоделци на истекот на оваа календарска година ја дочекаа програмата за рурален развој за 2012. Станува збор на популарната програма „педесет проценти“, вели Слаѓана Калајџиеска Бебекоска, од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Струга. Таа појасни дека програмата се однесува на набавка на земјоделска механизација.
„Набавка на трактори и друга опрема во земјоделството, за која што најпрво земјоделците конкурираат односно бараат да им биде одобрена набавка, а ако склучат договор после тоа добиваат 50% од инвестираните средства“-вели Бебекоска.
Интересот...
Post Views: 0
Расте бројот на жртвите на семејно насилство. Месечно од Струга за помош се јавуваат по 4 жртви на СОС линијата 15 700, додека пак многу поголем број на пријави на СОС линијата дури 480 се однесуваат за насилство на работното место и непочитување на човековите права, вели претседателот на „Езерка“, Драгица Павлеска Попеска. Таа додава дека од ден на ден расте бројот на жртвите кои се охрабруваат и зборуваат за насилството што го трпат и тоа најчесто жените и постари лица.
„Имаме доста пријави на семејното насилство и граѓаните веруваат во невладиниот сектор. Но наше...
Post Views: 1
Партијата Демократски сили на Ромите, огранок Охрид по повод 8-ми Април Светскиот ден на Ромите и Државен празник во Република Македонија, на сите Роми им го честита празникот со желба за побрза интеграција во општествениот систем, подигнување на образовната и културна свест, намалување на сиромаштијата и севкупниот просперитет на Ромите во Р.Македонија. КРАТОК ИСТОРИЈАТ ЗА РОМИТЕ Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивнито број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите...
Post Views: 2
Расте бројот на деца кои имаат говорен јазичен проблем, а недостасуваат логопеди во општина Охрид. Зорица Шикоска која работи како логопед во детскта градинка „Јасна Ристеска“, укажува дека било какво отстапување од некоја просечна рамка на појавување на говор може да претставува причина, родителот да се советува со логопед.
„Јас сум логопед во оваа градинка и го пратам говорниот развој на дечињата од 0 до 6 годишна возраст. Најголем акцент ставам на дечињата од 4 до 6 годишна возраст, поточно на средните и големите групи бидејќи тие деца ги подготвуваме за во училиште“
Шикоска...
Post Views: 12
Денес, 7 април 2014 година, во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-10“.
На чинот на свеченото отварање присуствуваа Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски. На отварањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата бригадниот генерал Мухамет Рацај истакна дека претстојната вежба претставува одлична можност за изведување на колективна обука на единиците како форма за усвојување на НАТО...
Post Views: 1
После 30 години се отвора поле за истражување на т.н. локалитет „Црквени ливади“, во струшкото село Враништа. Експертите по археологија очекуваат дека тука лежат клучните информации за конечно решавање на кубикацијата на античкиот Мегалополис за кој досега се сметаше дека е во Враништа, но неговата позиција била нејасна. Директорот на НУ Музеј Др Никола Незлобински, Сашо Цветкоски, рече дека во моментов на локалитетот Црквени ливади се изведуваат контролни истражувања каде во седумдесетите години веќе била завршена археолошка кампања и биле пронајдени одредени предмети,...
Post Views: 0
Студентот од втора година на електротехника и електроника на Интернационалниот универзитет во Сараево, Ермин Подруг, дошол на идеја да направи џоистик кој ги отчитува сигналите кои мозокот ги испраќа до мускулите, кој пак ги обработува и ги праќа на микроконтролер, а понатаму ги процесира и проследува како команди до компјутерот, роботот или градежна машина и слично.
Тој тврди дека верзија од овој џоистик би требало да биде готова за два месеци и дека џоистикот ќе има облик на ракавица со додатни команди на врвовите од прстите.
Овој изум на Ермин, пишува Al Jazeera,...