Ознака: кои

volonter

Охриѓани најмногу донираат финансиски средства и храна

Post Views: 4 Иако според Светскиот индекс на донирање, Македонија многу ниско котира, тоа дефинитивно не е случај со Охрид. Доказ за тоа е успешно спроведената Недела на солидарноста, од страна на младите волонтери од Општинската организација на црвениот Крст од Охрид. Марија и Ангела се само мал дел од триесеттината волонтери од Клубот на млади при О.О. на Црвениот крст  од  Охрид, кои ја спроведуваат Неделата на солидарноста. Обележени со обележја на Црвениот крст  и наоружани со промотивни материјали, добра воља и голема желба да помогнат кога е најпотребно, тие од врата до врата...

Continue reading

bale

ХПВ вакцината сеуште баук

Post Views: 8  Општина Охрид има висок процент имунизација кој се движи над 98 проценти. За некои вакцини покриеноста е целосна. Задолжителни вакцини кои децата ги добиваат од раѓањето па се до навршување на полнолетство има 9. За некои родители вакцините одамна не се баук. Тие најчесто ги прифиќаат и редовно ги вакцинираат децата со задолжителните вакцини. Досега нема казни за родители кои одбивале да ги вакцинираат децата. Санкциите не се наш приоритет туку заштитата од болести, вели д-р Катерина Димитрова, началник на Општа болница. Во моментов тоа не е случај и со родителите кои...

Continue reading

Jove kekenovski

Македонски експерти ќе го креираат високото образование во Црна Гора

Post Views: 4 Проф. д-р Јове Кекеноски од Факултетот за туризам и угостителство, познат аналитичар, ќе биде  дел од тимот кој ќе го креира високото образование во Црна Гора. Тој неодамна беше избран од црногорското министерство за образование и спорт да биде дел од листата на експерти за акредитација на високото образование и студиски програми во Црна Гора. „Ова е несекојдневен начин на собирање на туѓо меѓународно искуство каде сите ние кои сме избрани на таа листа на експерти ќе се обидеме нашето искуство да го импементираме во нивната пракса при отворањето на нови високообразовни...

Continue reading

kating film do balca

Охриѓани на кастинг

Post Views: 13 Во почетокот на мај ќе започнат интензивните подготовки за снимање на дел од македонскиот игран филм „До балчак“, или со работен поднаслов „Приказна за Дивиот Исток“ во режија на Столе Попов, а според сценарио на Академик Горан Стефановски. По кастингот во Битола, денеска се бараа статисти и меѓу охриѓани, за сцените кои ќе се снимаат во Св. Наум.  Кастингот во Охрид е само еден ден, во споредба со Битола каде статисти се избираа 8 дена, затоа што таму ќе се снима најголемиот дел од филмот или околу 70 %.  Делови од филмот ќе се снимаат и во Св. Николе, Овче Поле, и...

Continue reading

ohridski sovet

Седници на мускули

Post Views: 1 После долга и напорна седница, најдобар одмор за сивите мозочни келии е топол туш и кревет. Охридските советници добро се држат на седниците, иако во последно време не ретко се случува да заглават до доцните ноќни саати. Народот вели кога се мора ништо не е тешко, но дали навистина е така. Дел од советниците не кријат и пред камерата на ТВМ признаа, дека долгите седници на Советот се напорни, излегуваат од контекст и не ретко се случува нивната концентрација да е на минимум. „Се губи голема кинцентрација при вака долги седници и неможиш да бидеш концентриран и целосно...

Continue reading

skopje remix

„Скопје ремикс“-девет филмови една целина

Post Views: 2 Секој мозаик има повеќе мали составни делчиња кои ја даваат целата слика. Така и „Скопје ремикс“ филмот за културниот ритам на градот под Калето преку девет кратки филма се обидува да го дофати духот на една генерација. „Скопје ремикс“ е сложувалка на чие составување во изминативе две и пол години работеа десет млади македонски режисери меѓу кои Борјан Зафировски, Дарјан Пејовски, Огнен Димитровски Срѓан Јанакиевиќ, Ѓорѓе Ставрески, Саша Станишиќ, Јане Алтипармаков, Вардан Тозија, Бојан Трифуновски и Синиша Ефтимов. Водечка сила на филмот е музиката, музиката создавана...

Continue reading

logo

ОСУ „Ванчо Питошески“ подготвено за своите идни ученици

Post Views: 4 Осмооделенците Бојан Робески и Ристески Дарко, се можеби идните средношколци кои своето образование ќе го продолжат во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“. И двајцата задоволни од условите кои се нудат во ова училиште, а со кои се запознаа на денешната презентација организирана за сите осмооделенци во просториите на самото средно стручно училиште. „Ова е прво училиште кое ние сме го посетиле, досега доаѓаа презентери од другите средни училишта од градов и ни презентираа. Внимание ми привлекоа практичните настави, бидејќи јас го обожавам готварството, мислам...

Continue reading

maticen kancelarija

Матичен лекар кога ќе ти притреба

Post Views: 14 Или двосменско работење или работење во различни смени со замената. Од сега вака би требало да функционира примарната здравствена заштита во градов, но и во земјава. На овој начин Фондот за здравство се обидува да обезбеди континуирана здравствена заштита за пациентите. Ова особено добро ќе им помогне на интернистите при Општата болница во Охрид кои велат дека имаат прекумерна работа, но и дека непотребно трошат скапоцени ресурси. Причина: Голем дел од пациентите кои доаѓаат кај нив всушност требало да отидат кај својот матичен. „Тоа ќе биде задача на Фондот да ги стави...

Continue reading

konak

Опасен конак

Post Views: 1 Опасност ги демне учениците и минувачите кои влегуваат низ портата на црквата Света Богородица Перивлепта. Западната страна од ѕидот на конакот кој се наоѓа во дворот на црквата за 40сетина сантиметри е поместена од лежиштето, а на самиот ѕид има голема пукнатина. Секој момент истиот може да се сруши. Благоја Чочегов, жител од овој дел на градот вели дека тука секојдневно поминуваат голем дел од учениците кои учат во Основното училиште Св. Климент Охридски, а и туристите кои ја посетуваат црквата многупати се потпираат на опасниот ѕид без да знаат што може да им се случи. Чочегов...

Continue reading

opstina Ohrid

Локалната реагира дека притисоците продолжуваат

Post Views: 1 Продолжува  притисокот врз Локалната самоуправа со постојано и временски темпирано, поднесување на кривични пријави. Одговорно тврдиме, како и мпогупати досега, дека и најновата кривична пријава против раководители и вработени во Локалната самоуправа  е неоснована и дека тоа ќе го потврди и судот. Знаеме дека секој може да поднесе кривична пријава , но таа треба да биде основана и да ја потврди судот, зошто и оние кои поднесуваат треба да знаат дека можат да добијат кривична пријава за лажно пријавување. Затоа, прашуваме, кој е одговорен за тоа што од досега поднесените...

Continue reading

logo

13 кривични, оштетена Општина Охрид

Post Views: 0 Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 13 лица, за повеќе сторени кривични дела, со кои, оштетена е општината Охрид. Пријавата е поднесена против З.Ш.(46) и Е.С.(57) раководители на оделенијата за сообраќај и за комунални дејности во локалната самоуправа,  групацијата „Денесовски“ и нејзиниот раководител С.Д.(45), како и против вработените во локалната самоуправа: И.Б.(38) претседател на тендерска комисија, Р.К.(56) и С.Н.(61) членови на тендерска комисија, К.Т.(30) и М.К.(34)  членови на надзорен орган,...

Continue reading

profesori SAD

ФТУ со американски искуства до подобри предавања

Post Views: 12 Културниот диверзитет, различните народи и култури од големо значење за развојот на туризмот и угостителството. Ова е хајлајтот од четиридневниот семинар на кој учествуваа професори од Факултетот за туризам и угостителство и претставниците од Комјунити колеџите од САД. Целта е да се разменат искуства и во теоретските знаења, но посебно во практичното работење на наставниот кадар.„Тие добиваат знаења за начинот на пренос на знаењата во САД, пренос на практичниот начин на работење она што ние се обидуваме да го воведуваме што повеќе во нашите предавања. Контакт со нашите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top