13 кривични, оштетена Општина Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 13 лица, за повеќе сторени кривични дела, со кои, оштетена е општината Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 13 лица, за повеќе сторени кривични дела, со кои, оштетена е општината Охрид.

Пријавата е поднесена против З.Ш.(46) и Е.С.(57) раководители на оделенијата за сообраќај и за комунални дејности во локалната самоуправа,  групацијата „Денесовски“ и нејзиниот раководител С.Д.(45), како и против вработените во локалната самоуправа: И.Б.(38) претседател на тендерска комисија, Р.К.(56) и С.Н.(61) членови на тендерска комисија, К.Т.(30) и М.К.(34)  членови на надзорен орган, С.Д.(50) комунален инспектор, Т.Н.(49) лице за надзор, Т.З.(46) и Б.М.(63)  референти за сообраќај и улици, сите од Охрид. Кривичната пријава е поднесена поради основи на сомнение за сторени кривични  дела: „Злоупотреба на службена положба и овластување“ „Фалсификување или уништување деловни книги“ „Соизвршителство“ „Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „Несовесно работење во службата“.
По овие основи, пријавените-вработени во локалната самоуправа, во текот на 2008, 2009 и 2010 година, со умисла, со искористување и неизвршување на службената должност, и, со пропуштање на должен надзор, на пријавениот С.Д. и неговото трговско друштво за градежништво-групација „Денесовски“, им овозможиле стекнување со против-правна имотна корист од вкупно 4.937.032 денари, а на штета на буџетот на општината Охрид.
Тоа, го направиле, одкако, по веќе објавени јавни повици-тендери, за потребите на општината Охрид и селото Пештани, за поплочување на тротоари и пешачки патеки, му дозволиле, да изведува работи, спротивно на договори и вон тендерска постапка, како и да испоставува фиктивни фактури, а потоа и да ги наплаќа од општината. Раководителите на оделенијата за сообраќај и за комунални дејности, ги потпишувале, и, со службен печат, ги заверувале фиктивните фактури, кои до нив ги испорачувал пријавениот С.Д. иако знаеле или морале да знаат, дека тие содржат невистинити податоци, а дел од нив, се однесуваат за веќе еднаш изведени градежни работи за поплочување на тротоари и пешачки патеки од други субјекти, и дека дел од тротоарите и пешачките патеки, веќе биле завршени и поплочени со бекатон плочки. Пријавените членови на комисијата за јавни набавки, спротивно на законот, на пријавената „групација Денесоски“ и нејзиниот раководител С.Д. им овозможиле добивање на тендер а пријавените членови на надзорниот орган, со пропуштање на  должен надзор, свесно се подпишале на градежните ситуации, без постоење и надзор во градежен дневник, во кој, пријавениот С.Д. внел невистинити податоци. Пријавениот комунален инспектор и референтите за сообраќај и улици, свесно му дозволиле на С.Д. да одстапи од предвидените договори, и да изврши поплочување на тротоари со бекатон со поинакви карактеристики, кои се поевтини за најмалку една третина, од, предвидениот бекатон во боја, како и да го надмине договорениот буџет  за изведување на градежните работи.
Така, во 2010 година, раководителите З.Ш. и Е.С. на пријавениот С.Д. му дозволиле да биде избран и да изврши поплочување на тротоарите на улицата  „Марко Нестороски„ во Охрид, кои , од друга компанија, биле поплочени во 2007 година. За истата улица, во 2008 година, иако не била дел од тендерската документација и склучени договори, за наводно поплочување на 690 метри квадратни, од страна на пријавеното трговско друштво групација „Денесовски„ и нејзиниот раководител, пријавениот С.Д. , биле испоставени фактури во вкупна вредност од 528.828 денари.

Истата групација, во 2010 година, од страна на пријавените раководители од локалната самоуправа, добила дозвола за поставување на вкупно 1430 метри квадратни  црвени бекатон плочки на улицата „Даме Груев“ и истите да ги фактурира по цена од 800 денари за метар квадратен, што било спротивно на тендерскиот договор, според кој, тротоарите, требало да се поплочат со бекатон плочки во натур сива боја по цена од 480 денари. Со тоа, на пријавениот С.Д. и неговата групација за градежништво, им овозможиле да се стекнат со против-правна имотна корист од 457.600 денари. Пријавениот С.Д. во текот на 2009 и 2010 година, во четири деловни книги-фактури, испоставени од неговата групација за градежништво, до општината Охрид, внел невистинити податоци и со свој потпис и печат, ги заверил и изготвил, како да биле изведени градежни работи, иако истите, никогаш не биле извршени.
По тој основ, со исплата на средства од локалната самоуправа, по наведените фактури, С.Д. остварил против-правна имотна корист од 745.393 денари а на штета на буџетот на општината Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top