Post Views: 3
Во Црвениот крст во Охрид волонтираат луѓе од 7 до 77 години. Нивниот ангажаман е несебично и доброволно да помагаат на ранливите категории на луѓе без притоа да остварат материјална корист. Волонтерите од охридската организација на Цревениот Крст, денес, на одбележувањето на светскиот ден на волонтеризмот 5 ти декември добија високо признание за особени заслуги во спровдувањето на волонтерските практики. Првиот човек на Црвениот крст од Охрид Сашо Точков, потенцира дека признанието е сосема заслужено бидејќи успеале да анимираат голем број волонтери кои се вклучени...
Post Views: 9
За да бидам вредна, весела и здрава секој ден јадам здрава храна. Преку игра, песна до здрава храна во градинката „Јасна Ристеска“. Денес во објектот „Лихнида“, нутриционистот Весна Пирузева Петреска, одржа презентација за важноста на здрвата храна, со цел да се подигне свеста кај децата. Децата наброија неколку видови овошје за кои сметаат дека спаѓаат во здрава храна. Горазд рече дека јаде мед и ореви, Сара сака да јаде морковчиња, а Елена секое утро пие чај со мед.
Децата се учат уште од мали нозе на здрав начин на исхрана, вели нутриционистот Весна Пирузева Петроска....
Post Views: 7
Голф во лето, скијање во зима, релаксирање во спа центрите во сите годишни времиња. Единствена можност која Ви ја нуди групацијата „Бугарија Холидејс“.
Луксузот кој го нудат хотелите на „Бугарија Холидејс“ – „Катарино спа“, „Разлог“ и мега ресортот „Пирин голф и кантри клуб“, содржи спа центри, отворени и затворени базени со термална вода, лакониум, фитнес сала, тениски игралишта, голф терени, куглање, билијард и уште многу други анимации за гостите. За љубителите на зимските спортови на располагање им е модерна ски опрема и 70 км. скијачки патеки, до кои брзо...
Post Views: 5
Локалната самоуправа со реакција на пресот на СДСМ околу изборот на нов директор на охридската гимназија. Од локалната велат дека градоначалникот ја поништил постапката бидејќи не биле испочитувани законските прописи.
Во нивната реакција стои: „Очигледно е дека СДСМ нема ниту намера, а ниту цел да го прифати работење на Општина Охрид и градоначалникот Бакрачески согласно законите и во краен случај, согласно нормалните процедури за работа на менаџер кој треба да раководи со образовна институција каква што е ОСУ”Св.Климент Охридски”. Нивната партиско-политичка...
Post Views: 2
Неколку минути по полетувањето, двомоторниот авион полн со падобранци, се срушил и се запалил во овоштарник во селото Topolow во Полска. При тоа загинале 11 лица, а едно е повредено и се наоѓа во болница, јавува Guardian.
Портпаролот на противпожарната служба Pawel Fratczak, потврдил дека на земја никој не е повреден. Тој додава дека пожарникарите при доаѓањето на лице место пронашле две лица мртви и едно повредено. Од брзата помош, кои исто така биле набрзо на местото на падот на авионот, во трупот од авионот пронашле деветмина мртви.
Авионот е во сопственост на приватно...
Post Views: 4
Охридската СДСМ со обвинувања до градоначалникот Никола Бакрачески дека го довел во прашање угледот на гимназијата „Свети Климент Охридски“ со поништувањето на изборот за директор. Од СДСМ велат дека ваквата одлука одговарала на репресивниот стил на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески рече дека постапката за избор на директор на гимназијата од страна на училишниот одбор била легитимна и дека поради тоа, Бакрачески треба да одговори на нивните прашања.
„Како ќе ја смените волјата на членовите на училишниот одбор,...
Post Views: 8
Сосема ниските чевли, сандали, популарни како балетанки, колку и да се примамливи не се корисни за женското здравје. Чевлите кои се без потпетица ги оптоваруваат колената, бедрата и грбот. Се почесто жените се жалат на болки во стапалата. Затоа и британското здружение на ортопеди направи ново предупредување. Целосно ниските чевли, како на пример мокасините, еспадрилите, балетанките или сандалите, може сериозно да им наштетат на нозете.Тие не нудат соодветна подлога и затоа при движење, стапалата ја носат целата тежина, предупредува Лорен Џонс од здружението на ортопеди....
Post Views: 6
Институциите почнуваат полека да учат дека ние постоиме во оваа држава, вели Снежана Танеска од Здружението со телесно инвалидизираните лица Мобилност од Охрид. Требаше да поминат две години по ратификацијата на Конвецијата за правата на лицата со инвалидитет за работите да почнат да се менуваат. Танеска напоменува дека тие се свесни дека промените нема да се случат преку ноќ. Додава дека тие треба да се изборат за промените во свеста кај останатите граѓани за да сфатат кои се нивните потреби.„ Досега бевме маргинилизирани, туркани настрана и не не погледнуваа. Сега...
Post Views: 7
Две илјади единки помладок на речна пастрмка запливаа во струшката река Црн Дрим. Со тоа е остварен годишниот план за за порибување во 2013 година велат од одделението за рибарство и аквакултура при Државниот инспекторат за сточарство. Државниот инспектор Јован Бојчовски со апел до риболовците.
„Апелирам до сите риболовци од Струга и населените места кои гравитираат на реката Црн Дрим да вложат максимални напори помладокот со кои е порибена реката да соодветно го заштитиме со цел оваа вода да постане атрактивно место за вршење риболов во наредниот период“ – изјави...
Post Views: 14
Револтирани родители на средношколци се жалат од начинот на кој се спроведува бесплатниот превоз за учениците. Велат дека на почетокот од учебната година важеле едни правила, а од пред некоја недела, сосема други. Еден родител кој сакаше да остане анонимен се пожали до Телевизија ТВМ, дека учениците мора да користат точно определени термини за да одат и за да се враќаат од училиште и тоа по еден термин претпладне и еден попладне. Доколку од објективни причини имаат помалку од предвидените часови, тогаш се соочени со изборот или да чекаат на минусни температури, или...
Post Views: 0
Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона, вели Градоначалникот Никола Бакрачески. Тој бара компанијата да и биде дадена на општината доколку и по третпат не се најде инвеститор што ќе го купи АД ЕМО. Се планира фабриката по погони или парцели да се издава на потенцијални инвеститори. Ваквата идеја ќе биде доставена до Владата, рече Бакрачески.
– Во постојана комуникација сме со Владата на Република Македонија која подготвува трет тендер за продажба на ЕМО односно за влегување на странски инвеститор во ЕМО. Има потенцијални инвеститори од областа...
Post Views: 3
Охрид има Студенски дом со услови како ретко кој друг град во државава. Во моментов се сместени вкупно 190 студенти, со што се исполнети 80% од капацитетот на домот. Тие имаат бесплатна интернерт конекција, 3 топли оброци со мени во чија што креација учествуваат и тие, греење и посебно бања за секоја соба. Пред повеќе од една година домот претрпе голема штета во висина од 5 милиони денари, поради пожарот кој што избувна во котларата. Но директорот Марјан Ристески вели дека денес тоа е само лоша слика од минатото.
„Се направи голема реконструкција на котларата, се вложија...