Мокасините опасни за женските нозе

Сите жени кои некогаш носеле високи потпетици знаат дека нив ги измислил некој мазохист, но еве ортопедите „откриле“ дека и сосем ниските чевли не се баш невини. Следно: или да одиме боси или да ни пораснат крила па да летаме.

 |  Маја Савиќ  | 
flat shoes
рамни обувки

Сосема ниските чевли, сандали, популарни како балетанки, колку и да се примамливи не се корисни за женското здравје. Чевлите кои се без потпетица ги оптоваруваат колената, бедрата и грбот. Се почесто жените се жалат на болки во стапалата. Затоа и британското здружение на ортопеди направи ново предупредување.
flat shoes
Целосно ниските чевли, како на пример мокасините, еспадрилите, балетанките или сандалите, може сериозно да им наштетат на нозете.
Тие не нудат соодветна подлога и затоа при движење, стапалата ја носат целата тежина, предупредува Лорен Џонс од здружението на ортопеди. Како последици од постојано носење на ниски чевли  можат да се јават артритис, болки во мускулите, адхезија на ноктите и жуљеви.

Затоа мокасините треба да се носат што е можно пократко време и во никој случај на долги прошетки. Пожелно е да се избираат квалитетни чевли со минимална потпетица и повеќе материјал (ѓон) од страна за да се обезбеди стабилност на стапала, советуваат експертите.
Bruni, holmes, jolie

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top