• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Поништувањето на изборот за директор на гимназија-крајно недемократски чин-обвинија од СДСМ

Поништувањето на изборот за директор на гимназија-крајно недемократски чин-обвинија од СДСМ

Општинската организација на СДСМ го обвини градоначалникот Бакрачески за поигрување со угледот на охридската гимназија.

 |  Мишел Наумоски  | 
sdsm
сдсм

 Охридската СДСМ со обвинувања до градоначалникот Никола Бакрачески дека го довел во прашање угледот на гимназијата „Свети Климент Охридски“ со поништувањето на изборот за директор. Од СДСМ велат дека ваквата одлука одговарала на репресивниот стил на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески рече дека постапката за избор на директор на гимназијата од страна на училишниот одбор била легитимна и дека поради тоа, Бакрачески треба да одговори на нивните прашања.

portparol SDSM„Како ќе ја смените волјата на членовите на училишниот одбор, кој веќе јасно ставија до знаење дека г-динот Јамандиев со 9:1 е најпосакувана личност за директор од пријавените 3-ца? Г-дине Бакрачески, кој има ќар од ваквата ваша одлука: двајца, тројца или 5 ваши налогодавци? Дали со ваквата ваша одлука ја покажувате својата немоќ да донесете вистинска одлука ако таа не му се допаѓа на вашиот шеф од општинскиот комитетот на ДПМНЕ? Дали ако не се промени волјата на училишниот одбор, вие со репресивни мерки ќе ги смените нив со други членови?“-вели портпаролот на општинската организација на СДСМ од Охрид, Александар Кузески.

Кузески се осврна и на договорите за вработување на шеесетината наставници кои според СДСМ биле вработени на нетранспарентен начин.

gimnazija„Договорите на шеесетината наставници кои ДПМНЕ на најнетранспарентен начин на 2-ри септември ги вработи во охридските училишта им се завршени. Училиштата сеуште немаат добиено согласности од Министерство за Образование и Наука за објавување оглас за вработување наставници. По кој правен основ наставниците кои на 2-ри септември станаа дел од воспитно образовниот процес се сеуште дел од истиот? Зошто не се почитува законската процедура, да се истакне јавен оглас за избор на наставен кадар? Срамно е и жално, локалната власт предводена од ДПМНЕ уште еднаш како на 2-ри септември да си поигра со чувствата на децата и нивните родители, тогаш отстранувајќи ги од работа дотогашните нивни наставници а сега оставајќи ги да им предаваат наставници  кои по истекувањето на  договорот не смеат да се дел од воспитно образовниот процес.“-рече Кузески.

Од СДСМ ги повикаа државниот просветен инспекторат и трудовиот инспекторат да ја проверат фактичката состојба со вработувањата во училиштата и да донесат решенија како што наложува законот. Инаку Кузески се осврна и на неодамнешното санирање на мостот кај основното училиште „Христо Узунов“. Од општинската организација на СДСМ велат дека повикувањето на медиуми и доделување на признанија на донатори е само фарса бидејќи се работи за мост кој бил направен пред десетина години, а чие санирање било само тековна работа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top