Ознака: кои

robot vozilo

Охрид доби најсовремена опрема за мониторинг на водите

Post Views: 5 Мониторинг на водите во Македонија со најсовремена техника. Денеска во водите на Охридското Езеро беше извршена презентација на опремата која во иднина ќе врши мониторинг на на квалитетот на водите. Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод во Охрид нагласува дека новата опрема ќе биде во функција на јавното здравје и ќе овозможи поквалитетна и подетална анализа на водата. „Онаа опрема која што овде се демонстрира е единствена во светот која што постои од таков ранг, и ние сме среќни што ја имаме, што значи дека не само Охрид туку сите води во Македонија ќе бидат на еден...

Continue reading

Star chinar

Дали старите охридски чинари се потенцијална опасност за граѓаните?

Post Views: 0 Дали и колку охридските чинари претставуваат потенцијална опасност за граѓаните? Состојбата во која се наоѓаат, барем овие кои се заштитени како споменици на природата донекаде дава право за сомнеж. Овие дрва кои се стари со векови имаат трули гранки надвиснати над приватни објекти кои доколку паднат ако ништо друго би направиле некоја материјална штета, а не дај боже и да повредат некого. Ги запрашавме охриѓани дали ти мислат дека чинарите во состојбата во која се наоѓаат претставуваат ваква потенцијална опасност. „Јас мислам дека претставуваат, ете сега најново што...

Continue reading

библиотека

Eдна од најстарите книги на балканот е сопственост на Националната установа библиотеката „Григор Прличев“

Post Views: 30   Националната установа библиотеката „Григор Прличев“ располага со редок книжевен фонд. Таму можат да се најдат дела издадени од 1800година па се до 1944год. Најстарата книга е Историја книжевности од Др Јован Шеро која била објавена во далечната 1874 год. Моментално се врши ревизија на овие книги и тие не се издаваат надвор од просториите на библиотеката. Уште едно многу значајно и ретко дело е во сопственост на охридската библиотека. Во наша сопственост е Прохорпчинското изборно евангелие, една од најстарите книги на балканот. Ова дело моментално се наоѓа на конзервација...

Continue reading

ribi

Риба има, се троши, но и по малку се краде

Post Views: 8 Зголемена е потрошувачката на рибата во овој период од годината. Рибата е неизоставен дел од македонската трпеза посебно за зимските христијански слави, за време на Божиќните пости. Токму поради тоа намалена е цената на рибата информира концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Овој период од годината засилени биле контролите од страна на рибочуварската служба, така што само минатата недела фатиле голем број мрежи на нелегалните риболовци од нашето подрачје, но и како новина фатени биле забранети мрежи  фрлени во езерото од албанската страна. Танасоски вели...

Continue reading

boenka

Децата да ги учиме на здрав начин на живот

Post Views: 0 Промовирани прирачници за здрава исхрана и боенка за деца од авторката Весна Пирузева Петровска. Мојата намера е со прирачниците да им го посочам на луѓето правилниот начин  на исхрана за да имаат здрав живот, вели авторката. Во напливот на различна литертура да бидат умешни како да ја изберат вистинската  која  води  кон здрав живот, затоа што несоодветните може да ги  упатат кон погрешни патеки. Предупредува на претпазливост кон користењето на разни нутриционистички совети и  диети од непроверени извори на интернет. „ Најчесто младата популација се служи како со најдобар...

Continue reading

bjork

Македонски креатор ќе ја облекува Лејди Гага

Post Views: 7 Македонскиот моден креатор Марјан Пејоски, синоќа ја прикажа својата најнова колекција на модната ревија што беше организирана во рамки на лондонската недела на модата.Ревијата се одржа во лондонската Сомерсет Хауз. Пејоски ја прикажа колекцијата модели за сезоната есен-зима 2011. Во неа доминираа графичките линии во црно-бела боја, но дополнети со додатоци и детали кои се истаканти во разни други бои. Во 2001 година македонскиот дизајнер се проби во светот на лондонската и светска висока мода со креацијата на фустанот „Лебед“ за исландската пејачка Бјорк, за нејзиниот...

Continue reading

konferencija

Организираниот криминал-закана за земјите од ЈЕИ

Post Views: 3 МВР ефикасно се справува со организираниот криминал преку имплементација на концептот за координираност на сите институционални облици со надлежност во оваа сфера, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР на Република Македонија, Митко Чавков на отварањето на Меѓународната конференција посветена на „Превенција и сузбивање на транснационалниот организиран криминал во Југоисточна Европа“. Тој додаде дека и Владата на Република Македонија активно работи на оваа проблематика па со таа цел се стреми кон воспоставување на Национална криминалистичко разузнавачка...

Continue reading

turnir fudbal

Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“

Post Views: 13 Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“ во Охрид. Натпреварите во овој дводневен турнир ќе се случуваат во двете спортски сали „Билјанини извори“ и салата „Климент Колески“. Учество земаат голем број на дечиња од неколку фудбалски школи од целата држава. „На турнирот учество ќе земат шест екипи, ФК Металург и „Работнички“ од Скопје, ЛГ од Битола, Победа од Прилеп, Караорман од Струга и фудбалската академија „Пандев 10 Јуниор“ од Охрид. Екипите ќе настапат со по две генерации играчи и тоа од генерацијата 2002 и помлади и од генерацијата 2004 и помлади. Тие...

Continue reading

gimnazija

Тренески поденесе оставка

Post Views: 7 Тренески поднесе оставка до градоначалникот од функцијата в.д. Директор на ОСУ „ Св Климент Охридски“. Тој наведе неколку причини поради кои се решил на ваков чекор. Според него уште од првиот момент на неговото назначување, се соочил со целосна опструкција од страна на неколку професори, кои минатите години се етаблирале на позиции од кои ја контролирале работата на училиштето. „ Посебно Училишниот Одбор и нивниот претседател, кое како тело и претходно со притисоци постави директор на Гимназијата и се обиде и овој пат да изврши упад врз правните процедури и својот...

Continue reading

centar za kultura

Нови вработувања во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 7 Во Центарот за култура Григор Прличев ќе има десет нови вработувања. Тие ќе се реализираат преку владиниот проект за вработување на социјално загрозени лица или лица од ранливите групи. Овие вработувања добро ќе ни дојдат затоа што веќе подолго време кубуриме со технички персонал бидејќи дел од врботените си заминаа во пензија, вели директорката на центарот, Драгана Боцевска. Таа додава дека со новите вработување би требало да се надмине и проблемот во театарот. Како што веќе е познато во два наврати беше откажан почетокот на театарската сезона. Директорката кажува...

Continue reading

dekor

Новогодишен гламур и турбо фолк

Post Views: 13   Во Охрид, на градскиот Плоштад покрај новогодишната елка ќе биде поставено и лизгалиште на мраз. Новата содржина  ќе придонесе за добра забава  на  охриѓани и  гостите кои ќе допатуваат во градот за дочек на Новата година. Лизгалиштето ќе може да се користи се до празникот Богојавление, открива портпаролот на ЛС,  Томе Џамтоски. „ Постапката е завршена, лизгалиштето ќе биде концентрирано околу споменикот Св. Климент кој ќе биде  заштитен со ограда. Ќе биде на  површина од околу 120 -150 метри квадратни. Преговораме со фирми кои имаат искуство во оваа работа. Корисниците...

Continue reading

skitnici

Кучиња скитници го сардисаа Охрид

Post Views: 8 Групи од по десетина кучиња скитници окупираа делови од Охрид. Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Некои од нив се удобно сместени во фотељи, ги има по тротаорите, парковите, а слободно поминуваат и по пешачките премини. Освен што сеат страв меѓу минувачите, голем број од нив и напаѓаат, па речиси нема ден а да некој не се пожали дека бил преплашен, нападнат или каснат од нив. Охриѓани со апел до надлежните овој проблем што поскоро да се реши, посебно заради децата. „Кучето е животно што треба да биде заштитено, но и градот треба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top