Македонски креатор ќе ја облекува Лејди Гага

Македонскиот моден креатор Марјан Пејоски, синоќа ја прикажа својата најнова колекција на модната ревија што беше организирана во рамки на лондонската недела на модата.

 |  Маја Савиќ  | 
bjork
bjork

Македонскиот моден креатор Марјан Пејоски, синоќа ја прикажа својата најнова колекција на модната ревија што беше организирана во рамки на лондонската недела на модата.
Fergi
Ревијата се одржа во лондонската Сомерсет Хауз. Пејоски ја прикажа колекцијата модели за сезоната есен-зима 2011. Во неа доминираа графичките линии во црно-бела боја, но дополнети со додатоци и детали кои се истаканти во разни други бои.

BjorkВо 2001 година македонскиот дизајнер се проби во светот на лондонската и светска висока мода со креацијата на фустанот „Лебед“ за исландската пејачка Бјорк, за нејзиниот настап при свеченоста на доделувањето на филмската награда „Оскар“.

После неговиот голем успех, тој продолжи да работи со познати имиња во светот на музиката и естрадата, па сега неговите модели и креации ги бараа и мега ѕвездата Лејди Гага.

– Станува збор за колекција која е наменета за поп звезди, како и за оние кои се осмелуваат да ја облечат, изјавил тој.

Последните неколку години, Марјан Пејоски соработува со јапонскиот дизајнер Кодзи Марујама, во создавањето и изградувањето на нивниот заеднички бренд КТЗ.

Пејоски веќе подолго време живее и работи во Лондон. Тој има завршено академија за дизајн „Сент Мартинс“ во Лондон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top