Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“

На овој дводневен турнир учество ќе земат шест екипи од неколку градови од државава, а силите ќе ги одмеруваат во спортските сали „Билјанини извори“ и „Климент Колески“.

 |  Мишел Наумоски  | 
turnir fudbal
турнир фудбал

Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“ во Охрид. Натпреварите во овој дводневен турнир ќе се случуваат во двете спортски сали „Билјанини извори“ и салата „Климент Колески“. Учество земаат голем број на дечиња од неколку фудбалски школи од целата држава.

fudbal Koleski„На турнирот учество ќе земат шест екипи, ФК Металург и „Работнички“ од Скопје, ЛГ од Битола, Победа од Прилеп, Караорман од Струга и фудбалската академија „Пандев 10 Јуниор“ од Охрид. Екипите ќе настапат со по две генерации играчи и тоа од генерацијата 2002 и помлади и од генерацијата 2004 и помлади. Тие денес и утре силите ќе ги одмерат во спортските сали „Билјанини извори“ и „Климент Колески“ во Охрид.“-вели Бранко Ристески, член на одборот на Фондацијата „Климент Колески“.

Ова прво издание на фудбалскиот турнир „Климент Колески“ воедно се поклопува и со празникот на заштитникот на градов „Свети Климент Охридски“.

turnir Kliment Koleski „Првиот турнир во фудбал за деца „Климент Колески“ се совпаѓа со чествувањата на големиот христијански празник посветен на чудотворецот „Свети Климент Охридски“, патронот и заштитник на Охрид. Овој турнир е наш мал придонес кон основното одбележување на празникот. Се надеваме дека овој спортски настан ќе прерасне во традиција од која ќе произлезат млади и успешни спортисти.“-рече Ристески.

Инаку како организатор на овој фудбалски турнир се јавува Фондацијата „Климент Колески“, фондација која има за цел да го помага спортот и младите спортисти, но и да реализира проекти од општествен интерес , хуманитарни активности во кои ќе им се помага на оние на кои тоа им е најпотребно.

Натпреварите започнуваат денеска од 13 часот и тоа генерација 2004 во салата на СЦ „Билјанини извори“, додека генерација 2002 во спортска сала „Климент Колески“. Елиминациските натпревари се во недела, 8. декември и започнуваат од 9:30 часот. Доделувањето на пехарите и признанија за најдобрите ќе се одржи во 14 часот во спортската сала „Билјанини извори“. Влезот на натпреварите од првиот турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“ е бесплатен.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top