Ознака: кои

саем

Со автентични производи до поголема туристичка понуда

Post Views: 2 Рачно изработен накит од бисер и филигран, рачно изработени сувенири од дрво, вино од автохтона сорта на грозје, спакувана традиционална храна и рачно изработен бакар денеска можеа да се видат во холот на Факултетот за туризам и угостителство. Ова беше финалната презентација од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“. Во градов има млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со мали бизниси, но потребна им е подршка и мотив. Излагачите изјавија дека идејата е многу позитивна и дека треба да се практикуваат налви настани многу...

Continue reading

BlackBerry пред пропаѓање, но проблемот е поголем

Post Views: 5 Слично како во аквариум, сѐ се сведува на приказната за тоа како големите риби ги јадат помалите, а единствена разлика е што овде се работи бизнис превземање на компании на кои не им оди добро а некогаш биле големи. Практично е невозможно да се следи кој, кога, и за колку го купува, но на крај, по она што може да се заклучи, ќе останат неколку големи играчи кои ќе соберат сѐ што вреди на пазарот и ќе го диктираат глобалното однесување во IT и телекомуникацискиот сектор. Најдобар пример е последната вест, спрема која, Lenovo сака да го купи BlackBerry, откако ја купи...

Continue reading

река

Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница

Post Views: 8 Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница. Тие спроведуваат проект за рационално наводнување  на земјоделските површини во сливот на Охридското езеро. Климатските промени ќе влијаат врз земјоделието и водните ресурси во речниот слив на Охридското езеро па  охридските земјоделци мора да ги менуваат  навиките за рационално наводнување на посевите, вели Ѓоко Зороски координатор на проектот. Проектот има за цел да се менува свеста на земјоделците кои живеат  покрај Коселска река и Сатеска. Од досегашните  средби...

Continue reading

popusti

Охриѓани чекаат попусти за да купуваат

Post Views: 10 Празничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Најголем дел од излозите на бутиците и продавниците  се или скромно или воопшто не се украсени во новогодишен дух. Многу е мал бројот на трговци кои со налепници на излозите маркирале новогодишни попусти од „-20 %“ „-30 %“, „-50 %“. Дел од граѓаните сметаат дека цените се превисоки и дека газдите на дуќаните не го користат периодот на празнична потрошувачка треска со намаленија да ги привлечат потрошувачите. „Да ги чекаме само ќе видиме во стварност колку е попуштено. Во некои продавници има...

Continue reading

logo

Богата театарска понуда на „Народниот театар“ од Охрид

Post Views: 0 Во продажба се пуштени картите за претставите со кои „Детектор за лаги“ и на „Дното“ во изведба на актерите на „Народниот театар“ од Охрид. „Детектор за лаги“ ќе се прикажува оваа недела 14.12, додека претставата „На дното“ ќе биде поставена на сцената на Охридскиот театар на 16-ти декември. Почетокот е во 20 часот а цената на влезниците е 100 денари. Билетарата работи секој ден од 10:00 до 20:00 часот. {loadposition content9}  

Continue reading

Интересни факти за Heineken кои можеби не сте ги знаеле

Post Views: 1 Heineken на 15 февруари оваа година прослави 150 години од своето постоење, а богатата историја ја доведе оваа компанија на третото место во светот по производство на пиво. Прочитајте неколку занимливости за Heineken кои можеби не сте ги знаеле: –150 години на пазарот – Gerard Adriaan Heineken на 15 февруари 1864 година ја купил пиварницата Haystack и тој ден е забележан како роденден во богатата историја на Heineken. –Таен рецепт – Единствени состојки кои се користат за производство на Heineken се вода, сладок јачмен и хмељ, но рецептот до ден денешен останал...

Continue reading

9 начини да се ослободите од стресот

Post Views: 6 Повторно ве изнервира нељубезната продавачка, гужвата во автобусот, завидливата колешка или пак љубоморното момче? Ако ситните проблеми се трупаат еден врз друг, а вие постојано сте под стрес сигурно не уживате премногу во сопствената кожа. Како на најбрз и најлесен начин да ја повратите насмевката на вашето лице прочитајте во продолжение: Правилно дишење Само длабоко вдишете, па издишете. Повторувајте го ова повеќе пати. Одвојте неколку минути од вашето време и симнете од интернет вежби со водич за да го правите ова правилно. Чоколадо Веднаш фрлете му се на чоколадото,...

Continue reading

ohridsko ezero

Охридското езеро се загадува кај Поградец, јавуваат албанските медиуми

Post Views: 0 Отпадни води, канализација, фосфати и разни хемикалии се влеваат во водите во Охридското езеро кај Поградец и го загадуваат, јавуваат албанските медиуми. Ваквата состојба се заканува да ја уништи флората и фауната алармираат медиумите од другата страна на езерото. Јавуваат и за високо присуство на фосфати и други загадувачки материи кои се причина  локлансиет власти да реагираат на заканата од уништување на рибниот фонд. Дејан  Паноски од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро  за ваквите јавувања на албанските медуими вели дека треба да се почекаат...

Continue reading

Bratstvo

Во ОУ „Братство Единство“ несекојдневен пример на солидарност

Post Views: 23 Петнаесетмина професори од охридските средни и основни училишта чекаат разрешница од поднесените приговори до Училишните одбори. Тие реагирале на казните кои ги изрече Државниот испитен центар  за потфрлување на резулатите од екстерното тестирање.  Од почетокот на ноември па се досега Училишните одбори во некои училишта се прогласиле за ненадлежни , во некои се состанувале по два трипати и сеуште не донесле конечни одлуки по приговорите. Конечна одлука има само во гимназијата Св. Климент Охридски  каде што се одбиени двата приговори од професорите. Наставниците имаа...

Continue reading

food

Храна за силен имунитет

Post Views: 8 Зимата наближува, па затоа е време да го засилиме имунолошкиот систем. Црвено месо, компири, печурки, чај и кисело млеко се 5-те топ храни за силен имунитет. Лошото функционирање на имунолошкиот систем води кон настинки, алергии, болки во различни делови на телото. Организмот е сложен систем од меѓусебно поврзани елементи, затоа има многу фактори кои влијаат на имунитетот – душевната состојба, начинот на живот, сонот и се разбира, храната. Специјалистите диетолози дефинираат 5 топ храни, кои го засилуваат имунитетот. Црвеното месо – едно од најефикасните...

Continue reading

ucenici

Заедно против деформитетите на рбетниот столб и на стапалата кај децата

Post Views: 3 Расте процентот на деформитети на рбетниот столб и на стапалата кај децата од предучилишна возраст. Причина за тоа најчесто е нивната слаба физичка активност и неправилно седење и одење ,  вели директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костоска. После петтата година веќе може да се констатира доколку има деформитет кај некое дете, додава таа. Поради тоа од почетокот на наредната година во оваа предучилишна установа ќе спроведат систематски прегледи за рано откривање на деформитетите на мускулно- скелетниот систем. Се превземаат чекори зеадно со Центарот за јавно...

Continue reading

Крај за еден од најпознатите мобилни брендови

Post Views: 9 Откако во 2007 Apple го промовира iPhone, бројни мобилни компании се обидоа да се прилагодат на новите трендови на пазарот кој ги постави компанијата на Jobs (телефони без физичка тастатура и со екрани на допир), но екипата од Nokia, коjа во тоа време доминираше на пазарот, сметала дека телефоните со допир никогаш нема да бидат подобри од оние со физичка тастатура. Ваквото размислување се покажа потполно погрешно и со тек на времето дојде до драстично намалување на продажбата на нивните телефони. Првите телефони со екран на допир на Nokia не се покажаа доволно конкуретни,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top