Со автентични производи до поголема туристичка понуда

Денес охриѓани можеа да ги видат финалните резултата од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“. Рачно изработениот накит од бисер и филигран, сувенирите од дрво, вино од автохтона сорта на грозје, спакувана традиционална храна и рачно изработен бакар ќе бидат дел од збогатената туристичка понуда во градов.

 |  Јаковлева Лионела  | 
саем
saem

Рачно изработен накит од бисер и филигран, рачно изработени сувенири од дрво, вино од автохтона сорта на грозје, спакувана традиционална храна и рачно изработен бакар денеска можеа да се видат во холот на Факултетот за туризам и угостителство. Ова беше финалната презентација од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“. Во градов има млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со мали бизниси, но потребна им е подршка и мотив.saem

Излагачите изјавија дека идејата е многу позитивна и дека треба да се практикуваат налви настани многу почесто.

Подршка на овој настан и на младите кои сакаат да започнат со нови бизниси даде и ФТУ. Професорката Ангела Василевска рече дека сите производи кои се автентични за нашиот град и тоа како можат да ја збогатат туристичката понуда на Охрид.

Покрај апартмани за спиење и добра традиционална храна во иднина ќе треба добро да размислиме во сместувачките капацитети да има и еден штанд на кој ќе бидат изложени наши автентични производи, како накит, вино, хтана на пример ајвар, мармалад, туршија кои странците ќе ги купат и ќе ги понесат во своите земји каде ќе ги споделат со своите роднини и пријатели и тоа е всушност најдобрата промоција за нас, вели професорката Василевска.saem

Во рамките на овој проект кој го организираше Општина Охрид беа одржани три едукативни работилници и тоа за изработка на накит од бисер и филигран, за пакување на традиционална храна и подготовка и изработка на електронска брошура

Целта на овие работилници беше да се обучат младите на кој начин да ги промовираат традиционалните вредности на Општина Охрид преку изработка на занаетчиски производи, а и да се изнајадат нови иновативни и трендовски начини на пакување на храна и пијалоци, рече раководителот на Секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Инак, проектот ,,Младите како носители на културата,традицијата и знаењето во Општина Охрид”, е финансиран од Министерство за култура во областа на креативните индустрии.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top