Ознака: здравје

Центарот за јавно здравје подготвува мобилна апликација за квалитетот на водата од артерските и јавните чешми

Post Views: 2 Се подготвува карта на јавните чешми и артерските, подземни води од кои се пие вода на јавни места во Охрид. Податоците ќе бидат достапни на веб страната на Центарот за јавно здравје, но и на мобилна апликација. Јавноста ќе има постојано информации каков е квалитетот на водата за пиење од чешмите, но и на брегот на Охридското езеро. Регистерот со податоци го подготвуваат од Центарот за јавно здравје , а ќе биде во употреба од идната пролет. Засега се мапираат артерските чешми на јавни места како кај ОУ Григор Прличев, кај Комерцијална банка и пазарот, а дополнително...

Continue reading

„Бреинобреин на велосипед – рекреација и здравје“

Post Views: 1 Во рамки на светската кампања за зачувување на животната средина, а со цел поттикнување на здрави животни навики, Бреинобреин Македонија и сите центри кои ја имплементираат Бреинобреин програмата во Република Северна Македонија во сабота, 28.09.2019 г. ќе организираат заедничка дружба со возење велосипед под мотото „Бреинобреин на велосипед – рекреација и здравје“. Учениците кои ја следат Бреинобреин програмата во центарот БОБ-Црвен крст Охрид заедно со своите родители, во сабота, 28 септември, ќе се дружат возејќи велосипеди по велосипедската патека на потегот...

Continue reading

avion

Дебрчани, заштитете ги пчелите, утре ќе се прска против комарци

Post Views: 1 Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебарца, дека утре, 2ри Јули, екипите на Центарот за јавно здравје Охрид, ќе спроведат теристичка дезинсекција, од земја, со цел, уништување на комарците. Прскањето ќе се врши во период од 22 часот до 05 часот. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Дебарца, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита...

Continue reading

Се подобрува оралното здравје кај охриѓани

Post Views: 3 Се подобрува оралното здравје кај охриѓани. Резултати дава националната стратегија за подобрување на оралното здравје која се применува во зeмjава. Таа има за цел спречување на кариесот и други орални заболувања, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. Стоматолозите по превентивна детска стоматологија прават редовни систематски прегледи на охридските ученици од основните и средни училишта. При тоа вршат залевање на здравите заби, ги едуцираат децата и родителите како правилно да се одржува хигиената...

Continue reading

ucenici

Се намалува бројот на заболени од жолтица

Post Views: 0 Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Најголем дел 8 од новозаболените се од Шуто Оризари и по еден од Чаир, Сарај, Гази Баба, Карпош, Центар и Бутел. Во однос на возраста, новозаболените лица се на возраст од 0-44 години. Од скопскиот Центар за јавно здравје констатираат дека има тенденција на благо намалување на бројот на новозаболени случаи на ниво на град...

Continue reading

morbili

Вo Скопје прогласена епидемија на морбили

Post Views: 0 На територијата на Скопје Центарот за јавно здравје прогласи епидемија на морбили. Регистрирани се 25 случаи на оваа болест, од кои осум се поврзани случаи, поради што е и прогласена епидемија. Дел од заболените се од околните села, а дел од градот. Од Центарот апелираат децата да се вакцинираат и предупредуваат дека од 2012 година е намален опфатот на деца кои се вакцинираат против заразни болести. Првичните симптоми на морбили се слични на настинка и грип, кивање и покачена телесна температура поради што и болеста потешко се дијагностицира во првата фаза. Инкубацијата...

Continue reading

logo

„Art of living“ работилница во Охрид

Post Views: 4 Животот започнува со вдишување, а завршува со издишување. Нема добро здравје со лошо дишење, нема бистар ум со малку кислород, нема добар тренинг и спортски успех со лоша техника на дишење, затоа започнете да го слушате вашето дишење. Здивот е врската помеѓу телото и умот, тој е клучот за справување со нашиот ум и негативните емоции, тој е иструментот со кој купуваме време и здравје! Да го решиме стресот и да ги ослободиме нашите вистински потенцијали на работа, дома, да имаме квалитетно време за себе и своите сакани. Да го разбудиме сопствениот потенцијал за Љубов,...

Continue reading

Во охридскиот Центар за јавно здравје за потребите на регионов има 50 бесплатни тестови за хив/сида

Post Views: 1 Побарувачката за бесплатни тестови за Хив / Сида во регионов е голема. Во последниве две години се користат околу 200 бесплтани тестови за ХИВ СИДА. 50 тестови биле обезбедени од Министерството  за здравство, а 150 од Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА . Во охридскиот центар за јавно здравје до месец јули годинава биле искористени 150 тестови. Потребата била голема па биле набавени дополнителен број на тестови, информира Д-Р Јованка Стурлакова Коровешоска од ЦЈЗ. Бесплатните тестирања ги користат туристите кои доаѓат на охридско струшката ривиера, а редовно на секои...

Continue reading

Новини од Центарот за јавно здравје Охрид

Post Views: 1 Центарот за Јавно здравје од Охрид воведува работни саботи. Оваа новина започна од вчера, 01 ноември а целта е подобрување на квалитетот на здравствената услуга која ја пружа овој центар во рамки на превентивната здравствена заштита на населението на општина Охрид, Дебрца и Струга, како што појасна директорот Сашо Точков. „Секоја сабота од 8 до 12 часот, 4 часа ќе работи медицинскиот персонал кој ќе прима пациенти и ќе ги обработува мартеријалите. Резултатите нема да се издаваат во сабота ќе се издаваат во понеделник од наредната недела, значи сабота ќе биде за таа намена Ова...

Continue reading

Охридскиот центар за јавно здравје со мобилни екипи ќе врши имунизација против сезонски грип

Post Views: 3 Охридскиот центар за јавно здравје обезбеди 3000 вакцини против сезонски грип. Од нив 1500 се наменети за Охрид ,а останите 1500 за Струга и Дебар. Центарот годинава воведе новина, со претходно закажување на термини во домашна посета бесплатно ќе се врши вакцинирање за граѓаните кои неможат да дојдат во просториите на епидемиолошкото одделение во Центарот, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ.  „ Мобилни екипи на ЦЈЗ да ја направат имунзиацијата поефикасна за телесните инвалиди и немоќните лица , наши екипи ќе одат по домовите по 30 октомври и ќе вршат вакцинирање“,...

Continue reading

Центарот за јавно здравје од Охрид набави вакцините против сезонски грип

Post Views: 1 Се набавија вакцините против сезонски грип. Центарот за јавно здравје од Охрид од 10ти октомври ќе започне со имунизација. Вакцините кои ќе се примаат штитат од 2 типа на вируси на грип бидејќи според СЗО овие видови ќе бидат најзастапени оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител. Има 3000 вакцини , а од оваа количина 1680 се наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар. Од досегашната пракса најчесто се вакцинираат повозрасните лица, но и помладите со хронични заболувања, а исто така и вработените кои се во директен контакт со повеќе...

Continue reading

Интензивни активности на Центарот за јавно здравје од Охрид

Post Views: 6 Интензивни активности на Центарот за јавно здравје од Охрид, пред почетокот на новата учебна година. веќе две недели екипите на центарот покрај тоа што вршат бактериолошка проверка на децата и вработените во градинкиве, редовно се спроведува и процесот на дезинфекција, дезинскеција и дератизација во oхридските училишта. „Во тек се секако активностите кои од Центарот се преземаат подготовките на училиштата за самиот старт на учебната година, со преземање на оние мерки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација, и систематски прегледи на вработените. Сите оние училишта...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top