Ознака: законот

prekop

Улиците да се враќаат во првобитната состојба

Post Views: 3 Прекопите по охридските улици со денови остануваат не санирани. Иако во согласност со законот за градба секој прокоп треба да се затвори во определен рок по завршувањето на градежните зафати и да се врати во првобитната состојба, во градот има многу примери каде тоа не е направено. Граѓаните го поздравуваат и поддржуваат асфалтирањето на улиците и санирањето на ударните дупки од страна  на Локалната.  Но, тие реагираат после зафатите кои се прават при дефект во водоводната и канализационата мрежа, тротоарите и коловозите во најбрз рок да се враќаат во првобитната состојба....

Continue reading

zapusteni privatni imoti

Локалната бара спас за решавање на проблемот со запуштените приватни имоти

Post Views: 3 До редакцијата на ТВМ се нижат реакции на граѓани кои бараат спас од змијарници и запуштени приватни имоти. Охридска бригада, Крум Точков и Дејан Војвода се само дел од локациите во кои лично се увери и екипата на ТВМ. И покрај тоа што граѓаните јавно не сакаат да зборуваат, за како што велат, да не се замерат со комшиите, нивниот проблем е повеќе од очигледен. Тие признаваат дека се плашат да ги пуштат децата да играат на улица затоа што често се случува од тревите да излезат змии. Од локлната признаваат дека вакви забелешки стигнуваат и на нивна адреса. Токму поради...

Continue reading

zgradi

Нерегистрираните станоиздавачи, најголемите непријатели на охридскиот туризам

Post Views: 5 Иако во Охрид постојат околу 2000 регистрирани станоиздавачи, сеуште огромен е бројот на викенд становите, кои што во текот на годината се напуштени, не се одржуваат, но функционираат два или три месеци за време на летната сезона и со тоа  стануваат нелегална конкуренција за сите оние кои што регуларно се занимаваат со туристичка дејност. Штетата која од ова ја трпи туризмот како главната стопанска дејност во нашиов град, е огромна. Во Законот за такса за привремен престој, децидно е наведено дека од плаќање на туристичка такса ослободен е сопственикот на сместувачкиот...

Continue reading

tabla

Несредените дворови, сериозна закана за сообраќајот

Post Views: 0 Несредените зелени огради, како и густата вегетација, сериозен проблем за безбебедното одвивање на сообраќајот на одредени сообраќајниви во нашиов град. Посебно загрижувачка е состојбата на самиот влез во  населбата „Гоце Делчев“ ,чиишто жители стравуваат како за нивната безбедност,така и за безбедноста на нивните деца. Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид објаснува дека се запознаени со проблемот на конкретната локација „Согласно законите за Животна средина,безбедност во сообраќајот и законот за јавна чистота, граѓаните имаат обврска своите дворови да ги уредат...

Continue reading

Кока Кола ќе го прекине производството

Post Views: 1 Во случај на измена на законот за производство во Швајцарија би можела да згасне и кондиторската компанија Тоблероне. Кока Кола ќе го прекине производството во Швајцарија ако парламентот го усвои законот за картелите. Ако поради тој закон американската компанија биде принудена своите производи да ги продаваат по исти цени како и во странство, тогаш како што порачуваат од Кока Кола, повеќе не ќе можат да ги покријат трошоците па ќе бидат принудени да намалуваат плати, или потполно да згаснат 900 работни места. Најавената измена за картелите е усмерена против швајцарските...

Continue reading

vospituvacki

Градинката „Јасна Ристеска“ кубури со кадар

Post Views: 15 Дефицитот на кадар останува најголемиот проблем во охридските градинки. Иако капацитетот на градинката е 650 деца, кои треба да ги опслужуваат 110 вработени од сите профили, во моментов дури 750 деца се згрижени во охридските градинки, а ги опслужуваат 69 вработени со решенија на неодредено работно време. Прекинот на договорите за кој неколкуте волонтери од градинките усно беа известени на почетокот на овој месец, биле основната причина загрижени родители да реагираат до нашата редакција, со молба за актуелизирање на овој проблем. Розе Костоска В.Д. Директор ЈОУДГ „Јасна...

Continue reading

detska bolnica

Архивата од некогашната детска болница сеуште незаштитена

Post Views: 4 Државниот санитарен и здравствен инспекторат се  изјасни за ненадлежен во врска со документацијата од поранешната специјална детска болница во Охрид. Пред нецел месец ТВМ објави прилог за состојбата со архивата од оваа болница и поплаките од родители кои со години не можат да ги пронајдат историите на болест од своите деца, некогашни пациенти во таа установа. Тогаш од државниот архив на Македонија, подрачно одделение охрид, инаку местото каде требаше да се наоѓа документацијата соодветно архивирана, не упатија до Министерството за здравство како правен наследник на болницата...

Continue reading

kjacina

Потребен е пловен ред во езерските води

Post Views: 2 Капетанија ќе бара од новата Локална самоуправа да се стави пловен ред во езерските води. Да се знае кој чамец е за рибарење, а кој за превезување на патници до атрактивните плажи и разглед на крајбрежјето. Според Законот за внатрешна пловидба одобренијата за пловење ги издава општината, информираат од охридската капетанија. Утврдувањето на редовни линии од Охрид до одредени дестинации в долж крајбрежјето се исто така обврска на локалната. Градоначалникот ќе треба да формира едно тело кое ќе работи на оваа проблематика. Потребно е да  се осмислат и воведат редовни линии...

Continue reading

advokati

Ќе се фискализираат охриските адвокати

Post Views: 37 Од први мај ќе се фискализираат охриските адвокати. 90тина адвокати од градов ќе треба да набават фискални апарати.Ова следува откога Владата го прифати барањето на Адвокатската комора и адвокатите за ставање надвор од примена на Законот за адвокатски маркички, со што ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги, вели Љупчо Наумовски-претседател на адвокатска заедница од Охрид. Министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот со цел да се стави вон сила и да се премине на вообичаениот систем на одданочување на услугите на...

Continue reading

petreski

Експресно изгласани 114 одлуки за легализација

Post Views: 0 Доцна синоќа Советот на Охрид усвои одлуки за легализација на 114 бесправно изградени објекти во општината. Иако уште на почетокот на 60 сетата седница советничката група на ВМРО- ДПМНЕ побара одложување на истата поради сензибилниот период пред Локалните избори, како и поради опомената на Комисијата за спречување на корупција, дека не е добро точките од урбаната сфера да се донесуваат во овој период, тоа воопшто не ги заинтригира советниците од охридската позиција за можните последици поради експресното донесување на 114 те точки, вели советникот Борче Стефаноски од...

Continue reading

sovetnici

Одложена 60 тата седница на советот на општина Охрид

Post Views: 3 И покрај желбата на советниците да застанат на страната на граѓаните, да ги разгледаат и прифатат стотината Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација или легализација на дивоградби, сепак советниците го прифатија предлото на ВМРО ДПМНЕ дека денеска не е вистинско време да се дискутира за дивоградбите. Причина за оваа одлука е препораката на антикорупциска комисија дека незаконски е во овој период да се носат вакви одлуки. „Ние како советничка група на ВМРО ДПМНЕ и коализцијата сме за одлагање на сите точки за легализација...

Continue reading

zgradi

Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани куќни совети

Post Views: 11 Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани заедници на сопственици на посебните делови, популарно наречени куќни совети. На територијата на Република Македонија денес имаме вкупно 3.012 регистрирани заедници на сопственици. Ова се податоци  добиени од Централниот регистар. Станарите кои ги користат услугите на овие компании велат дека за одржување на еден влез месечно плаќаат околу 290 ден. Од нив 140 се за компанијата, а 150 за хигиеничарка. За овие пари тие добиваат чистење и одржување на влезот, вршење книговодствени услуги, хаусмајсторски работи,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top