Кока Кола ќе го прекине производството

Најавена е измена на законот кој не е во склад со економската реалност

 |  инфодеск  | 

Во случај на измена на законот за производство во Швајцарија би можела да згасне и кондиторската компанија Тоблероне.

Кока Кола ќе го прекине производството во Швајцарија ако парламентот го усвои законот за картелите. Ако поради тој закон американската компанија биде принудена своите производи да ги продаваат по исти цени како и во странство, тогаш како што порачуваат од Кока Кола, повеќе не ќе можат да ги покријат трошоците па ќе бидат принудени да намалуваат плати, или потполно да згаснат 900 работни места.

Најавената измена за картелите е усмерена против швајцарските шопинг-туристи кои ја користат предноста на силниот франк за поповолно купување надвор од Швајцарија. Со новиот закон се сака да се обезбеди странските производители да ги продаваат своите производи под исти услови како и надвор од границите на Швајцарија. Меѓутоа како што истакнуваат во Кока Кола, најавена е ревизија на законот кој не е во склад со економската реалност, бидејќи трошоците на производство и платите во Швајцарија се многу повисоки отколку во останатите земји во Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top