Потребен е пловен ред во езерските води

Капетанија ќе бара од новата Локална самоуправа да се стави пловен ред во езерските води.

 |  Валентина Неловска  | 
kjacina
kajcina

Капетанија ќе бара од новата Локална самоуправа да се стави пловен ред во езерските води. Да се знае кој чамец е за рибарење, а кој за превезување на патници до атрактивните плажи и разглед на крајбрежјето.

чамциСпоред Законот за внатрешна пловидба одобренијата за пловење ги издава општината, информираат од охридската капетанија. Утврдувањето на редовни линии од Охрид до одредени дестинации в долж крајбрежјето се исто така обврска на локалната.

Градоначалникот ќе треба да формира едно тело кое ќе работи на оваа проблематика. Потребно е да  се осмислат и воведат редовни линии со дефиниран  пловен ред. Методот на воведување на лиценци и одбренија за пловидба не е едноставен и не зависи само од сопствениците на чамците туку и од временските услови , но добро  е да се види до кој степен може да се регулираа оваа состојба, укажуваат од капетанија. Така многу ќе се олесни работата на капетанија и ќе се издеференцираат комерцијалните пловни објекти од оние за спорт и рекреација.

чамецЗасега сопствениците на такси чамци се регистрираат како чамци за спорт и рекрeација, а  превезуваат  патници. Ова е проблем кој долго време е присутен во пристаништето, а е добро познат на сите институции. Во ставање ред и во оваа сфера треба да се вклучат покрај капетанија, локалната самоуправа и трудовата инспекција. Оваа потреба не во насока да им се отежне работата на кајчарите туку напротив како мерка за нивна заштита при несакани ситуации, напоменуваат од Капетанија. Во случај на несреќа превозниците со чамци кои не се регистрирле како комерцијални пловила навлегуваат во судар со законот. Превозникот со чамец кој сакал да го изигра законот ги доведува патниците во заблуда. Чамците за спорт и рекреација подлежат на различни критериуми во  техничката  проверка од комерцијалните пловила, напоменуваат од капетанија.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top