Ознака: Дпмне

urbanaop

Иста програма, исти проблеми

Post Views: 2 Поставувањето на урбаната опрема, хроничен проблем во Струга. Изминативе 4 години во оваа сфера владее хаос во вистинска смисла на зборот, реагираат од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Години наназад укажуваме на пропустите кои се прават од страна на Локалната самоуправа, од каде не убедуваа дека имаат капацитет да се справат со проблемот, дававме наши забелешки, но досега не се најде начин проблемот да се реши, вели Јулијана Зуноска, советничката на ВМРО – ДПМНЕ. Таа додава дека програмата за поставување на урбана опрема за 2013, е копија на онаа од минатата година,...

Continue reading

Сашо Донев, новиот претседател на ОК Вмро Дпмне најави внатрешна консолидација во партијата

Post Views: 3 Новиот претседател на ОК на Вмро Дпмне, Сашо Донев на прес конференција имаше обраќање во кое ги најави приоритетите на раководството на партијата. Довербата која ја добив од партијата за мене е поттик и можност заеднички да работиме, потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност, кажа при тоа Донев. „Членовите и симпатизерите на нашата партија веќе знаат дека заедно го започнавме процесот на внатрешна консолидација и обединување на сите структури. Тоа мора да се почувствува и во месните комитети за да донесе освежување и зајакнување на партиското...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ја објави листата со кандидати за советници за Охрид

Post Views: 1 ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ја објавија листата со кандидати за членови на Советот на општина Охрид. Носител на листата е претседателот на Општинскиот комитет, Сашо Донев. Отчетноста, транспарентноста како и чесна и честита работа се одликите на сите наши луѓе како идни претставници на охриѓани, професионалци на вистинските места. Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години. На 17 октомври заедно да започнеме нови успеси, развој и решенија за подобар Охрид. Заедно сплотени да се избориме за нашите семејства, за нашите...

Continue reading

vlado

Др Владо Кочоски кандидат за градоначалник на Струга

Post Views: 1 Доцна синоќа на седницата на Извршен Комитет, високото партиско раководство на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ. пресече. Нивниот избор за кандидат на градоначалник за Струга падна на др Владо Кочоски, истакнат хирург вработен во Струшката Општа болница.  На само еден ден пред истекот на законски предвидениот рок за предлагање кандидат за градоначалник, Кочоски очекувал дека изборот ќе падне на него. Додаде дека  има време за се и подготвен е да се справи со предизвикот кој стои пред него. Време е на Струга да и се врати некогашниот сјај, вели Кочоски. „За жал многу...

Continue reading

vmrostruga

Црвенкоски и Цаноски, непожелни во Струга – ОК ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 5 Се покажа дека Бранко Црвенкоски се откажа од Струга, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на струшкиот комитет Перо Петковски истакна дека отсуството на Црвенкоски на протестот во Струга е само доказ дека општина Струга и нејзините граѓани на лидерот на опозицијата, не му значат многу. „Како свој повереник на негово место дојде пратеникот во оставка Игор Иваноски кој меѓу другото го кажа она што секој стружанец сакаше да го слуѕшне тоа е дека “Неговата партија ќе ја вратела Струга онаму каде што треба“. Можеби на негово место подобро би било да дојдеше во...

Continue reading

sednica Struga

Усвоен буџетот за 2013 во Струга

Post Views: 69 Општина Струга во 2013 година на располагање ќе има околу 12 милиони евра. Толку е тежок струшкиот буџетот. Истиот, на денешната редовна 47 ма по ред седница на Советот на Струга, беше усвоен експресно, без поголема дебата. Повеќето од струшките советници се изјаснаа позитивно по предлог буџетот, бидејќи сметаат дека истиот е реален. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека годинава одлучиле да бидат поскромни во проектирањето на буџетот, бидејќи според него, домашниот есап кој го планирале од продажба на неизградено градежно земјиште не излегол на пазар. „Намаливме...

Continue reading

ОК Вмро Дпмне обвинува: Градоначалникот Јован Стојаноски вработува партиски кадри

Post Views: 1 Градоначалникот Јован Стојаноски го затскрива полнењето на администрацијата со партиски подобни кадри, обвинија денсе на прес конференција од ОК на Вмро Дпмне. „ Општина Охрид распишала оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за привремени вработувања за потребите на Општината. Според објавата на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 7.564.005 денари без ДДВ во период од една година. Класичен пример за недомаќинско работење“, кажа Божиноски. Потенцираме дека декларираната заложба за транспарентност,...

Continue reading

logo

Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори

Post Views: 1 Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април. Државната изборна комисија (ДИК) одлучи кампањата да биде прекината на 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори.Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии. ВМРО-ДПМНЕ кампањата ќе ја започне утре со митинг во Скопје, СДСМ со Конвенција во Скопје во недела, ДУИ веќе одржа конвенција за промоција на кандидатите, а ГРОМ во недела во Куманово...

Continue reading

ОК на ВМРО ДПМНЕ обвинува дека СДСМ продолжува со партиски вработувања

Post Views: 3 Охридската ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања упатени кон СДСМ. Велат дека партијата на власт продолжува со партиски вработувања и политички реваншизам и како што Дамјан Манчевски јавно признал СДСМ ги прекинала привремените договори на вработените во јавниот сектор, и распишала нови огласи за привремено вработување. Неспособната антиреформаторска СДСМ продолжува со чистките и бруталната партизација во Охрид преку вработување на нивни партиски војници. СДСМ продолжува со својата политичка одмазда и во континуитет брка луѓе од работа, како што всушност и одамна најави...

Continue reading

ОК ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот да ја повлече одлуката за поскапување на водата

Post Views: 1 Ние, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесеме информација со барање за укинување на одлуките за поскапување на сметките за вода и одведување отпадни води, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Граѓаните веќе ги добија сметките со нови поскапени цени. Цената на водата се утврдува во вид на зголемен варијабилен и дополнителен фиксен надоместок. Зошто ЈП „Проаква“ поднело барање за корекција на цената на водата за пиење до Регулаторната комисија за енергетика, праша Пецаков. – Ова ли е ветувањето на СДС...

Continue reading

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ упатија критики до охридскиот градоначалник

Post Views: 7 На прес конференција од ОК на Вмро Дпмне упатија критики за работењето на градоначалникот Јован Стојаноски и администрацијата. Повикуваат, градоначалникот јавно да го каже износот на долгот на општината и да објасни зошто нема реализирано ниту една капитална инвестиција. Перчо Божиноски, портпарол на ОК Вмро ДПМНЕ, праша зошто го применуваат менаџирањето на долгот на начинот кој го промовираше и спроведе минатата Локална власт, а претходно истиот го критикуваа. „Јован Стојаноски, за првпат како претставник на СДСМ уште во октомври на дебатата на кандидтатите за градоначалник...

Continue reading

Pero Petkoski DPMNE

Дали ќе има интерпелација за претседателот на струшкиот совет?

Post Views: 4 Струшките вмровци ќе ја преиспитуваат поддршката што му ја дале на актуелниот претседател на Советот на општина Струга,Џеваир Беќири. Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга, Перо Петкоски во име на својата партија изјави оти го осудуваат според нив недоличното однесување на институцијата, Претседавач на совет кој на последната седница каде се водеше жестока битка за одлуката за покачувањето на цената на водата, дозволи седницата да биде прекината на сред поединечно гласање. „При последното гласање за одлуката за покачување на цената на водата каде Претседателот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top