Tag: Дпмне

ВМРО ДПМНЕ : Георгиески вработува пожарникари, а укина средства за униформи и обувки

Георгиески лицемерно пред избори глуми загриженост за Територијалната противпожарна единица во Охрид затоа што ниту се грижи за подобрување на условите за работа на пожарникарите, ниту за набавка на дополнителна опрема и возила. Додека Георгиески вработува 6 нови пожарникари без срам целосно ги скрати 1.700.000 денари за униформи, интервенциско противпожарно одело и заштитно одело за шумски пожари и интервенции и ги намали средствата за обувки. Георгиески да им каже на пожарникарите зошто оваа година нема да добијат К-15? – јавно праша портпаролот Божиновски. Новите вработувања, кои според...

Continue reading

Реакција на ВМРО ДПМНЕ за долгорочното задолжување на Општина

„Веројатно малкумина од граѓаните разбраа дека во текот на вчерашниот ден во просториите на Општина Охрид се одржала јавна расправа за оправданоста од долгорочно задолжување  на Општина Охрид. Епилогот на расправата е непознат, освен веста дека се одржала, а ниту збор за тоа какви биле ставовите на присутната „јавност”. Јавна расправа по теркот на оние на Мила за реформите во образованието. Но, она што треба да допре до јавноста е фактот дека повторно на два месеци пред локалните избори, Локалната власт и Георгиески пред заминување сакаат да земат кредит од 5 милиони евра за раздолжување, а...

Continue reading

Официјално: Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ

Кирил Пецаков и официјално е кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го објави членот на ИК на партијата, Антонио Милошоски, во дневникот на Сител телевизија. –Наш фаворит за општина Охрид ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков, којшто бил и советник во општината Охрид, добро познат на граѓаните, си ја извршувал совесно својата должност, познат е и помеѓу лекарите како стоматолог, познат е и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека тој е човек кој може да го врати сјајот на Охрид кој во овие неколку години, за жал, го изгуби, дури се најде и на црвената ризична листа на...

Continue reading

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го обезвредни целокупното досегашно залагање на локалната власт

ОО СДСМ Охрид со реакција на соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид. „Денешното штуро соопштение на ОК ВМРО ДПМНЕ е еден мизерен и очаен обид за обезвреднување на целокупното досегашно залагање и посветеноста на локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески и СДСМ. Се лажете доколку мислите дека со искажување на вакви манипулативни констатации и лични навреди ќе можете да постигнете политички поени, затоа што граѓаните добро знаат што е вистинска работа и што е вистинско залагање за подобрување на катастрофалните состојби во Охрид кои ги остави токму вашето ВМРО ДПМНЕ по...

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ ОХРИД: Георгиески да се вразуми, неговата понизност кон СДСМ ја плаќаат граѓаните

ОК Вмро Дпмне Охрид со соопштение до јавноста. „Георгиески е синоним за урбан хаос, селективност и партиски вработувања. Иако е во тек оглас за 16 нови вработувања, Георгиески предлага нови 40 партиски послушници кои ќе ги вдоми во превработената Општина повторно удирајќи по џебот на охриѓани. Наместо како што вети враќање на долгот на општина Охрид и одблокирање на сметката, решавање на горливите проблеми, охриѓани добија повисоки сметки за плаќање, урбан хаос, неуредени и неисчистени плажи, уништена туристичка сезона, раскопани улици, депонии и ѓубре низ целиот град. Цел мандат на Власта...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ орагизира протести во десет градови, во Охрид ќе се блокира кружниот тек кај „Охридска банка“

„Време е да се обединиме против оваа ненародна власт“, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, од каде за денеска најавуваат голем протест. „Време е да се обединиме против оваа ненародна власт“, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, од каде за денеска најавуваат голем протест. „Ве повикуваме од 15:00 до 17:00 часот на протест и блокада кај кружен тек, „Охридска банка“. Да се обединиме против оваа ненародна власт. Доста е, излези за Македонија, порачуваат од партијата“. Од ВМРО-ДПМНЕ со ваквиот предупредувачки протест ќе побара од Владата да го објави патоказот, за кој според партијата, преговараат...

Continue reading

Советот на Општина Охрид ја одржа 58та седница без советниците од ВМРО ДПМНЕ

Мнозинството во Советот го одби предлогот на ВМРО ДПМНЕ да му укаже на Градоначалникот да отпочне постапка за разрешување на директорот на ЈП Водовод Охрид. Опозициските советници револтирани поради тоа но и затоа што  им се прифаќале укажувањата на низа теми ја напуштија седницата. Градоначалникот Константин Георгиески, пак, кажа дека  позадината на ова напуштање на седницата е избегнување од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за точка на дневен ред која е против интересите на урбаната мафија во Охрид. 58та седница на градскиот совет, на самиот старт, ја напушти советничката група...

Continue reading

Започнува со работа Канцеларија за средба со граѓаните на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Петковска и Пецаков

Канцеларијата се наоѓа во старата зграда на ЈП Градски пазар. Од денеска, 12 март започнува со работа Канцеларијата за средба со граѓаните на пратениците од ВМРО ДПМНЕ Лидија Петковска и Кирил Пецаков. Канцеларијата се наоѓа во старата зграда ЈП Градски пазар. Во канцеларијата ќе работи асистент , 5 денови во неделата,преку кого ќе може граѓаните однапред да закажуваат средби со пратениците. „Во Канцеларијата ќе остваруваме средби со граѓаните на Охрид при што ќе можат да дадат свои предлози и идеи подобрување на условите во нашиот град. Ние преку амандмани или предлози ќе можеме сите тие нивни...

Continue reading

ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид со низа амандмани на буџетот за 2021 година

ОК на ВМРО ДПМНЕ -Охрид на утрешната седница на градскиот Совет ќе предложи ница амандмани на буџетот за 2021 година. Тоа се мерки кои се особено значајни за граѓаните на Охрид, кажа денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиновски и го повика владејачкото мнозинство во советот истите да ги поддржи. ОК на ВМРО ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага низа мерки кои сметаат дека се од особено значање за граѓаните на Охрид. Денеска на прес конференција портпаролот Перчо Божиновски ги претстави амандманите кои на утрешната седница треба да се најдат пред градските...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top