• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОК на ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и Георгиески немаат капацитет да го решат проблемот со кучињата скитници

ОК на ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и Георгиески немаат капацитет да го решат проблемот со кучињата скитници

Со Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана секојдневие граѓаните да бидат нападнати и искасани од бездомните кучиња, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

 |   | 

Со Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана секојдневие граѓаните да бидат нападнати и искасани од бездомните кучиња, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Граѓаните секојдневно гледаат глутници кучиња кои се нивна опасност насекаде низ градот. Последно е искасана туристка, а тоа минува незабележано од Георгиески. Кој ќе понесе одговорност за тоа? До кога Георгиески заедно со директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски ќе го игнорираат проблемот со бездомните кучиња? Зошто сè уште не функционира стационарот во „Мaуцкер”? Со неспособната Локална власт има секојдневни напади на кучиња врз туристи, малолетници и возрасни.
СДСМ и Георгиески со својата неодговорност и неспособност докажаа дека немаат капацитет да го решат проблемот со кучињата-скитници. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи поради нечие незнаење да страдаат жителите и туристите на Охрид, стои во дописот од партијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top