Избори УМС ВМРО-ДПМНЕ

Ангел Велкоски избран за претседател

Извршниот Комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ за претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го избра Ангел Велкоски.
 |  Јасна Стојаноска  | 

Извршниот Комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ за претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го избра Ангел Велкоски.

Голема е честа, а уште поголема одговорноста да продолжиме да го градиме и да го развиваме најбројниот и најсилниот политички подмладок во Република Македонија. Од младите започнуваат промените, тие се изворот на добри и успешни политики, нашата сила е спој на знаењето, одлучноста и енергијата. Како УМС ОК Охрид остануваме најцврста гаранција за младите и младинските политики во Охрид. Уште во нашата кампања за локалните избори се обврзавме дека Охрид има да е град во кој младите ја гледаат својата иднина тука. Светла иднина за подобро утре на сите млади. Целта која ја зацртавме е локалните проекти да бидат насочени кон подобрување на животниот стандард на секој еден млад човек во Охрид. Промените се остварија, проектите започнаа, победите се надоврзуваат – напиша Велкоски на својот фејсбук профил.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top