Ознака: досега

Австријците се за излегување од Европската унија

Post Views: 0 Прв пат во историјата во Австрија постои мнозинство кое заговара излегување од Европската унија, покажува истражувањето на институтот “Imas”. Оние кои го поддржуваат излегувањето од ЕУ се 46%, додека оние кои се против излегувањето од ЕУ сочинуваат 44%. Поточно, 21% од испитаниците во потполност го поддржуваат мислењето дека Австрија треба да излезе од ЕУ, а  25% делимично го поддржуваат тој став. Досега, во истражувањата на јавното мислење, приврзаниците на мислењето за останување во Европската унија секогаш беа мнозинство. {loadposition content9}  

Continue reading

ujp

Охриѓани годинава двојно поажурни во поднесувањето на годишните даночни пријави

Post Views: 1 Даночните обврзници од градов, годинава посериозно си ја сфатиле обврската за поднесување на годишните даночни пријави. Досега во подрачните канцеларии на Управата за јавни приходи во Охрид биле доставени 972 даночни пријави, додека во Дебрца, 45. Само за споредба во истиов период лани, биле доставени двојно помалку годишни даночни пријави, и тоа само 450. Инаку станува збор за вкупно некаде околу 5400 даночни обврзници кои оствариле некаков приход во изминатата година по некој од основите наведени во годишната даночна пријава.  Од регионалната канцеларија на УЈП во...

Continue reading

sdsm

О.О на СДСМ: Отчетот на Бакрачески-субјективна критика на поранешната власт

Post Views: 3 Општинската организација на СДСМ со реакција на отчетот на градоначалникот Бакрачески за досега сработеното. Охридските социјал-демократи имаа забелешки за повеќе области меѓу кои реагираа на наводните партиски вработувања на неквалификувани кадри, лизгалиштето на мраз и слично. Според О.О на СДСМ од Охрид, отчетот на градоначалникот Бакрачески бил повеќе осврт на она што не било сработено од претходната власт, отколку отчет за тоа што сегашната го сработила во изминатиот период. Повеќе од прес конференцијата на О.О на СДСМ во првото издание на дневникот на Телевизија...

Continue reading

nikola bakraceski

Градоначалникот поднесе отчет за досега сработеното

Post Views: 4 Градоначалникот Никола Бакрачески поднесе отчет за досега сработеното. Оваа точка  беше ставена на дневен ред дополнително по предлог на градоначалникот, а на барање на советниците од опозицијата на  последната седница. Бакрачески во обемниот отчет за периодот април- декември 2013 година зборуваше  час и 25 минути. Се осврна на големата стапка на невработенсот воопштината, на големата превработеност на оппштинската администрација во изминатите 8 години на поранешната локлна власт, на  високите долгови на општината и јавните претпријатија. Кажа за досегашните зафати во...

Continue reading

centar socijalni raboti

Охридското брачно советувалиште посетувано само по сила на законот

Post Views: 0 Брачното советувалиште отворено во рамките на Центарот за социјални работи иако целосно функционално, досега посетено само по обврска со закон. И покрај бројката на разводи кои варираат од четириесетина до педесетина предмети, во ова брачно советувалиште, сепак се чини дека ваквиот тип на советување сеуште е табу тема за охриѓани. „Доброволно доаѓање од страна на страните за надминување на тие проблеми нема. Приморани се согласно закон доколку имаат деца во бракот, за да се обидат да ги надминат тие ситуации, но доброволен пристап, немаме за жал од страна на граѓаните....

Continue reading

езеро

ОБНОВЕНО:Со средства од јапонската Влада ќе се санира колекторскиот систем

Post Views: 2 Ќе се рехабилитира колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за колекторот. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Градоначалниците на Охрид и Струга дадоа политичка поддршка за овој многу важен проект. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, рече Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското Езеро. Во најголем дел ќе се репарира колекторскиот...

Continue reading

opinci

Калфите се враќаат во дуќаните

Post Views: 6 Голем чекор за занаетчиството, калфите, односно чираците се враќаат во дуќаните. Претседателот на регионалната занаетчиска комора Сашо Богоевски, вели дека задоволни се што Министерството за економија покажа разбирање и направи напори, нивните барања да ги стави во законска рамка. „За прв пат во последниве 20 години во законот се вметнати и калфи. Она што ние упорно го баравме, ајде да кажам една од моите големи заслуги тука и успеавме калфите да ги вметниме во законот, јас барав три години калфите да учат занает, предлогот на Министерството за економија во новиот закон...

Continue reading

zdruzenija

Се надминуваат бариерите за лицата со инвалидитет

Post Views: 6 Институциите почнуваат полека да учат дека ние постоиме во оваа држава, вели Снежана Танеска од Здружението со телесно инвалидизираните лица  Мобилност од Охрид. Требаше да поминат две години по ратификацијата на Конвецијата за правата на лицата со инвалидитет за работите да почнат  да се менуваат. Танеска напоменува дека тие се свесни дека промените нема да се случат преку ноќ. Додава дека тие треба да се изборат за промените во свеста кај останатите граѓани за да  сфатат кои се нивните потреби.„ Досега бевме маргинилизирани, туркани настрана и не не погледнуваа. Сега...

Continue reading

vozilo

Штитениците од дневните центри сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило

Post Views: 27   Штитениците од дневниот центар „Доброљубие“ сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило наменето за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства собрани од големата хуманитарна акциja   „Декември-месец на отворено срце“ која се спроведе минатата година. Никола Кукоски, проект менаџерот на „Доброљубие“ вели дека откога во месец јули ова возило и било предадено на Локалната за таа да го одржува и да стопанисува со него,  тие не го имаат користено  за свои потреби. Бидејќи ние во летниот период паузираме со работа немавме можност кога да го побараме возилото....

Continue reading

podvezica

„Подвезица“ за мир во куќа

Post Views: 1 Ако досега подвезицата ви беше асоцијација за секси долна облека или моментот кога младоженецот и ја вади на невестата со заби, отсега таа има друго значење – верност. Со изумот на еден британски пар, подвезицата ќе праќа сигнал секогаш кога жената ќе се одлучи да биде неверна. Оваа “револуционерна” подвезица е изум на Едвард и Лусинда Хејл, а функционира преку чипот кој секогаш кога жената сексуално ќе се возбуди, испраќа СМС порака до партнерот, пишува DailyMail. Чипот го забележува забрзувањето на пулсот и промената во влажноста на кожата. Ако си...

Continue reading

Kuratica

Курајчани конечно ќе бидат снабдени со доволни количини вода

Post Views: 8 Се реконструира и рехабилитира постојниот каптажен систем во село Куратица. Проектот е на Секторот за туризам и локален економски развој, а средствата се обезбедени со грант од германската амбасада во Република Македонија. Жителите на ова охридско село последниве години, се насочени кон развој на руралниот туризам. Снабденоста со вода, кој е еден од основните услови за развој, досега беше голем проблем за курајчани. „Тоа беа каптажни системи на водоводот кои што првично беа изградени пред 30-35 години, и истите не беа во функција повеќе во смисла на задржување на целокупното...

Continue reading

meleno meso

Нема веќе рефус мелено месо по месарниците

Post Views: 1 Нема веќе рефус мелено месо по месарниците. Со донесувањето на новиот правилник за квалитетот на меленото месо, од почетокот на месецов, во месарите веќе не може да се купи мелено месо кое било претходно сомелено, освен ако тоа не е вакумирано, со соодветна декларација и подготвено од овластен преработувач. Правилникот вели дека ако некој сака да купи мелено месо, најпрво во месарата ќе си избере парче удина, кое потоа пред нив ќе биде сомелено од страна на продавачот. Еве што Охриѓани мислат за оваа новина. „Сега се веќе 100 проценти приватни продавници, тој не смее...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top