Post Views: 12
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(68) од охридското село Лескоец.
При контрола во патниот сообраќај, извршена на 04.02.2022 година, полициските службеници на булеварот „Туристичка” во Охрид, го затекнале пријавениот како управува автобус сопственост на правен субјект од Охрид, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Post Views: 1
Приказнатата околу заминувањето на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед доби нов епилог, откако во четвртокот навечер пред неговиот дом реагирала полиција поради навивачите кои се собраа и скандираа “премини во Сити и мртов си“.Откако Руни и јавно се изјасни дека сака да го напушти Јунајтед некогашното милениче на навивачите веднаш беше нападнат од публиката. Па така на натпреварот против Бурса од ЛШ, можеа да се видат погрдни транспаренти и вулграни скандирања, но анимозитетот доби нова димензија синоќа кога фановитесе собраа пред неговиот дом.Веднаш потоа дoшла полицијата...
Post Views: 0
Денес беше отворена првата мртовечница во Охрид. Станува збор за современо уреден објект кој ги исполнува Европските стандарди, велат од погребалниот оператор „Мирен Сон“. Денис Шибакоски, открива дека оваа дејност требало многу порано да функционира во нивното претпријатие, бидејќи условите во кои работеле досега само ја усложнувале оваа активност, бидејќи биле принудени починатите лица да ги носат во ладилниците во Скопје и Битола. Даниела Кузмановска вработена во ова претпријатие појасни кои се олеснителните околности, од кои се разбира најголем интерес би имале граѓаните...
Post Views: 4
Општа болница Охрид доби ново санитетско возило. Тоа е донација од јапонската амбасада и е во вредност од 2 милиони и 370 000 денари. Секретарот на општа болница Охрид, Антонио Наумоски вели дека возилото е единствено од ваков тип во регионот, комплетно опремено и истото ќе обезбеди поквалитетна услуга, но ќе го олесни и работењето на установата.
„После 11 години се стекнуваме со ново комплетно воило со сите стандарди кое треба да ги има едно санитетско возило. Пред се бевме зависни од службата на Брзата помош која многупати не покриваше бидејќи немавме возило, од...
Post Views: 62
Единицата Алфа доби нов статус во рамките на СВР-Скопје и сега и официјално е Единица за прв одговор и интервенција – ЕПОИ.
Покрај тоа, вчера на официјална церемонија на сто дваесет и осумте припадници на единицата им беа врачени нови решенија согласно систематизацијата во МВР.
Според министерот Гордана Јанкулоска, оваа единица потполно ги оправдала очекувања и довербата. Постигнатите резултати се причината поради која има нов статус во рамките на скопската полиција, но и своевидно признание.
– Одлуката за формализирање на Алфа-единицата во новата систематизација...
Post Views: 2
Општина Охрид доби нов европски грант од првиот повик на Програмата на Европската Унија- Interreg Balkan- Mediterranean 2014-2020 во висина од 169.000 евра за европскиот партнерски проект Inter Regional Cultural Heritage Management e- System (IRC- HERMES).
Проектот е одобрен после три фази на евалуација и строга селекција.
Главна цел на Проектот IRC- HERMES е дигитализација на културното наследство и ќе се реализира во места на УНЕСКО од повеќе балкански држави и тоа: Охрид Македонија, Крф Грција, Самос Грција и Ѓирокастра Албанија. Покрај документирањето и дигитализацијата,...
Post Views: 0
Наскоро ќе почне изградбата на современиот градски пазар на површина од 1233 метри квадратни. Ова за ТВМ Телевизија го изјави Радован Трајкоски сопственикот на градежната фирма АД „Илинден“. Трајкоски напоменува дека веднаш штом ЈП „Градски пазар“ ги одстрани тезгите тие ќе стартуваат со градежните зафати.
Над 3 милиони евра е проценетата вредност на административно -деловната зграда, која вклучува изградба на затворен зелен пазар. Во подземниот дел на објектот ќе има паркинг и 200 метри квадратни деловен простор на вториот кат. Рокот на изградба на објектот е ...
Post Views: 12
Извршена е комплетна реконструкција на покривот во централниот училишен објект на ООУ„Свети Наум Охридски“ во селото Пештани. Старите азбестни табли се заменети со современ лимен покривач, со што значително се подобрени условите за настава.
Исто така, во моментот се изведуваат работни активности за поставување на нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци во сите училишни простории и кабинети во објектот.
Средствата за реализирање на овие реконструктивни зафати, Општина Охрид ги обезбеди преку Министерството за образование и наука, по претходно објавен повик за аплицирање....
Post Views: 11
Свечено се отвори ботаничката градина на ФТУ. Ова е дел од проектот Вотернет во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која беше одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ доби околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра беа употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра се наменети за изградба на ботаничката градина.
Ова е еден од подобрите моменти на соработката помеѓу РМ и Грција. Покажавме и двата градови и Охрид и Воден дека градовите преку границата...
Post Views: 4
Основното музичко училиште „Методи Патче“ го доби највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“-Патрон на Охрид за 2016 година. Одлуката ја донесе градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на предлог на родители и на специјалната комисија во која членуваат истакнати поединци од општествениот живот во градов. Градоначалникот рече дека посебно му причинува задоволство што наградата ја добива оваа реномирана образовна институција која 50 години твори и континуирано создава музички таленти кои Охрид достојно го преставуваат во земјата и надвор.
Бројни...
Post Views: 9
Новинарот Томислав Кежаровски, доби 4,6 години затворска казна, на денешното судење за случајот „Ликвидација“. Кежаровски беше обвинет за неовластено давање информации за загрозен сведок.Пресудата денеска ја донесе судскиот совет на Кривичниот суд, на чело со судијата Дијана Груевска-Илиевска.
Сабедин Џини-Хофман доби една година и шест месеци затвор, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров е осуден на 5,6 години затворска казна, обвинителот Ивица Ефремов доби четириполгодишна затворска казна, а пензионираниот врховен судија Борис Николовски ќе лежи една година....
Post Views: 3
Денес официјално во употреба беше пуштена долгонајавуваната сензорна соба. Оваа соба која ќе функционира во рамките на ОУ „Св Климент Охридски“ е прва од ваков карактер не само во градот туку и во целиот регион. Директорот на училиштето Јордан Пуроски, искажа благодарност за добрата соработка со Црвениот Крст од Охрид како и на претставникот на Мировниот Корпус, кои се залагале за да ја остварат нивната првичната замисла од пред една година
„Тука ќе можат да ја користат сите ученици од нашето училиште, сензорната соба ја користат учениците кои што имаат потешкотии,...