Премини во Сити и ќе умреш!

„Што велиш Руни, кој е проститутка сега ?!“- пишуваше на  еден од транспарентите во рацете на лутите навивачи на Манчестер Јунајтед кои се собраа пред куќата на Вејн Руни.

 |  Маја Савиќ  | 
transparent
транспарент

Приказнатата околу заминувањето на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед доби нов епилог, откако во четвртокот навечер пред неговиот дом реагирала полиција поради навивачите кои се собраа и скандираа “премини во Сити и мртов си“.
transparent
Откако Руни и јавно се изјасни дека сака да го напушти Јунајтед некогашното милениче на навивачите веднаш беше нападнат од публиката. Па така на натпреварот против Бурса од ЛШ, можеа да се видат погрдни транспаренти и вулграни скандирања, но анимозитетот доби нова димензија синоќа кога фановитесе собраа пред неговиот дом.
tolpa navivaci pred kukata na Runi
Веднаш потоа дoшла полицијата која успеала по миран пат да ги тргни навивачите од пред домот на Руни, без да биде уапсен никој.
Се претпоставува дека Руни бил во куќата кога бил инцидентот, но воопшто не се обратил на насобраните фанови.
Од клубот рекоа дека знаат за инцидентот, но дека сигурносните детали се негова лична работа, пренесува Дејли Мејл.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top