ООУ„СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ПЕШТАНИ ДОБИ НОВ ПОКРИВ И НОВА ДОГРАМА

Извршена е комплетна реконструкција на покривот во централниот училишен објект на ООУ„Свети Наум Охридски“ во селото Пештани. Старите азбестни табли се заменети со современ лимен покривач, со што значително се подобрени условите за настава.

 |   | 

Исто така, во моментот се изведуваат работни активности за поставување на нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци во сите училишни простории и кабинети во објектот.

Средствата за реализирање на овие реконструктивни зафати, Општина Охрид ги обезбеди преку Министерството за образование и наука, по претходно објавен повик за аплицирање. Вредноста на вкупната инвестиција во ова училиште изнесува околу 3 милиони денари.

Во текот на изминатиот период, со средства од општинскиот буџет, беше извршена промена на покривната конструкција во подрачните училишни објекти на ООУ„Свети Наум Охридски“ во селата Коњско и Елшани и беше инсталиран фотоволтаичен систем на централниот училишен објект.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top