Ознака: денот

kiril i Metodij

Одбележан денот на сесловенските просветители

Post Views: 10 Општина Охрид со низа свечености достојно го одбележа 24 мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил И Методи. Пригодна манифестација се одржа на плоштадот пред спомен одбележјето на Св. Кирил И Методи, на која свежо цвеќе положија, но и се поклонаа Делегации на општина Охрид, јавните пртпријатија, основните и средните училишта, но и од политичките партии. Браќата Кирил и Методиј, пред 11 векови од Солун, по желба на Византискиот цар Михајло, а на молба од Моравскиот кнез Ростислав, добиле задача како монаси – мисионери да одат во Моравија и таму да го проповедат...

Continue reading

EU logo

Денот на Европа на Охридски начин

Post Views: 5 За Европа да не биде само пуста желба потребна е активна вклученост на граѓанинот во сите демократски процеси. А само едуциран граѓанин може да биде столб на европската иднина на земјава. Додека Европа слави 62 години постоење, кај нас сеуште се дебатира на тема нашите перспективи за членство во големото европско семејство. Младинскиот Совет од Охрид во соработка со Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“, и локалната иницијативна група на граѓани, организираше средба на која се разгледуваа Европските перспективи на Македонија и улогата на локалната заедница кон...

Continue reading

gragjani prosetka

Што празник беше денес?

Post Views: 3 Пролетери од целиот свет обединете се!!! Вака гласи најпознатиот слоган на Карл Маркс, но не верувам дека  мислел на првомајските скари и прослави, а ако мислел на тоа, богами буквално сме го сфатиле. Но еве не сега, 20 години после осамостојувањето на државава, живееме во еден друг систем, со други вредности. А од прославите се помалку останува. Не толку како Ден на трудот, туку повеќе како Ден за оддишка на обичниот граѓанин, ден за бегство во високите планини и шуми каде не допираат секојдневните проблеми. 1Ви Мај се повеќе го губи и ова значење, и станува урбанизирана...

Continue reading

decinja kralica

Портокалово, портокалово и пак портокалово

Post Views: 3 Познато сценарио, познати актери. Насмеани, ведри, облечени во карактеристичната портокалова боја, холандските туристи денес имаа можност далеку од дома да го прослават денот на холандската кралица. Плажата Куба Либре и овој пат беше домаќин и организатор на најважниот празник во холандската култура. На прославата беше присутна и првата дама на холандската дипломатија во Македонија, Мариет Шурман. „Не ми е прв пат тука во Охрид, но точно ова ми е прв пат да сум во Охрид за денот на кралицата. И денес е денот Д, 30 Април па ние го прославуваме нашиот национален празник...

Continue reading

sveki

Денес се чествува Велики петок

Post Views: 1 Денес се чествува денот кога се споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и неговото слегување во адот. Овој ден претставува стожерна точка во Страдалната седмица кој минува  во знакот на тагата. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и престарените, во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. „ Денес е моментот кога Христос се симнува од крстот и се извршува опелото на нашиот Господ Исус Христос, потсетувајќи се на оние кои го распнаа и ние кои постојано го распнуваме со нашите прегрешенија...

Continue reading

акција

Еколошка акција во ОУ „Кочо Рацин“

Post Views: 1 По повод Денот на пролетта- 21ви Март во ОУ Кочо Рацин – Охрид беше организирана еколошка акција – уредување на училишниот двор и училишните простории. Дел од учениците го чистеа училишниот двор од отпадоци а други садеа цвеќиња во саксии кои ќе ги разубават просториите во училиштето. Акцијата беше организирана во насока да се едуцираат младите генерации за одржување на чиста и убава животна средина.  {loadposition content9}

Continue reading

penzionerki

Пензионерките денес славеа

Post Views: 1 Со оро, песна, каранфил за сите жени, како и збор два за значението на празникот на жената, во Хотел „Силекс“, Охрид се одржа традиционалната прослава по повот празникот. Одбележувањето на денот на жената е во организација на Активот на пензионерки при Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца со Активите на пензионерки од Југозпадниот регион. Претседателката на пензионерките Ружа Балеска вели дека овој ден има посебно значење за нив и дека за достојно одбележување во многу принесува Здружението на пензионерите од Охрид. Празникот на сите жени им го честита...

Continue reading

vino

Што и да изберете во секој случај ќе биде црвено

Post Views: 17 Денес е 14ти Февруари, православен Свети Трифун, денот кога лозарите закројуваат три пенушки од своето лозје со надеж дека тоа ќе им донесе бериќет, многу грозје и многу вино. Истовремено овој датум носи и поинакво значење. 14ти Февруари е денот на католичкиот бискуп Валентајн, кој се смета за заштитник на вљубените. Она што некогаш го имаше само на холивудските филмови, сега е реалност и во нашата земја. Покрај Свети Трифун, се повеќе млади го слават и Денот на вљубените. Се купуваат црвени рози, слатки мечиња, и секакви подароци, се само за да се каже „Те сакам“...

Continue reading

Sv Sava

Денот на Свети Сава по петти јубилеен пат одбележан во Охрид

Post Views: 6 Имено вистинското име на свети Сава е Растко Немањиќ, и е син на Стефан Немања, големиот српски жупан. Стефан му понудил на својот син да биде крал на Србија, но овој го одбил при што избегал во Света Гора каде што се замонашил. Заедно со својот татко го изградиле манастирот Хиландар и таму го добива и своето црковно име Сава. Сава бил првиот српски архиепископ, основал манастири и школи во средновековна Србија. Починал во Велико Трново, во Бугарија. Согласно Законот за празници, Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија....

Continue reading

plasici

Два тона чорба за денот на рибарите

Post Views: 7 Во еден несекојдневен амбиент се одбележа денот на рибарите. Оваа охридска традиција од година во година добива се поголем публицитет. И годинава, организаторите на овој ден добро се потрудија да ги изненадат своите сограѓани и гостите кои престојуваат во градот. Пред некогашната библиотека беше поставен казан во кој се крчкаше 2 тона рибја чорба, приготвена од врвните мајстори на Општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Професорот Блаже Јорданоски, рече дека не е едноставно да се земе одговорноста за приготвување на голема количина чорба, бидејќи...

Continue reading

alt

Александар Андоноски го фати бурето со бело вино

Post Views: 3 Младиот Александар Андоноски со својата тајфа го фати бурето со бело вино. Традиционалното фрлање на десетте буриња со вино во разбрануваните води на езерото, беше главниот настан за денот на рибарите. Александар пресреќен, изјави дека неколку пати се обидува да го направи овој подвиг и дека конечно денес во тоа и успеал. Вети дека тој и неговата тајфа ќе го испијат целото буре. Во годините кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води, рибарите го земале крстот од црквата Геракомија, за да не се казни попот и пред да заминат ноќта...

Continue reading

Муамер Доко

Ден на настава по турски јазик

Post Views: 0 Учениците и наставниците од турска националност прославуваат. Денеска се одбележува  денот на наставата по турски јазик, кој во државава со одлука на владата на Р Македонија, се прославува од 21 декември 2007 год.„По повод денот на наставата на турски јазик денеска од ООУ Братство единство, заедно со наставниците присуствуваа на централната приредба која се одржа во салата Борис Трајковски и на која беа доделени плакети за најдобрите ученици. „ Денот вчера  во нашето училиште се одбележа со свечена приредба која ја организираа учениците заедно со наставниците.  По повод...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top