Ознака: денот

crven krst blagodarnici

Благодарници и признанија за најхуманите охриѓани

Post Views: 5 Признанија за повеќекратни дарители на крв, фирми и институции, образовно – воспитни установи и поединци кои постигнале значајни резултати во крводарувањето во 2012 год. Крводарителите и сите останати хумани охриѓани денеска во очи на  17 март  го одбележаа  денот на Црвениот крст на Р Македонија и денот на крводарителството. Претседателот на ОО на Црвениот крст вели дека тие се горди на она што го направиле во минатата година, затоа што го надминале планот за крводарителство за 2012 год. Тој открива дека собрале 1930 единици крв, со што за 14 проценти го надминале планот...

Continue reading

8-mi Mart

Жените рамноправни на хартија, реалноста поинаква

Post Views: 4 Продолжува осмомартовската традиција на прослава на Денот на жената. Празникот се одбележува со одење во ресторани, патувања, со размена на подароци и цвеќе, прослава со примеси од празнувањето на Денот на мајката и Денот на вљубените.  Тоа  е навистина убав начин, но доколку и во 21 век жената не се соочува со разни видови на дискриминација и суптилни нарушувања на нејзините човечки права, вели Катерина Василеска, од  клубот „Сороптимус“ интернационал. Заложба на интернационалниот клуб  овде и насекаде во светот е да се мотивираат жените  да го прославуваат на соодветeн...

Continue reading

kazan corba Ginis

Рибна чорба за Гинис

Post Views: 3 Охриѓани подготвија 3,3 тони рибина чорба, со која најверојатно го соборија Гинисовиот рекорд поставен од американски колеџ, за најголема количина рибна чорба. Сето ова се случуваше вчeра под будното око на преставниците на Гинис, на празникот Св. Јован кога традиционално се одбележува Денот на рибарите. „Еве можам да кажам дека Гинисовиот рекорд е соборен, затоа што тој досега изнесуваше 3 тони и 25 литри рибна чорба, а ние правиме 3 тони и триста. Се е снимено и заверено на нотар. Направивме се според инструкциите на Гинис“, вели Љупчо Арнаудов, преставник на здружението...

Continue reading

simona

Мона продолжува со лекување

Post Views: 1 Охридската Општа болница помага во лекувањето на Симона Јовеска. Таа живее во темница и досега ја нема видено светлината на денот. „Надежта последна умира и се што треба ќе направам моето дете да прогледа и до година да ја пратам на  училиште“, вели мајката на Симона, Гордана Силјаноска.Мајката на малечката Мона живее со надеж дека еден ден и нејзината ќерка ќе слезе пред зградата во која живее да игра со своите другарчиња  и да им се радува на боите на денот. Токму таа надеж и дава сила да истрае и покрај својот инвалидитет неуморно да се грижи со голема  љубов за своето...

Continue reading

otvoranje Leskoec-Skrebatno lokalna

И Локалната свечено го пушти патниот правец Лескоец-Скребатно

Post Views: 2 Локалната самоуправа на општина Охрид, предводена од градоначалникот, Александар Петрески, како дел од чествувањата по повод 7ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, денес свечено го отвори патниот правец Лескоец-Скребатно. Градоначалникот Петрески, пред Лесковчани ја пресече црвената лента на овој пат кој минува низ самото село и води до излетничкото место Скребатно. Ова е второ свечено отворање на истиот патен правец за период од месец дена. Првиот пат, него свечено го пушти во употреба владината делегација по повод Денот на револуционерната борба, 11 Октомври....

Continue reading

bratstvo

Одбележани „Денот на акција“ и 7 ми Ноември

Post Views: 6   Учениците од прво до осмо одделение во О.У. „Братство Единство“, денес покрај училишните обврски беа дополнително ангажирани. Тие со различни активности го одбележаа денот на ослободување на градот 7 ми Ноември а воедно го одбележаа и светскиот „Ден на акција“, на еко-училиштата и еко-градинките. Некои засадија цвеќиња, други танцуваа, трети изведуваа игри без граници и сите беа задоволни од сработеното. „Ние денеска садевме разни цвеќиња и горди сме што го разубавивме училиштето. Jас бев вклучена во активноста за садење на цвеќиња и ќе допринесиме за уредување на...

Continue reading

sud

Европски ден на граѓанската правда

Post Views: 0 Европски ден на граѓанската правда. Основниот суд во Охрид денес по повод 25 октомври денот на правдата, од 12 часот ширум ги отвори вратите за граѓаните, медиумите и сите заинтересирани, за да се запознаат со можностите за остварување на своите права. Првиот човек на охридскиот суд, Милчо Клишески, вели одбележувањето се прави со отворени денови во судовите, на кои граѓаните можат со доаѓање на судски рочишта, преку непосреден контакт со претседателот да се запознаат со работењето на судот и функционирањето на правосудниот систем во земјава. Но ваквата практика Клишески...

Continue reading

den na penzioneri

Битисувањето на охридските пензионери преточено во монографија

Post Views: 2 Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца денес го одбележа својот ден. Денот на пензионерите кој традиционално се одбележува на 20 Септември тие одлучиле да го поместат за денес поради поканетите гости. А гости имаа од сите свои збратимени градови како од земјата така и од соседните држави. „Ние секоја година по повод 20 Септември Денот на пензионерите организираме ваква свеченост како денешната. Од година во година мислам дека е се поорганизирана нашата прослава и со мног голем број на посетители. Многу ме радува тоа што беше преполна салата во Домот на култура,...

Continue reading

borci

Повеќе настани одбележани во еден ден

Post Views: 3 Одбележан 6 ти септември, денот на формирањето на шестата бригада. Борците и поддржувачите на делата на НОБ од охридско-струшкиот и регионот на Дебрца, денес во простории Сојузот на борците во Охрид се собраа за потсетат на неколку значајни денови од историјата на Македонија, со посебен осврт на формирањето на шестата бригада. Никола Стефаноски потпретседателот на Сојузот на борците, потсети дека не треба да се забораваат и секогаш треба да се одбележуваат настаните каде се втемелени бројни жртви. „Ние со посебен пиетет се однесуваме во одбележување на овие настани пред...

Continue reading

most

Зошто им се стемнува на светилките во градов

Post Views: 1 Мостот на желбите повторно потона во мрак. Дел од канделабрите на овој мост беа искршени од несовесни граѓани. Локалната откако во неколку наврати реагираше на ваквите недолични појави што со апели што со предупредувања, овојпат изнајде соломонско решение. Сашо Велјаноски,самостоен помлад соработник во јавно осветлување во Локалната вели; За да не биде мостот на желбите обвиен во мрак дел од канделабрите ги поставивме на карпите. Велјаноски објаснува дека интервенциите од овој вид не се единствени. Тие континуирано работат на сервисирање на светилките низ градов. Затоа...

Continue reading

nerabotni denovi

Една третина од годината Македонија не работи

Post Views: 3 Македонците обично важат за вредна нација која не се плаши да ги засука ракавите и да сработи нешто. И ова донекаде е точно. Но ако ѕирнеме во статистиката, малку ќе ја разнишаме оваа теорија. За сите, па дури и за нас тука во Македонија, годината си има 365 дена ама многу е јасно дека не може сите да се одработат бидејќи нацијава ќе ни беше ептен уморна. Не, не работиме 365 дена. Ако од оваа бројка ги одземеме 105те дена од 2012 година кои отпаѓаат на неработни викенди, излегува дека работиме 260 дена годишно. Ама не е така, затоа што ние, а кога велам ние, мислам на...

Continue reading

dimitrija stojceski

Како се прославуваше Денот на младоста?

Post Views: 5 Почитувачите на ликот и делото на Ј.Б.Тито од Охрид, потсетуваат на значењето на 25 мај. Овој датум некогаш се одбележуваше како Ден на младоста и роденден на доживотниот претседател на СФРЈугославија, Јосип Броз Тито. Димитрија Стојчески секоја година во очи на овој ден потсетува на чинот на носењето на штафетата која имаше единствена цел, преку спорт и слетови, да се дружат, да се сакаат младите и сите граѓани на државата. „За време на СФРЈ, чест и задоволство беше да бидеш пионер, младинец, ученик, студент, спортиста, земјоделец, работник, агроном, учител, наставник,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top