Жените рамноправни на хартија, реалноста поинаква

Продолжува осмомартовската традиција на прослава на Денот на жената.

 |  Валентина Неловска  | 
8-mi Mart
8-mi Mart

Продолжува осмомартовската традиција на прослава на Денот на жената. Празникот се одбележува со одење во ресторани, патувања, со размена на подароци и цвеќе, прослава со примеси од празнувањето на Денот на мајката и Денот на вљубените.  Тоа  е навистина убав начин, но доколку и во 21 век жената не се соочува со разни видови на дискриминација и суптилни нарушувања на нејзините човечки права, вели Катерина Василеска, од  клубот „Сороптимус“ интернационал. Заложба на интернационалниот клуб  овде и насекаде во светот е да се мотивираат жените  да го прославуваат на соодветeн начин.  Ние имаме добри Закони  синхронизирани со европските, но во пракса сепак постојат разлики меѓу половите. Биолошката различност меѓу половите влијае врз женските права, а  нашата држава  е индифирентна кон нивно олеснувања. Жената на прво место ја става улогата на мајка, а дури  потоа ја избира кариерата.
praznik
„Од тоа  нема да има потреба доколку државата овозможи  мајките да имаат пола или флексибилно работно време, одредени бенифиции додека се бремени или пак во првите години додека го одгледуваат детето“, вели Василеска.

Жените треба да бидат посвесни дека се нарушува половата рамноправност стекната  со политичка револуција пред 100-тина години. Не запираат насилството врз жената, кршење  на правата при распределба на семејното наследство, вклученоста во политиката и вработувањето. Сеуште има случаи каде што женските деца мора да се мажат и да го напуштат домот и на тој начин да го отстапат семејното наследството на машките деца. Но,  еден од најсериозните проблеми на денешницата во однос на кршењето на човековите права на жената е семејното насилство, нагласува Василеска. praznik
„ Ние пропагираме да се прославува овој ден со апели до Владите и граѓаните дека на овој ден жените треба да се борат и работат на освестување дека  не се еднакви со мажите. Најголемиот проблем и во светот  и кај нас е семејното насилство, смета Василеска“.

Од охридскиот Центар за социјални работи информираат дека во 2012 година во нивната институција се евидентирани 37 пријави за извршено семејно насилство, а годинава таа бројка е 3 случаи.
Најчести причини за семејното насилство се нарушени партнески односи и традиционалните сфаќања за улогите на мажите и жените во семејството. Жртви на насилството  најчесто се жени од различни возрасти.  Во Охрид во моментов нема  прифатилиште, а жртвите на семејно насилство се испраќаат во прифатилишта во градови низ Македонија по проценка на стручен тим од центарот.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top