Ознака: Дебрца

den osloboduvanje

Пензионерите од Охрид и Дебрца ден порано го одбележаа 7ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид

Post Views: 1 Здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, како и здружението на пензионери од Струга, ден порано ја одбележаа 70 годишнината од ослободувањето на Охрид. „По тој повод организиравме манифестација на која го одбележуваме овој ден, пред 70 години, ден кога е ослободен овој убав град. На оваа манифестација учествуваат и млади ученици кои со своите рецитаторски творби ја прикажуваат вистината за за времето кога се одвивале настаните и ја прикажуваат вистината за ослободувањето на градот.“-рече претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. {loadposition...

Continue reading

priracnik

Охридските пензионери добија прирачник со практични совети за нивна поголема безбедност

Post Views: 3 Пензионерите од Охрид и Дебрца добија прирачник со практични совети, мерки и постапки како да превенираат станување на лесна мета на извршители на кражби и други кривични дела. Насловен како „Внимавајте на вашата безбедност“, прирачникот според портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски има за цел да делува превентивно и да ги заштити пензионерите и повозрасните лица. „Да се обидеме на овој начин да ја подигнеме свеста на пензионерите и воопшто на повозрасните луѓе дека треба да посветат повеќе внимание на својот личен имот, паричник, ташна, но и на предметите кои што...

Continue reading

Општина Дебрца организира обука за локални водичи за биолошката разновидност во Општина Дебрца и Белчишко Блато

Post Views: 3 Општина Дебрца организира обука за локални водичи, во рамките на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – Conse-pp“, со цел зголемување на свесноста и знаењето за биодиверзитетот во рамките на Белчишко Блато. Проектот е финансиран од програмата за меѓугранична соработка, Interreg IPA-Cross Border Programme Greece-Republic of North Macedonia. Обуката планирано е да се одржи , на 18 јуни 2021 година.

Continue reading

penzioneri

Пензионерите од Дебрца формираа посебно здружение

Post Views: 4 Засебно здружение формираа пензионерите од општина Дебрца. Сисое Иваноски е новиот претседател на  Здружението на пензионери на Дебрца. Со основачкото Собрание тие се издвоија од  Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца. Иваноски кажува дека претходно спровеле  анкета со пензионерите од  нивната општина. Над 70 проценти од анкетираните жители дале согласност да се издвојат од досегашното здружение  на пензионери. Иваноски ги наведува и причините за  ваквата одлука.„ Имаше незадоволство од екскурзиите кои ги преземаше здружението во Охрид. Нити еден наш пензионер не...

Continue reading

svecena sednica

Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври

Post Views: 8   Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пратеникот Сашо Василевски, претставниците на Локалната самоуправа, директори на јавните претпријатија и на охридските училишта денеска ја напуштија свечента академија изреволтирани од вториот дел на говорот на Гоце Георгиески, претседателот на Општинската организација на Сојзуот на борците од Охрид и Дебрца. Георгиески откога во своето излагање се осврна на значењето на овој историски датум, даде и свое видување,...

Continue reading

borci

Дебрца денес го одбележа Патронот, 3 ти октомври

Post Views: 4 Општина Дебрца денес го одбележа Патрониот празник 3 октомври. Овој ден како што кажа градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, од претходните власти е прогласен за патрон според датумот на кој е потпишан Манифестот на АСНОМ, односно документот кога започнало правното движење на АСНОМ во далечната 1943 година во Црвена Вода. „Денес на самото место во Црвена Вода беше положено свежо цвеќе по повод патрониот празник и во оваа сала се одржа една манифестација на која имаше настап на учениците од ОУ Дебрца кои ја исполнаа химната, рецитал, мое обраќање до присутните како...

Continue reading

akcija

Традиционално и годинава ќе се одржи акцијата „За посреќно детство“

Post Views: 1 Во сабота ќе се одржи традиционалната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“. Главната активност со која што официјално започнува хуманитарната активност ќе биде трката во 11 часот од чинарот до крајот на плоштадот, како што најави Мимоза Ставреска од Црвениот крст Охрид. Секој што ќе купи учеснички број за акцијата, ќе може да се натпреварува во шах, кошарка, фудбал, одбојка, ракомет, пикадо, за најмладите вртење хула-хоп, менување чашки, а исто така талоните учествуваат во наградна игра, информира Ставреска. „Ги повикуваме сите наши сограѓани да ни се придружат...

Continue reading

deponija velmej

Протест во с. Велмеј

Post Views: 2 Протест во с. Велмеј. Околу 70 луѓе денес го блокирале возилото на ЈКП „Дебрца“, кое било натоварено со смет од цела Дебрца. Претседателот на М.З. Гоце Цветкоски, вели дека протестите се поради непочитување на договорот помеѓу МЗ Велмеј, општина Дебрца, односно градоначалникот и ЈКП „Дебрца“. „На 22.09 имаше седница на Советот на општината на која присуствуваа двајца наши членови од М.З. Потпретседателот и еден член од Советот, на кој побаравме од Советот да ја почитуваат одлуката на жителите на с. Велмеј да не депонираат во селската депонија, под наводници, бидејќи...

Continue reading

plaza Debrca

Одлучено е како ќе изгледа новата плажа на Охридско Езеро

Post Views: 0   Избрано идејното решение за изгледот на новата плажа на Охридското езеро во општина Дебрца. На анкетата објавена од Министерството за транспорт и врски на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија за плажа на Охридско Езеро во општина Дебарца, избраното решение добило 56 % од вкупниот број гласови. Плажата во должина од 500 метри се наоѓа во атарот на селото Оровник во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.   Според избраниот проект ова мало делче од охридското крајбрежје ќе добие атрактивен лик со модерна и помалку футуристичка плажа во...

Continue reading

logo

Дел од Дебрца денес без струја

Post Views: 17 Денес, 10-ти септември, од 10 до 17 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Брежани, Песочани, Ново Село, Ботун, Белчишта, Злести, Горно Средорече Грко Поле, Велмеј, Лешани, ЕМО-Лешани, амбуланта Белчишта,  општина Дебрца, СЕЦ ЕН-СОЛ, Рудник Набигори, Ино-Спектар, ТВ Антена Дебрца, репетитор Велмеј, репетитор ОНЕ, „Сигурносни појаси“, БП „ОКТА“, „Хебел“, фарма за јајца, информираат од ЕВН Македонија. Оттаму велат дека прекинот е заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. {loadposition...

Continue reading

preoden pehar

Охридските пензионери севкупни победници на пензионерската олимпијада четврти пат едноподруго

Post Views: 2 Пензионерите од Охрид и Дебрца севкупни победници на пензионерската олимпијада. По четврти пат нашите пензионери се освојувачи на преодниот пехар за севкупен победник на игрите, а веќе се сопственици и на еден траен пехар кој го добија за нивното трето последователно прво место на претходните настапи. Тие велат дека со постигнатите резултати на најубав можен начин на своите сограѓани и сите граѓани на републикава го честитаат Денот на независноста, 8ми Септември. На 19тите републички спортски натпревари, нашите пензионери учествуваа со 23ца претставници, а се натпреваруваа...

Continue reading

plaza

И општина Дебрца ќе добие плажа

Post Views: 4 И општина Дебрца ќе добие плажа. Современо уредена плажа ќе добие и општина Дебрца. Плажата се наоѓа во атарот на селото Оровник во должина од 500 метри веднаш под аеродромот „Св. Апостол Павле“, напоменува градоначалникот  Игор Трајкоски „ Со плажата во атарот на селото Оровник и општината Дебрца ќе добие сопствена плажа на Охридското езеро. Очекуваме селото Оровник да прерасне во туристичка населба“, истакнува Трајкоски. Уредувањето на плажата е на барање на општина Дебрца. Министерството за транспорт и врски денес објави јавна анкета на која ќе се избира најдоброто...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top