Протест во с. Велмеј

Селската депонија во с. Велмеј, општина Дебрца проблем број еден. Таму се депонирало смет од сите населени места од оваа општина, истиот се палел и ја загадувал водата за пиење во некои населени места, реагираат мештаните. Тие деновиве својот револт го изразуваат преку протест а посебно се иритирани од како што кажаа игнорантскиот однос на раководните структури и градоначалникот на С. Дебрца.

 |  Николоска Биљана  | 
deponija velmej
депонија велмеј

deponija velmejПротест во с. Велмеј. Околу 70 луѓе денес го блокирале возилото на ЈКП „Дебрца“, кое било натоварено со смет од цела Дебрца. Претседателот на М.З. Гоце Цветкоски, вели дека протестите се поради непочитување на договорот помеѓу МЗ Велмеј, општина Дебрца, односно градоначалникот и ЈКП „Дебрца“.

„На 22.09 имаше седница на Советот на општината на која присуствуваа двајца наши членови од М.З. Потпретседателот и еден член од Советот, на кој побаравме од Советот да ја почитуваат одлуката на жителите на с. Велмеј да не депонираат во селската депонија, под наводници, бидејќи таа е привремена и само за село Велмеј да не депонираат отпад од останатите населени места на село Дебрца. Советот на општината ја прифати нашата иницијатива меѓутоа повторно се случуваше истата работа и во вчерашниот ден го блокиравме возилото на ЈКП Дебрца, разговаравме со директорката и таа вети дека повеќе отпад нема да се депонира во селската депонија од с. Велмеј“ – вели Цветкоски.

deponija velmejНаселението на Велмеј посебно е револтирано од како што кажа Цветкоски, игноранскиот однос на раководството на општина Дебрца, а посебно на ЈКП, бидејќи наплатата на комуналната такса во Велмеј била 99%.

 „Од општина Дебрца не е удостои ниту еден претставник значи од најниско до највисоко ниво што дополнително го револтира населението во Велмеј, така да како МЗ донесовме одлука да свикаме еден собир на граѓани и за овој проблем да го информираме Советот на општина Дебрца кој веќе еднаш е информиран СВР Охрид, како и ќе се обратиме до Владата на РМ затоа што навистина општина Дебрца, во село Влемеј последниве две години ни ствара проблеми ни навестуваа дека заедно ќе ги решаваме проблемите но ништо од тоа“ нагласува Цветкоски.

Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски, рече дека запознат е со проблемот и неговиот став бил кажан на последната седница на Совет на Дебрца. Тој смета дека протестот повеќе е политички мотивиран отколку што се однесува на самиот проблем.

deponija velmej„Проблемот со депониите во цела држава не е решен се до оној момент кога ќе се изнајди решение за изградба на регионалната депонија. Меѓутоа денес имало некој протести во врска со самата депонија, иско знаеме дека постои одлука од претходната власт за изградба на депонија во тој дел на општина Дебрца“ – изјави Трајкоски.

Во Велмеј живеат околу 250 луѓе. Проблемот станува посериозен бидејќи последниве месеци депонијата секојдневно се палела, чадела и се ширела непријатна миризба. На вчерашните протести се приклучиле и мештаните од Горно Средоречје кое подрачје директно било засегнато од овој проблем бидејќи изворите од кои пиеле вода биле под депонијата. Велмешани подршка имале и од другите населени места, Лешани итн. Градоначалникот Трајкоски рече дека не е запознат дека протестот бил поддржан и од другите населени места од општина Дебрца. Тој вети дека за брзо време ќе организираат средба на која ќе преговараат во врска со надминување на проблемот со селската депонија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top