Ознака: граѓаните

amam

Одобрение, што е тоа?

Post Views: 10 Охридската чаршија спаѓа во строго заштитена споменичка целина на градот. Секоја измена во таа зона, дали се работи за доградба, надградба или санација на фасада на објекти, треба да помине низ повеќе институционални филтри, секако со уредно доставена проектна документација од страна на барателот на услуга. Од страна на Завод и Музеј Охрид, како една од релевантните страни за добивање зелено светло за видоизменување на објектите кои спаѓаат под заштита, директорката Тања Паскали Бунташеска, вели дека се работи по строго дефинирани правила согласно новите измени и дополнувања...

Continue reading

EVN

Бран поскапувања ја зафати Македонија

Post Views: 1 Низа поскапувања во Македнија. Нафтените деривати, маслото, лебот, шеќерот, овошјето, зеленчукот и сите останати прехранбените производи веќе се продаваат по нова повисока цена. Дури и цената на какаото на светски стокови берзи вчера порасна за околу 19 долари што претставува највисоко ниво во последниве 32 години. Сепак најголем револт кај граѓаните предизвика новата цена на струјата. Регулаторната комисија за енергетика цени дека новата цена на електричната енергија треба да биде повисока за 5,48 отсто. Оваа одлука беше донесена на подготвителната седница, пред два...

Continue reading

nevladini organizacii

Што НАВИСТИНА работат граѓанските организации?

Post Views: 5 Помошни инструменти на политичките партии за остварување на своите цели или огромни перални на странски капитал? Или пак органи на едно современо општество кои навистина ја оправдуваат целта на своето функционирање. Како и да е, во време на евентуално предизборије, итоакако ќе си го најдат своето место и функција во општеството. За среќа бројот на организации кои се занимаваат со т.н. висока политика и кои го консумираат – овој пат, за жал – најголемиот медиумски интерес за свиоте активности, е неспоредливо помал во однос на оние организации кои им се посветени...

Continue reading

Ilindenska mrak

После двомесечен мрак, на Илинденска конечно светло

Post Views: 11 На граѓаните од „Илинденска“ конечно им се провидели. Улицата која подолг период беше обвиена во мрак, од денес ќе биде целосно функционална. Нејзините жители пред извесно време апелирале до надлежните во Општината, но дури вчера нивните молби биле слушнати. „Илинденска“ вчера го доби редовното одржување. Улицата која подолг период беше во целосен мрак, од денес се враќа во нормала. Граѓаните кои живеат на оваа улица подолго време се снаоѓаа кој како може. Движењето навечер по оваа улица беше вистинска опасност бидејќи таа се наоѓаше во целосен мрак. Проблемот беше...

Continue reading

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ реагира на обвинувањата на локалната

Post Views: 13 Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов  реагира на обвинувањата упатени кон него но и кон неговата матична партијата вчера од страна на раководителите на секторите при локалната самоуправа. „И вчера се покажа бедата на локалната самоуправа и злоупотребата на локалната како пресс центар на СДСМ. Недозволиво е локалната самоуправа која ја плаќаат сите, да се користи како пресс центар на СДСМ“, вели претседателот на Ок Атанаско Михаилов. Тој додаде дека наместо да работат раководителите на секторите тие се преокупурани со меѓусебни препукувања, расправии,...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Како фунционира локалната без градоначалникот?

Post Views: 6 Отсуството на градоачалникот ги забави работите во локалната самоуправа. „Проблемите се натрупуваат, а граѓаните мора да знаат што се случува“, вели претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. „Во овој момет локалната е во длабок зимски сон, советот не работи, седници нема, планови за наредната година нема, никакви извештаи за тоа како ќе се реализира буџетот, нема програма за туризам , за локален економски развој, едноставно во моментов општината како да не фунционира. Пред Нова Година градоначалникот на вработените им подели К15 по 12 000 денари, а советниците...

Continue reading

gradbi

Уставниот суд им пресуди на локалните плански документации

Post Views: 8 На Уставен суд паднаа локалните плански документации од законот за просторно и урбано планирање. Најновите измени веќе предизвикаа главоболки кај граѓаните и инвеститорите. Од локалната самоуправа пак кај која се слева значителна сума на пари пооснов на комуналии не се многу загрижени. Началникот на секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој Бранко Арнаудов со краток комнетар што губи локалната со последните измени од Законот за просторно и урбано планирање,  локалната не губи ама губат инвеститорите. Од друга страна планерите се жалат дека...

Continue reading

ujp

Истекува рокот за поднесување на годишната даночна пријава

Post Views: 7 Поднесувањето на годишната даночна пријава и натаму задава главоболки и на вработените во УЈП и на самите граѓани. Најголемиот број на граѓани сеуште се неинформирани за оваа обврска и начинот на нејзино исполнување. За оваа цел, УЈП подготви информативни материјали кои бесплатно можат да се преземат од официјалната страна на Управата, од каде што може да се преземе и образецот за годишната даночна пријава или пак истиот да се побара на шалтерите во Управата. „Секој граѓанин кој што остварил приходи во земјата или во странство за 2010 година, должен е да ги пријави...

Continue reading

И лебот ќе стане луксуз за граѓаните

Post Views: 0 Векна леб, луксуз за најголемиот број граѓани во Македонија. По се изгледа со најавените нови поскапувања и овој основен прехрамбен продукт за многумина ќе стане недостижен. Граѓаните секојдневно се соочуваат со серија поскапувања, но најавата за зголемување на цената на лебот предизвика најжестоки реакции. Во ситуација кога платите остануваат закопани во место со години наназад, обичниот човек одвај врзува крај со крај. Кога на ова ќе се додадат и сметките за струја, вода, комунално, преживувањето на месецот за обичниот човек станува невозможна мисија. Локалните производители...

Continue reading

Atina Bojadzi

Едногласни дека Атина Бојаџи треба да добие соодветно признание

Post Views: 8 Најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња и првата жена од Балканот која го препливала каналот Ла Манш, Атина Бојаџи по нејзината смрт предизвика огромно внимание. Граѓаните, а воедно и советниците на политичките партии едногласни дека треба да и се оддаде почит. Со смртта на нашата една и единствена Атина Бојаџи, се наметна прашањето на кој начин да и се оддаде почит. Мислењата се поделени, но сите се согласни дека треба на достоен начин да и се оддаде признание на првата жена од Балканот која го преплива Ла Манш. Граѓаните со свои размислувања....

Continue reading

merenje bucava

Бучавата сериозно атакува врз здравјето на мештаните, но и врз туризмот

Post Views: 7 Останавме без здравје, се жалат граѓаните на бучавоста која доаѓа  од угостителските објекти во градот и во Пешатани. Од  година во година бучавоста  станува се посериозен проблем кој негативно се одразува  врз здравјето на мештаните. Туристите  пак кои престојуваат во  стариот дел од градот и во околните туристички места се почесто бегаат од неподносливата бучава. Оние кои се занимаваат со приватно сместување резигнирано велат ,„останавме и без здравје и без пари“. За да се надмине проблемот со бучавоста, од пред три години е донесен и Закон за заштита од бучавост во...

Continue reading

Zeleznicka

Се санираат отворените шахти на „Железничка“

Post Views: 0 По поплаките на граѓаните до нашата телевизија за оставените отворени шахти на магистралниот пат „Железничка“, надлежните на терен го санираат проблемот. Од ЈП „Нискоградба, велат дека има уште неколку шахти кои се оставени необезбедени, иако тие не се надлежни за санирање на шахтите, туку  одговориле на повикот од изведувачот „Илинден“. Хусеин Ќато, раководител на секторот за одржување и изградба на канализација при ЈП Нискоградба, вели дека доцнењето на санацијата се должи на временските услови. Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет на барањата на граѓаните,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top