Ознака: граѓаните

Lagadin

Депонии со шут никнуваат над елитната населба Лагадин

Post Views: 1 На патот  Охрид – Св Наум, веднаш над елитната населба Лагадин, се  одлага градежен шут и земја.  Просторот кој се загадува од несовесни превозници се наоѓа во рамките на Националниот парк Галичица. За безмилосното еколошко  уништување на овој предел кој се наоѓа во непосредна близина на езерскиот брег реагираат граѓаните. Потенцираат дека е жално што институциите не преземаат мерки за спречување на загадувањето на околината.Додека во јавноста граѓаните загрижено го посочуваат проблемот, од националниот парк не знаат за него. Директорот на Националниот парк „Галичица“,...

Continue reading

soobrakaj

Експертите со различни оценки за сообраќајниот режим

Post Views: 7 Завршувањето на  примената на летниот режим на сообраќај наметна неколку прашања кои ги засегаат граѓаните. Експертите имаат  различно гледиште за квалитетот на годинешниот сообраќаен  режим на терен. Неодамна  раководителот на одделението за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалоски, за ТВМ изјави дека е задоволен од годинешното решение на летниот режим на сообраќај. Шикалоски потенцираше дека како резултат на годинешното решение на  клучните раскрсници, кај Oпштината и Домот на АРМ, годинава сообраќајот поминал  без инциденти. Експертот по сообраќај и советник,...

Continue reading

Граѓаните се потешко инвестираат во осигурување

Post Views: 1 Рецесијата која ја зафати изминатата година  нашата земја се одразува  и во оваа сфера. Премиите за осигурување на домаќинствата не се високи и се движат во просек од 3000 до 6000 денари, годишно. Плаќањето може да е и на рати, и е доста поволно  во однос на штетите кои можат да настанат нагласува   раководителот на Кроација осигурување, Ѓоко Танаскоски. „,Но , охриѓани како и и сите граѓани на државата ги зафати рецесијата  се подготвени да осигуруваат само она што мораат  законски, а тоа најмногу се однесува на авто одговорноста  и зелените  картони доколу патуваат...

Continue reading

До каде оди дрскоста на граѓаните?

Post Views: 0 Туристите во Охрид доаѓаат и си заминуваат, а сметот во кој се дави градот останува. На почетокот од туристичката сезона екипата на ТВМ излезе на терен со цел да истражи колку и како ЈП Комуналец се справува со хигиената во градот. Во анкетата со граѓаните, вината се сведе на комуналното претпријатие, кое наводно недоволно совесно си ги извршува обврските. „Сепак кога малку подетално ќе се запознаете со проблемите на лице место, ќе видите дека работите и не се баш такви“, демантира Сашо Алчев, дир. на ЈП Комуналец. „Со сите сили се трудиме градот да може да се гордее...

Continue reading

ezero

Охриѓани не знаат да штедат вода признаваат граѓаните

Post Views: 2 Водата има посебно место во животот на планетата Земја. Таа значи живот и овозможува развој и создавање на нов. Охриѓани не се рационални во користењето на водата, признаваат граѓаните. На локално ниво , МЈП „Проаква“ , работна единица Водовод, неколку години наназад ја подига јавната свест за значењето на водата. Годинава, најмладите им се целна група и светскиот ден на водата ќе го одбележат со ликовен конкурс на учениците од сите основни, охридски училишта вели Светлана Велјаноска МЈП „Проаква“. Државата, исто така се вклучува во се поголема заштита на водата....

Continue reading

Пациентите не знаат што добиваат со референтните цени на лековите

Post Views: 4 Новиот начин за набавка на лекови со доплата или референтните цени на дел од граѓаните не им се познати. За нив не се толку важни новите начини на издавање на лекови, туку аптеките да се снабдени. Од друга страна пак од аптеките велат дека при купувањето лекови владее голема нервоза и недоверба кај пациентите. „Кога ќе ја слушнат сумата која треба да ја доплатат не веруваат и доаѓа до кавги“, објаснуваат фармецевтите  кои не сакаат да зборуваат  јавно. За најефтиниот лек “Фуросемид“ на рецепт за кој претходно доплатувале 5 денари сега треба да платат 8 денари. Oд...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top