Tag: граѓаните

Граѓаните кои прележале Ковид ќе добијат сертификат кој ќе може да го користат за патување

Сертификати за лица кои прележале Ковид во последните девет месеци ќе се издаваат од министерството за здравство. Надлежните велат дека е потребна масовна имунизација за да се стекне колективен имунитет. Граѓаните ќе добиваат сертификат доколку прележале Ковид-19 во последните девет месеци и се регистрирни како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата вакцинација.мк. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство. Според најновите податоци на здравствените лица, за да се спречи ширењето...

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ ОХРИД: Георгиески да се вразуми, неговата понизност кон СДСМ ја плаќаат граѓаните

ОК Вмро Дпмне Охрид со соопштение до јавноста. „Георгиески е синоним за урбан хаос, селективност и партиски вработувања. Иако е во тек оглас за 16 нови вработувања, Георгиески предлага нови 40 партиски послушници кои ќе ги вдоми во превработената Општина повторно удирајќи по џебот на охриѓани. Наместо како што вети враќање на долгот на општина Охрид и одблокирање на сметката, решавање на горливите проблеми, охриѓани добија повисоки сметки за плаќање, урбан хаос, неуредени и неисчистени плажи, уништена туристичка сезона, раскопани улици, депонии и ѓубре низ целиот град. Цел мандат на Власта...

Continue reading

Граѓаните ја загадуваат Оровничка плажа

На патниот правец Охрид-Струга се наоѓа Оровничка плажа. Жител на Дебарца ни испрати слики со коментар дека на плажата постојано има ѓубре и е обрасната со трева. Oд Јавното комунално претрпијатие Дебрца велат дека потегот постојано се чисти, но мора да се зголеми еколошката свест на граѓаните. Во рамки на проектот „Ти си твојот град“ кој го спроведува ТВМ Телевизија, жител на Дебрца ни испрати слики од Оровничка плажа која се наоѓа на патниот правец Охрид- Струга, со реакција дека плажата е постојано со ѓубре и обрасната со коров. За ова прашање се обративме до Јавното комунално...

Continue reading

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Петок 18-ти јуни, ден пред празникот Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), петок, 18-ти јуни, ден пред празникот Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

Continue reading

Хотелите се пријавија, на ред се граѓаните за ваучер од 200 евра за летен одмор

Заврши јавниот повик за хотелите и туристичките агенции кои претстојнава сезона ќе бидат опфатени во помошта на Владата за справување со последиците од корона пандемијата преку доделување на ваучери за туризам. Право на учество имаа сите категоризирани угостителски објекти за сместување кои се лиценцирани и се во туристичките центри во земјава, како и туристичките агенции со „А“ лиценца. Хотелиерите тријат раце, бидејќи токму во пријавените туристички капацитети ќе завршат средствата од овогодишните ваучери за туризам, кои пак сега ќе бидат во износ од двесте евра. Минатата година се искористија...

Continue reading

Mедијаторството бавно се прифаќа од граѓаните и бизнис заедницата

Напредок има, но сеуште сме далеку зад Европските земји во примената на медијацијата при решавање на споровите. Во последните 5 години со посредство на медијација најмногу решени спорови имало во делот на работните односи. Медијаторството како алтернативен начин на мирно решавање на споровите е непознаница за граѓаните и бизнис заедницата. Законот за медијација се применува од 2006 година и кај нас споро се прифаќаат неговите бенефити и сме сеуште далеку зад Еврпските земји во примената на медијацијата, вели д-р Јелисавета Георгиева Јовеска, лиценциран медијатор и потпретседател на Стопанската...

Continue reading

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА МОДЕРЕН СИСТЕМ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ- ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ЗА 2021 ГОДИНА

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2021 година објавува: Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2021 година објавува: ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2021 година Опис на Јавниот повик Општина Охрид , со цел да ги стимулира жителите на општина...

Continue reading

Започнува со работа Канцеларија за средба со граѓаните на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Петковска и Пецаков

Канцеларијата се наоѓа во старата зграда на ЈП Градски пазар. Од денеска, 12 март започнува со работа Канцеларијата за средба со граѓаните на пратениците од ВМРО ДПМНЕ Лидија Петковска и Кирил Пецаков. Канцеларијата се наоѓа во старата зграда ЈП Градски пазар. Во канцеларијата ќе работи асистент , 5 денови во неделата,преку кого ќе може граѓаните однапред да закажуваат средби со пратениците. „Во Канцеларијата ќе остваруваме средби со граѓаните на Охрид при што ќе можат да дадат свои предлози и идеи подобрување на условите во нашиот град. Ние преку амандмани или предлози ќе можеме сите тие нивни...

Continue reading

Граѓаните на Охрид и Струга ќе ја добијат првата сметка од новото државно ЈП „Колекторски систем“

Не станува збор за дополнителен трошок туку за издвојување на нова сметка на износ кој досега граѓаните и фирмите го плаќаа во сметките од водовод, објаснува Никола Галиот – раководител на наплата во ЈП Колекторски систем. Почнувајќи од  денеска сите физички и правни лица на подрачјето на општините Охрид и Струга ќе ја добијат првата сметки од  новото државно ЈП „Колекторски систем“- Скопје. Согласно статутот на претпријатието и согласно решението на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги од денеска започнавме со дистрибуција на фактурите на сите правни и физички лица до нивната адреса...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top