Ознака: граѓаните

sednica sovet

Намалени цените за откоп и закоп

Post Views: 6 Граѓаните на Охрид ќе плаќаат помалку за ископ и закоп. На денешната седница на Советот на општина Охрид, советниците дадоа зелено светло на Предлог – одлуката за давање согласност за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Погребни услуги“. В. Д. директорот Мите Здравески во врска намалувањето на цената за оваа услуга, рече дека претпријатието преферира да ги штити интересите на граѓаните посебно во овие моменти кога се соочуваме со тешка економска криза. Тој додаде, дека простор за намалување на цените...

Continue reading

jazz inn

Џез Инн и натаму јаболко на раздорот

Post Views: 0 Двата мирни протести кои речиси симултано се случуваа минатиот Петок спроти Сабота не ги оставија рамнодушни ниту сопствениците на клубот, ниту протестантите. По првичните обвинувања од сопствениците на Џез Ин упатени кон Љупчо поп Стефанија, еден од учесниците во протестот, сега со реакција се јави и самиот поп Стефанија. Во неговиот допис се вели: „Сакам да напомнам дека јас не сум организатор на протестот, туку сум еден од загрозените граѓани кои реагираат преку протест за незаконитостите предизвикани со работата на кабарето и правото на сопствен живот на граѓаните...

Continue reading

poplava

Додека се бараат надлежностите, трпат граѓаните

Post Views: 4 Зграда на улица Сатеска во населбата Далјан веќе втор ден поплавена со вода. Станарите овој проблем го заблежале уште вчераутро, по што веднаш ги известиле службите од јавните претпријатија Проаква и Нискоградба. Дури после неколку повици на местото пристигнале службите од Проаква кои само констатирале дека шиберот кој може да ја сопре водата не функционира и дека мора да биде заменет. Но проблемот на овие станари не запира тука, бидејќи вистинскиот проблем лежи во надлежноста за решавање на ваквиот дефект. Сепак додека се префрла топката од една на друга страна, во...

Continue reading

ujp

УЈП: Да се пријави издавањето на викендички, соби, скутери

Post Views: 0 Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во езерските и планински центри во Македонија и издаваат во закуп или подзакуп простории за одмор и рекреација, викендици, соби, стан или деловен простор, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, дека приходите од издавање треба да ги пријават во Управата. Поради екот на летната сезона, од УЈП ги потсетуваат граѓаните дека пријавувањето на приходите се врши во надлежната даночна канцеларија во местото каде се наоѓа имотот кој се издава, со...

Continue reading

zgardi

Легализацијата на дивоградбите, оди многу бавно

Post Views: 3 Споро оди реализација на проектот за легализација на дивоградбите. Уште нецел месец останува до 3 ти септември, последниот рок кога граѓаните можат да  достават документација за бесправно изградените објекти или дивоградбите. Во Локалната самоуправа на Охрид, досега доставени се 2160 такви барања, а решени се околу 10 до 12%. Вишиот соработник за односи со јавност во локалната, Томе Џамтоски, појасни на што се должи ваквата состојба. -Наизглед ова покажува дека е мал број, меѓутоа мора да се земе предвид дека граѓаните само за да го запазат законскиот рок до 3 ти септември...

Continue reading

toaleti

Поставени подвижни јавни тоалети

Post Views: 38 На шест локации во градот се поставени 24 јавни мобилни тоалети. Граѓаните и туристите ќе може да ги користат на локациите кај Горна Порта, во центарот на градот , во близина на мостот, кај  спортско рекреативниот центар Билјанини извори. После долго време секторот за урбанизам најде соодветни места на кои постави јавни тоалети и со тоа реши еден сериозен комунален проблем. Долго време Охрид беше град без јавни тоалети, а тоа секако  не доликува на еден туристички центар. Тоалетите иако се од привремен карактер сепак ќе го решат донекаде овој комунален недостаток....

Continue reading

mashina

Се најде лек за залениот отпад

Post Views: 8 Дополнување на уште една коцка на мозаикот на градското зеленило во градов. Покрај селектирањето на хартијата и пластиката, ЈП „Охридски Комуналец“ почна со селектирање и на зелен отпад. Тоа го прави шредер, машина набавена од Германија, за што ЈП одвои нешто повеќе од 2 000 евра, средства од сопствен буџет. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека капацитетот на машината е од 6 до 8 метри кубни преработка на зелен отпад на час. Како продукт се добива муљч, кој пак ќе се употреби за подобар изглед на градските паркови, додава тој. Ваквиот чекор е во интерес...

Continue reading

toplo vreme

Температурите се високи, но барем има каде да се ладите

Post Views: 0 Врнежливиот почеток на летово веројатно причина за потешката адаптација на моменталните високи температури. За многу кратко време се случија големи температурни промени кои негативно влијаеа посебно врз лицата со хронични заболувања. Од Центарот за јавно здравје во Охрид не информираа дека засега некои итни случаи како последица на високите температури немало, но ситуацијата постојано се следи. Покрај редовните препораки кои ги даваат лекарите во вакви ситуации, од Центарот за јавно здравје презеле уште една мерка во насока на заштита на здравјето на граѓаните. „Пуштен...

Continue reading

pres kontenjer

Изменет начинот на управување со комуналниот отпад

Post Views: 8 Прес контењери, спас од црните точки за комунален смет. Вакви контењери поставени се на проблематичните места во градов, кои на ЈП „Охридски Комуналец“, му создаваа големи проблеми. На ваквите локации досега невозможен беше пристап на нашите камиони за подигање на контењерите, вели Сашо Алче, директорот претпријатието. Додава дека поради тоа се одлучиле да го изменат начинот за управување со комунален отпад, така што тие места ги нарекле зелени острови и поставиле прес контењери. Со цел граѓаните во тој дел на градот да бидат подобро и попрецизно информирани изготвени...

Continue reading

skastreni granki

Се кастрат дрва без дозвола

Post Views: 8 Продолжува атакот на човекот врз природата. Немилосрдно, нестручно и без одобрение се сечат ретките и со закон заштитени дрвја во градов. Тоа се прави бидејќи дрвјата на некои им сметаат на видикот, на други пак им попречуваат во градежните зафати и сл. Сума сумарум личниот интерес на поединци се става во прв план, елиминирајќи го фактот дека уништувањето на градското зеленило остава трајни последици. Деновиве настрадаа неколку борови во стариод дел на градот, кое подрачје важи за строго заштитена зона. Не само што тоа е направено без потребното одобрение кое треба...

Continue reading

Proakva

Новото претпријатие за вода, ќе почека

Post Views: 9 Тргај не кини. Охрид и Струга пијат вода од една чешма, но од одделени водоводни системи. На тоа реши да стави крај градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој првично проба да ги подели водоводите на Охрид и Струга, со одлука на двата совети. Кога тоа не му тргна од рака, поради лошите односи со централната власт, во врска кредитното задолжување на МЈП „Проаква“, Петрески, направи друг чекор, формирање на ново ЈП „Водовод Охрид“ за кој изнајде соодветна законска рамка. Петрески категоричен, „ние во Охрид сметаме дека заедничкото работење на двата водоводи е на...

Continue reading

Marija Fileva Stoev

Пречистителните станици не се луксуз

Post Views: 1 Во Елшани се монтираше првата пречистителна станица на отпадни води. Со имплементација на оваа технологија сопственикот на викендичка реши не само свој  индивидуален  проблем со отпадните води туку  спречува и понатамошното колективно еколошко загадување, истакнува Марија Филева Стоев, застапник од  BWC за TOPOLWATER. Филева Стоев нагласува дека за само шест месеци од почетокот на увоз на пречистителните станици кај нас се повеќе се покажува интерес за нивно вградување. Со тоа се буди совеста кај охриѓани за важноста на екологијата и чистата вода. Биолошката пречистителна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top