Ознака: граѓаните

На удар е стандардот на граѓаните по покачувањето на цената на струја

Post Views: 17 Стандардот на граѓаните е во ризик по последното покачување на цената на електричната енергија од 7,5 посто, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на работодавачи. Во услови на пандемија и кога голем број комапнии работат со загуби, а е намалена потрошувачката , зголеувањето на цените ќе падне врз грбот на граѓаните, вели Бошков. Граѓаните секојдневно се во исчекување дали ќе има лавина од поскапувања на производите и услугите. „Во овој момент на граѓаните и општеството им е важен секој денар. Сакале да прифатиме или не, дали да шпекулираме дали е големо...

Continue reading

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ВО 2020 ГОДИНА

Post Views: 3 Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година, согласно член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година (Одлука на Советот на општина Охрид бр.08-6482/17 од 30.07.2020 год.) општина Охрид објавува ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година. Опис...

Continue reading

Форумот во заедницата во општина Вевчани ќе ја одржи четвртата форумска сесија

Post Views: 6 Форумот во заедницата во општина Вевчани ќе ја одржи четвртата форумска сесија на 27.08.2020 (четврток) од 14:30 часот во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани. Целта на Форумот во заедниците е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Граѓаните – учесници на форумот во општина Вевчани имаа можност да предлагаат идеи и да учествуваат во подготовката на предлог проекти. На претстојната, четврта, сесија – тие ќе ги изберат приоритетните проекти што ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF),...

Continue reading

razvod

Референдум за легализација на разводите во Малта

Post Views: 7 Граѓаните на Малта, каде што разводите се забранети, на референдум денеска треба да одлучат дали да се прифати разводот.Сега жителите на Малта може да се разведат само во друга земја или ако еден од брачните партнери не е државјанин на Малта и поднесе барање за развод, пренесе Би-би-си. Католичката црква и владејачката националистичка партија се против легализирањето на разводите. Нацрт-законот во Малта предвидува брачните двојки да можат да се разведуваат, откако четири години живееле разделени и ако сите членови на семејството се обезбедени. {loadposition content9}

Continue reading

Пецаков: Ќе воведеме нов систем на функционирање на Општината за решавање на проблемите на граѓаните

Post Views: 1 Мини зафатот секако треба да биде почнување на вистинско функционирање на Општината односно локалната самоуправа во Охрид, односно отворен принцип на работа во Општината, каде што граѓаните ќе ги решаваат нивните проблем, а не да биде проблем за граѓаните дополнителен, истакна Кирил Пецаков, Градоначалник на општина Охрид. Ќе има воведување на сосема еден нов систем каде што ќе има буквално следење на предмети од самиот влез во архива па се до издавањето на даночното решение какво и да е. Тоа е еден нов систем на функционирање кое што на самите граѓаните ќе му го олеснат...

Continue reading

Од утре граѓаните ќе може да ги користат ваучерите за летување

Post Views: 4 Охридските угостителски и сместувачки капацитети пријавени на платформата Дома си е дома се подготвени од утре да ги дочекаат гостите кои ќе плаќаат со ваучерите за летување. Над 100 000 граѓани ќе можат да изберат од хотелите, приватните апартмани, автокампови, одморалишта, бањи кои ги понудија своите капацитети да бидат опфатени со владина мерка како поддршка туристичкиот сектор погоден од ковидкризата. Агенцијата за туризам очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиона ноќевања, а голем удел во тој приход ќе имаат токму ваучерите. Будимир...

Continue reading

Реонски општинар на терен ќе ги слуша поплаките и забелешките на граѓаните од комуналната сфера

Post Views: 2 Во иднина доколку имате било каков проблем од комуналната сфера во вашата улица или населба , ќе можете дирекно да се пожалите на лице вработено во Општина Охрид.Општина Охрид започнува реализација на проектот“  Ваш реонски општинар“.  Со проектот Локалната власт се   доближува до  граѓаните  со цел да се   овозможи  на лице место да  се примаат   забелешки  за комуналните  проблеми  со кои тие се соочуваат , да се  увиди  состојбата на самото место односно самата улица и  да се  постапи  по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид. Со овој Проект градот...

Continue reading

Лидерите на верските заедници во земјава апелираат граѓаните да бидат поодговорни кон себе и блиските за опасноста на корана вирусот

Post Views: 6 Едногласен апел упатија денес лидерите на верските заедници во земјава до сите граѓани. Повикаа за одговорен однос кон себе си и ближните, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна по животот и здравјето. Имајќи ја предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот тие го пофалиле неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со вирусот. Според нив, најсоодветниот израз на благодарност за подвигот на здравствените работници треба да се покаже на дело – со почитување на изречените мерки од надлежните...

Continue reading

Георгиески: Се надевам дека граѓаните ќе одлучат Охрид да продолжи да се движи во правилна насока

Post Views: 7 Кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески утрово гласаше во ОСУ „Св Климент Охридски“. Георгиески на гласањето беше придружуван од својата сопруга и за медиумите изјави дека очекува граѓаните да го направат вистинскиот избор за Охрид да продолжи да се движи во правилна насока. Посакувам граѓаните на Охрид во мирна и достоинствена атмосфера да го искористат своето гласачко право и да го направат најдобриот избор за да продолжиме во Охрид заедно да реализираме уште повеќе проекти, да работиме на имплементација...

Continue reading

Загрижува верувањето дека вирусот не постои не само кај граѓаните туку и кај дел од лекарите

Post Views: 6 Лекарската Комора од земјава испраќа апел не само до граѓаните туку и до лекарите доследно да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Загрижени се што нивни колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори. Порачуваат лекарите да ја исполнат својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика. Сè друго го руши нашиот улед како фела, стои...

Continue reading

Домашните платежни картички за граѓаните ќе задоцнат 2 недели

Post Views: 2 Домашните платежни картички за граѓаните ќе задоцнат 2 недели. Ова пролонгирање се прави на барање на банкарскиот сектор. Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. Наместо да ги издадат до 3 јули, банките со новата уредба ќе имаат рок тоа да го направат до 18 јули. Пролонгирањето на рокот е на барање на банкарите...

Continue reading

Граѓаните не се задоволни од образовниот процес

Post Views: 4 Во рамките на рубриката Ти си твојот град, на стартот на учебната година ТВМ телевизија спроведе анкета. Целта на нашето истражување беше да ги согледаме условите и предизвиците во образовниот процес во регионот. На анкетата доброволно одговорија граѓани од три општини. Најголем интерес пројавија охриѓани и тоа 70%, 20% граѓани од Струга, а само 1% од општина Дебрца. Од нив 60% се мажи, а 40% жени.       Во испитувањето предничат родители, дури 77% од испитаниците се во својство на родител, се вклучи и наставниот кадар со 17 %, а најмалку односно 6% се ученици. Загрижува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top