• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пецаков: Ќе воведеме нов систем на функционирање на Општината за решавање на проблемите на граѓаните

Пецаков: Ќе воведеме нов систем на функционирање на Општината за решавање на проблемите на граѓаните

Мини зафатот секако треба да биде почнување на вистинско функционирање на Општината односно локалната самоуправа во Охрид, односно отворен принцип на работа во Општината, каде што граѓаните ќе ги решаваат нивните проблем, а не да биде проблем за граѓаните дополнителен, истакна Кирил Пецаков, Градоначалник на општина Охрид.

 |   | 

Ќе има воведување на сосема еден нов систем каде што ќе има буквално следење на предмети од самиот влез во архива па се до издавањето на даночното решение какво и да е. Тоа е еден нов систем на функционирање кое што на самите граѓаните ќе му го олеснат своето функционирање и решавање на проблемите во Општината – појасни Пецаков.

Тој додаде дека исто така има предвидено и мега проекти за Охрид.

Мега проект со кој што сакам да го обележам мандатот секако дека ќе биде решавањето на паркинг проблемот, а тоа е изградбата на катна гаража за која што документацијата е во завршна фаза. Продолжување на оние проекти кои што се од суштинско значење за Охрид во секаква смисла на зборот. Понатаму, реконструкција на плоштади и изградба на нови улици, велосипедски патеки, зголемување на зелените површини и најбитно почитување на препораките на УНЕСКО за зачувување на статусот – додава Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top