Ознака: градот

logo

Кој, како планира да ја дочека новата 2014-та година во светот?

Post Views: 8 Светот денеска се подготвува да ја дочека новата 2014 година. Еден од првите мегаполиси кој „ќе влезе“ во новата година е Сиднеј, каде градските власти најавија спектакуларен огномет во реонот околу мостот „Харбур Бриџ“ и познатата Сиднејска опера. Првпат по повеќе од десет години денеска огнометот ќе биде лансиран од подножјето на Операта. Што точно ќе биде испишано на небото со огнометот засега се чува како тајност. Целиот настан ќе чини околу шест милиони австралиски долари.Во Јапонија новата година ќе биде дочекана со биење на камбани и со фрлање на парички во храмовите....

Continue reading

Синоќа гореше во стариот дел на градот

Post Views: 4 Синоќа гореше во стариот дел на градот. Во 21часот и 25 минути во противпожарната единица пријавен е пожар на улицата „Петар Чауле“. Веднаш, седум пожарникари и три возила се упатиле на местото каде беснеела огнената стихија, но се соочиле со повеќе препреки. Најпрво возилата се обиделе да стигнат до куќата која горела преку плоштадот, но тоа било невозможно бидејќи единствениот пристап од кружниот тек бил блокиран со мотори. Втор обид бил противпожарните возила да се пробијат од улицата кај некогашната рибарница, но тука ги чекал нов предизвик. Патот бил блокиран со...

Continue reading

Struga sneg

Струга завеaна во снег

Post Views: 7 Катастрофално лоша состојба во Струга. Синоќешните обилни врнежи на снег, го блокираа градот. Повеќето на стружани се жалат на неодговорното однесување на надлежните кои треба да излезат на улица и да го отстранат снегот, а дел од нив и во иронија кажаа дека е чисто само добро треба да се погледне. Во прилог на изјавите на стружани оди и сликата која ја регистрира нашата камера. Покрај тоа што е отежнато движењето во сообраќајот, во центарот на градот се забележуваат ритчиња, кои најверојатно ги направиле граѓаните чистејќи го снегот секој од пред својот двор. На тротоарите...

Continue reading

Struga nevladini

Струга заложник на еден човек

Post Views: 0 Цел град заложник на насилието на еден човек. Вака претставниците на дел од струшкиот невладин сектор го окарактеризира последниот инцидент кој минатата недела се случи во Струга, каде беше инволвирана поголема група на учесници во вооружена престрелка. Помалку зачудувачки од нивна страна е тоа што сите тие како главен виновник за нарушувањето на јавниот ред и мир го посочија Александар Верушески, при тоа неиспуштајќи да ја вмешаат и политиката во целиот настан. Драгица Павлеска Попеска, од НВО Езерка вели дека крајно време е органите на прогонот  да заземат вистински...

Continue reading

saem

Со „Охридска вечер“ градот ќе се претстави меѓународниот саем во Белград

Post Views: 2 Охридската локална самоуправа ќе учествува на меѓународниот туристички саем во Белград. Градот ќе привлекува туристи од Србија кои се и традиционално најбројните гости на охридската ривиера. Презентацијата на нашиот туристички потенцијал ќе биде со организирање  на „Охридска вечер“ во белградски ресторан Венеција.  Три дена ќе се презентира национална македонска гастрономија, пијалоци и традиционална музика. Градот ќе се претстави и со нови туристички понуди, информира Ѓоко Апостолов од Тлер. „Охрид динамично  се развива во однос на туристичката понуда. Не се  само...

Continue reading

Skopje

Децата први на удар од смогот

Post Views: 6 Загадувањето на воздухот во скопскиот, тетовскиот, кичевскиот и битолскиот регион предизвика зголемување на тегобите кај хронично болните лица кои имаат пулмолошки или кардиоваскуларни проблеми.Како што потенцираат од скопската итна медицинска помош, деновиве, кога е актуелно загадувањето на воздухот, медицинските екипи регистрираат и од 90 до 110 јавувања во текот на едно деноноќие. – Олкав број јавувања е вообичаено за овој период од годината, бидејќи декември е карактеристичен за овие проблеми. Не очекуваме во наредните денови да има драстично зголемување на...

Continue reading

Бакрачески очекува добра туристичка сезона, но и посетеност на градот преку цела година

Post Views: 1   Јануари е најбогатиот месец со празници. За време на новогодишните, но и за повеќето верски празници, туристичкиот бисер Охрид беше преполн со туристи. Тое во суштина е и првиот показател дека на градот му претстои добра туристичка сезона за 2017 година, смета првиот човек на градот Никола Бакрачески. Статистиката на републичкиот завод како и на општинскиот Сектор за туризам покажуваат одличен тренд на бројот на ноќевања и бројот на гости кои што престојуваат во Охрид во текот на целата година, вели градоначалникот. „И тоа е нашиот концепт, нашата стратегија за развој...

Continue reading

velosipedisti

Протест на 1000 велосипедисти во Лондон

Post Views: 3 Повеќе од 1.000 велосипедисти се собраа во Лондон пред седиштето за транспорт во петокот за да протестираат за она што тие велат дека е опасна транспортна инфраструктура во градот. Протестот доаѓа после лош месец за Лондонските велосипедисти: во само две недели, шест велосипедисти биле убиени после судар со моторни возила, предизвикувајќи вознемиреност и повици за промена на заедницата за велосипедизам на градот. Сепак, никој од официјалните лице досега не стапил во контакт со масовно организираните протести, додека граоначалникот Борис Џонсон одговорил на кризата со...

Continue reading

policija

Ласерски радари за „лов“ на несовесни возачи

Post Views: 1 Нов ласерски радар користеле полицајците од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај – Тетово при контролите на брзината со која се движат возилата во градот и на регионалниот пат Тетово-Волковија, во  Брвеница во изминатиот викенд, информира портпаролот на СВР – Тетово Марјан Јосифовски. – При саботните неколкучасовни контроли во Брвеница биле констатирани пет пречекорувања на дозволената брзина и три други прекршоци, како управување без возачка дозвола, управување со дозвола од друго лице и непоседување дозвола. Утврдените прекршоци...

Continue reading

Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет

Post Views: 4 Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет од домаќинствата. Мештаните уште вчера утрото го извадија сметот од своите домови за ЈП „Комуналец“ да го подигне како што е предвидено со програмата за подигање на отпад во која стои дека понеделник и четврток се  денови одредени за тоа, но камионот на „Комуналец“ не помина вчера. Сметот не беше подигнат ниту утрово па кучиња и мачки го разнесуваа по улицата. Токму денес од ЈП „Комуналец“ не информираа дека имале мал технички дефект на едното возило и задоцнале да го подигнат отпадот. Сега е веќе...

Continue reading

НОВИ КЛУПИ ЗА СЕДЕЊЕ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Post Views: 2 Како дел од активностите кои ги презема Општина Охрид за обновување на урбаната опрема, деновиве се врши поставувањето на нови клупи за седење на неколку локации во градот. Извршена е замена на старите и дотраени клупи во „Холандскиот парк“ и во паркот помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Јане Сандански“. Денеска се вршеше поставување на нови клупи во паркот „Билјанини извори“, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени нови клупи за седење на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во паркот покрај градскиот кеј, во стариот дел на градот и на неколку други јавни...

Continue reading

Skopje

Германски „Der Spiegel“: Скопје се претвора во “грандиозен историски кич”

Post Views: 4 Германскиот весник Der Spiegel пишува дека на Македонија, поради изградбата и реализацијата на престижни проекти при реконструирањето на Скопје и се заканува колапс. Во текстот е наведено дека Скопје има нов споменик од Александар Македонски, кој чини 10,5 милиони евра. “Споменикот се издигнува на 30 метри во висина, а се наоѓа во самото срце на градот. Многу е автентичен, како репликата на Големиот канал во Лас Вегас. Блиску до тој споменик се наоѓаат и други јунаци од македонската историја. На другата страна на Вардар, на влезот на стариот град, се наоѓа споменик...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top