Ознака: гости

Повеќе австриски гости во Охрид и Македонија од идната сезона

Post Views: 1 Повеќе гости од Австрија се очекуваат во Охрид и земјава од идната сезона. Ова е  договорено на саемот во Ветманштат-Австрија каде што е потпишан меморандум за соработка помеѓу   општина Охрид и Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен”. Посетата во Австрија се реализира на лична покана од Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен” до градоначалникот Бакрачески. Австриските  туристи кои досега на Балканот доѓаа преку кружни тури, покажале  особен интерес за посета само на Охрид и Македонија, кажува Бакрачески. „ Она што е важно за нас е тоа што...

Continue reading

hotel Drim

Велигденските празници донесоа многу гости во Струга

Post Views: 3 Со велигденските празници започна и туристичката сезона во Струга. За продолжениот празничен викенд градов е полн со гости од земјава но и странство. Хотелските капацитети во струшкиот регион се полни повеќе од половина, задоволно кажуваат угостителските работници. „Во хотел имаме гости од САД, Бугарија, Албанија и  Грција. За овие неколку дена, сместувачкиот капацитет е исполнет околку 65%. За почеток сме задоволни“-вели Љурзим Бакал, менаџер во „АД.Хотел Дрим“. Од стартот на сезоната се задоволни и  продавачите на сувенири по градот. Велат дека прометот направен  од...

Continue reading

директор

Кристијан Џамбазовски нов директор на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот

Post Views: 0 Агенцијата за развој и поддршка на туризмот доби нов директор. На чело на оваа Агенција, а на местото на досегашниот директор Јордан Трајков,  сега е назначен Кристијан Џамбазовски. По  пет месеци од поднесувањето на оставка на Јордан Трајков, сега туристичката фела во регионов  очекува нов ветар на позитивни промени. Претседателот на Хотам, а воедно и член на Советот на Агенцијата, Дончо Танески укажува на досегашното ниско ниво на соработка со екс директорт Трајков, на слабата реалицазија на плановите, лошите ефекти и слабиот бенефит во туризмот. „Во февруари и март...

Continue reading

TIB

Инфо центарот на влезот од Охрид нити се дилоцира нити проработе

Post Views: 4 Инфо центарот на влезот од Охрид нити се дилоцира нити проработе. Оваа сезона инфо центарот на влезот од Охрид нити се дислоцира нити проработе. Инфо центарот на северниот влез во градот со тоа потврди дека е пропадната инвестиција. Затворена врата, искршена табла и запуштена околина е сликата која ги дочекува гостите кои доаѓаат во Охрид , но доколку  го забележат. Според раководството на Тлер инфо центарот мината сезона не го оправдал очекуваниот ефект. Воопшто не бил посетуван од гостите што покажало дека не е исплатливо да се стави во функција оваа туристичка сезона....

Continue reading

ohrid noke

Нова сезона, стари маки за жителите од стариот дел на Охрид

Post Views: 8 Жителите на Стар Град и годинава се жалат дека немаат мирен сон. Од Советот на Урбаната заедница Стар град упатено е писмо до градоначалникот и советот на град Охрид, во кое реагираат дека сопствениците на угостителски објекти не ги почитуваат одлуките и законите.  Граѓаните реагираат на бучавата која доаѓала од таканаречената “Ајван плажа” за која пишуваат дека не знаат дали е плажа , кафе барови или ноќни клубови ,но и од бродовите кои возат гости во вечерни прошетки. Граѓаните укажуваат и на поставувањето на жардињери, маси и прегради кому каде ќе му текне,...

Continue reading

gosti

Со податоците за посетеноста на Охрид и понатаму ќе се нагаѓа

Post Views: 2 Во моментов охридските туристички работници немаат методологија за  одредување точна бројка на гости кои престојуваат на крајбрежјето. Податоците за бројот на посетители подолго време се кажуваат  според слободна проценка. Ваквиот недостаток најчесто е пропратен со паушални информации за бројот на гостите и бројот на остварени ноќевања, а  може да се реши со мрежен софтвер кој го има Тлер ,а покрај  Локалната самоуправа  ќе бидат вклучени  Управата за приходи и СВР Охрид, велат од секторот на   ТЛЕР. За имплементација на  овој софтвер, се чека зелено светло од МВР веќе...

Continue reading

vodovod mreza

Се поставува водоводна мрежа во населбата Рача пред стартот на туристичката сезона

Post Views: 2 Градежни зафати врз водоводната мрежа во населбата на потег Рача и Горица  ги разлути тамошните станоиздавачи. Со изведување на земјените ископи се затвара приодот кон дел од апартманите во населбата, а станоиздавачите на објектите кои очекуваат гости сега стравуваат дека ќе им  бидат откажани резервациите.  Со нетрпение ја очекувавме туристичката сезона,  а сега со овие зафати пред самиот  почетокот на сезоната  ќе останаме без гости, стравуваат станоиздавачите. Тие  се прашуваат кој ќе сноси одговорноста за нивната штета.   А Локалната самоуправа  на овој потег поставува...

Continue reading

fff

Фестивалот на францускиот филм со симпатии проследен во Охрид

Post Views: 6 Фестивалот на францускиот филм со симпатии проследен  во Охрид Црвениот тепих пред Центарот за култура, синоќа, сепак беше распослан за традиционално, по 6 -ти пат  да ги дочека француските филмаџии и љубителите на францускиот филм.  Со проекција на филмот Ангела и Тони започна вториот дел на фестивалот на францускиот филм во Охрид по свеченото отварање во Скопје. Фестивалот го отворија охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Ауер, а гости беа претставници од Каен, Нормандија,со кои Охрид има кулурни врски, режисерката...

Continue reading

sv naum

Се средува хаосот со таканаречените туристички водичи во Охрид

Post Views: 0 Општинскиот инспекторат со засилени контроли за сузбивање на појавата на нелегални туристички водичи. Досега не е изречена глоба, што значи дека не е најден нелегален водич вели, раководителот на инспекторатот Танас Танасоски. Додава дека инспекторите постојано се на терен, посебно на најпосетуваните пунктови во градов од страна на домашните и странски гости. „ Се контролира најмногу стариот дел на градот, Св Наум, Заливот на коските. Овие локации се под најголем надзор од страна на нашите инспектори. Очекувам оваа година и ние како инспекторат но и туристичките водичи...

Continue reading

sostanok

Донесени мерките за поуспешна туристичка сезона

Post Views: 1   ТЛЕР, СВР, пазарната инспекција и УЈП седнаа на маса каде ги договрија заедничките мерки што ќе се преземат за подобра туристичка сезона. Како што истакна секретарот на општината, Димитар Спасески, Локалната има тенденција да развива елитен туризам врз основа на сите европски стандарди. Тој додаде дека интензивно се работи софтверски да се поврзат сите релевантни институции како би се имало увид колку гости доаѓаат во градов и каде се сместени. Ќе се работи и на решавање на проблемите со дивите станоиздавачи и викенд становите. Општа проценка е дека во градов има...

Continue reading

turisti

Првомајските и Велигдeнските празници го наполнаа Охрид

Post Views: 1 „Ако кажеме дека по утрото се познава денот , тогаш ова е утрото на Охрид, а денот е пред нас, а благодарение на вакво утро се надеваме на добра сезона“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Тој открива дека групите кои во моментов се во Охрид се претежно минатогодишни гости во Македонија и тоа од Финска и Данска. Јузмески додава дека годинава имаме повеќе гости од Данска, туристи кои се окарактеризирани како авантуристички настрени и за кои најпривлечни се најновите туристички атракции кои ги нудиме, „Велосипедските тури“,  преку Галичица  до ресен и назад. Покрај...

Continue reading

rabotilnica

Огрлици, привезоци, белегзии и друг рачно изработен накит неделава ќе може да се купи на градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 5 Огрлици, привезоци, белегзии и друг рачно изработен накит неделава ќе може да се купи на градскиот плоштад во Охрид. Овие уникатни парчиња се изработени од страна на инавалидизираните лица од Охрид, Скопје и пет општини од Војводина. Домакин на оваа креативна работилница е здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца, „Мобилност“, вели Венко Голабовски, неговиот претседател. Организатор на оваа работилница е здружението „Мобилност“ од Скопје. Во Охрид ја организираат прв пат, а во Скопје една веќе се одржала минатата година. Деан Ѓоргиевски, претседателот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top