Кристијан Џамбазовски нов директор на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот

Кристијан Џамбазовски нов директор на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот.

 |  Валентина Неловска  | 
директор
директор

Агенцијата за развој и поддршка на туризмот доби нов директор. На чело на оваа Агенција, а на местото на досегашниот директор Јордан Трајков,  сега е назначен Кристијан Џамбазовски. По  пет месеци од поднесувањето на оставка на Јордан Трајков, сега туристичката фела во регионов  очекува нов ветар на позитивни промени. Претседателот на Хотам, а воедно и член на Советот на Агенцијата, Дончо Танески укажува на досегашното ниско ниво на соработка со екс директорт Трајков, на слабата реалицазија на плановите, лошите ефекти и слабиот бенефит во туризмот.

„Во февруари и март ние како Здружение благовремено  предупредувавме  за ова што ни се случува денес, намален број на туристи и летови, намален број на чартер гости од Бенелукс. Се потврдува при крај на сезоната помал број на гости од лани, но остануваат уште 30 дена па ќе видиме  колкав ќе е бројот.“
Кристијан Џ.
Танески посочува на игнорантскиот однос на Трајков кон туристичките субјекти, а посебно кон членовите Советот.  Во една година не се ни обидел да го свика Советот и да го брифира за Програмата и буџетот на Агенцијата за наредната 2014 година. Негов последен напор да го свика Советот бил некаде пред крај  на  неговото заминување, вели Танески.

„ На 3 дена пред состанокот на Советот ни ја испрати Програмата со активности и Буџетот проектиран на 8 милиони евра за наредната година. На 24 часа пред одржувањето на состанокот буџетот претрпе измена и ни испрати нов предлог буџет, со активности и трошоци, но со една третина помалку од претходно, но заборавил да избрише дека тоа е Прогарамата за 2013 година. Работеле неодговорно и со последниот потег тоа го докажува“.

Претставници од Советот на Агенцијата  и вработените од струшката канцеларија веќе оствариле средба со новиот директор Кристијан Џамбазовски. Од него  очекуваат добра соработка и подобри ефекти во туризмот.  Нивните сериозни забелешки кои се однесуваат на недостатоците во Програмата и Буџетот на Агенцијата  за развој и поддршка на туризмот за следната 2014 година се надеваат дека ќе бидат корегирани, а согласно на тоа ќе има поефикасна програма од која се очекува и поголем бенефит во туристичката индустрија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top