Ознака: гости

Охрид

Хотелиерите не задоволни од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Post Views: 0 На 27 април во Охрид пристигнува првиот чартер лет со холандски гости, а на охридскиот аеродром ќе пристигаат се до крајот на октомври. Од Хотам очекуваат дека и оваа Летна сезона 2013 ќе се задржи ланската бројка од  20.000  странски гости од Бенелукс. Асоцијацијата Хотам  не е задоволна од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, напоменува Дончо Танески претседателот на  Хотам. Нема нити еден конкретен резултат или инфорација oд одржаните  саемски манифестации. Туристичките промоции на земјава на саемите се одржуваа на полупразни штандови, со исклучок...

Continue reading

tvrdina

Вложените пари во субвенциите за странски гости се исплатија

Post Views: 11 За летна сезона  2013 Владата најавува зголемување на износот на име субвенции со кој ќе се привлекуваат странските гости. За субвенционирање на тур операторите и туристичките агенции ќе обезбедат  60 милиони денари, најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Лани по основ девизен прилив од туризмот  биле остварени 122,3 милиони денари.  Покрај досегашната финансиска поддршка за тур операторите од Холандија и Белгија, субвенциите сега се прошируваат и за уште девет нови држави. Годинава субвенции ќе се исплаќаат и за тур-операторите од Скандинавските земји, Русија,...

Continue reading

легалзиација

Бројот на посетители во Охрид повторно се „ тресе“ од ракав

Post Views: 1 На охридската ривиера во мал број се присутни странските туристи кои го слават  католичкиот Велигден. Оваа констатција се извлекува од поединечните контакти со хотелиерите. Во повеќето хотели од конатктите со менаџерите за продажба информираат дека или воопшто немаат гости  или пак имаат помали групи на посетители. Од хотел Инекс Горица информираат дека немаат гости за католичкиот празник. Исто така и од Гранит кажа дека нивните капацитети останале празни. Во иста ситуација се и хотелите Метропол и Белви. Во моментов и од хотел Гарден кратко изјавија дека имаат помала...

Continue reading

jovan babace

Јован Бабаче најсреќен од сите

Post Views: 17 Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст. Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде. Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари...

Continue reading

gerijatrija

Охридска геријатрија полна со гости

Post Views: 4 Пити и погачи од домашната кујна на охридските пензионерки, како и топли обувки денес пристигнаа на одделението на геријатрија при Општа болница Охрид. Ова е гест на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, кои и годинава по повод празниците, традиционално ги посетија старите лица кои се сместени на ова одделение. „Традиционално како и секоја година доаѓаме овде кај нашите колеги и колешки пензионери да им ја честитаме Новата година и Божиќните празници, со скромни подароци и со по нешто од нашите кујни и да им посакаме добро здравје и добро да се држат додека...

Continue reading

Nova godina

Каде за Нова година?

Post Views: 0 Се ситнат деновите до најлудата ноќ во годината. Новата година која некогаш сите со нетрпение ја очекуваа, сега некако губи на интензитет и жар кај граѓаните. Сепак сите ја прославуваат на овој или оној начин. Излеговме помеѓу охриѓани да запрашаме каде тие ќе ја поминат најлудата ноќ? Дали тоа ќе биде некој хотел, ресторан, кафе бар или нешто друго? „Дома, нема пари, скапо е прескапо. Се нема, толку е!“ „Дома. Со мали деца сме.“ „Скопје, некаде, Штип, лево-десно, Парк.“ „Никаде…“-рекоа дел од нив. Хотелиерите пак интензивно се подготвуваат и за Дочекот, и за празничниот...

Continue reading

Gjorgoski kum Vodici

Избран новиот кум на „Водици“

Post Views: 6 Стојан Ѓоргоски е новиот кум на „Водици“. Оваа најмасовна верска манифестација со огромна традиција, години наназад собира огромна толпа на верници, почитувачи, туристи, и од државава, но и од соседството. На свечената седница на Здружението за целосна афирмација на МПЦ, „Богојавление“, едногласно беше избрана апликацијата на нашиот сограѓанин Стојан Ѓоргоски за кум на „Водици 2013“. Ѓоргоски е познат бизнисмен и претприемач од Охрид, сопственик на претпријатието за сателитски антени „Зора“. При соопштувањето за добиеното кумство, Ѓоргоски и неговата сопруга, беа очигледно...

Continue reading

Plaoshnik

Во Охрид конечно туристи со подлабок џеб

Post Views: 3 Охридските угостители задоволни од изминатата летна  сезона. Покрај холанѓаните и финците , Охрид ова лето го посетиле гости од сите делови на светот, вели познатиот охридски угостител Димитар Пендов.  Со оглед  на светската рецесија и економската криза во Македонија,  задоволни сме од Лето 2012 иако можеше секогаш да биде и подобро, посочува Пендов. „Има некој процеси во охридксиот туризам што се за поздравување. Можеби бројот на гостите не се зголеми туку се зголеми квалитетот на гости. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи“. За да продолжи сегашниот  тренд, напоменува...

Continue reading

vodici

Манифестацијата „Водици 2013“ со почесен строј и охридска гарда

Post Views: 6   На манифестацијата „Водици“ да има почесен строј и охридска  гарда. Ова е идеја на здружението „Богојавление“ која датира уште од поодамна, но досега не е реализирана. Потпредсадателот на ова здружение, Митко Пендов вели дека заедно со Министерството за култура и Локалната самоуправа имаат намера да распишат конкурс за униформа на охридска гарда која ќе биде препознатлива и ќе ги содржи симболите на Охрид низ вековите. Оваа гарда би се користела и за други манифестации кои ќе се одржуваат во градов. Ова здружение подготвува и други новини со кои ќе привлече гости не...

Continue reading

охрид

Странците побројни гости во Охрид

Post Views: 7 Туристичката сезона 2012 за охриѓани и не била така црна и неуспешна, покажуваат најновите обработени показатели од инспекцијата за туризам. Во  деветте месеци од оваа година Охрид го посетиле повеќе  туристи во однос на истиот период од минатата година.  Во 2011 година биле реализирани 427.000 ноќевања, додека во 2012 оваа бројка е 453.000. Мора да напоменеме дека за прв пат се среќаваме со зголемен број странски гости кои престојувале на охридското крајбрежје, вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски. „ Домашните  гости оствариле 171 .740 ноќевање,...

Continue reading

sekula batkoski

Охрид домаќин на конференција на европските туристички училишта

Post Views: 15 Течат завршните подготвки за одржување на  25 -та конференција на Асоцијацијата на туристичките училишта и вишите школи  од Европа. Од утре до  12 октомври  Охрид ќе биде домаќин на средбата на која  се очекуваат 600-тина гости од 30 европски земји. Организатор  на конференцијата е  скопското  туристичко училиште „Лазар Танев“ , а голема логистика и поддршка има од охридското туристичко училиште „Ванчо Питошески“, информира  директорот на ова училиште, Секула Баткоски. „ Добро е за Охрид да се донесат гости, а ќе се афримира туризмот, Охрид и Македонија. Сликата за...

Continue reading

blato

Студенчишкото блато, нова туристичка понуда

Post Views: 1   На повидок е нова туристичка понуда на Охрид. Студенчишкото блато  кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува на почетокот на Октомври кога ќе се постават границите на блатото и ќе започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото. Планирано е во овој природен резерват...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top